Имав една нај другарка што се вели,барем јас така мислев..Дојде ден да се запишеме на факултет,запозна таму нови другарки и некако се оддалечи.Ми беше криво одреден период,ама сфатив дека секој си е виновен само за своите постапки.Што се однесува до мене,мојата совест е чиста,таа не може да ме погледне во очи,што значи си ја има мувата на капата.
Мене ме нема издадено другарка ми никогаш а и сум сигурна дека нема да ме издаде. Толку многу сме блиски и секогаш си кажуваме тајни. Само нејзе и ги кажувам тајните на друг не само нејзе и верувам иако имам и други другарки но тајни и кажувам само на една на која и верувам многу.
Имав и јас една ваква другарка. Заедно учевме во средно. Бевме многу блиски. Преку неа го запознав маж ми. Проблемот настана откако она сфати каков е маж ми, за разлика од нејзиниот тогашен дечко кој беше гола вода во споредба со мојот. Почнав да ја забележувам нејзината љубомора која секој ден се повеќе растеше. Наоѓаше изговори да излегуваме секогаш во пар. За на крај да излезе дека сака да ми го преземе дечкото. Имаше многу голема желба да има секс со маж ми (тогаш дечко). Нејзиниот не ја задоволуваше во кревет. Прекинав контакти со неа.