Уху.....моја тема Имав 2 другарки на далечина. Една (моја многу добра другарка со која се знам уште од забавиште) се исели привремено, на четири години. Далечината не делуваше воопшто на нашето пријателство, напротив-контактиравме многу често, блискоста помеѓу нас само се продлабочи. Кога се врати станавме уште поблиски, и така е до денес. Вели дека додека била таму и се проретчиле пријателите и дека тие луѓе кои останале покрај неа во тие тешки моемнти, до ден денес се во нејзино опкружување и постојан контакт. Другите не продолжиле да комуницираат со неа откако се врати. Е сега....најдобрата другарка ми се исели во странство, for good. Одамна, веќе 12 години. И апсолутно ништо не се промени. Тешко ми беше на почетокот, признавам. Но се навикнав со тек на време. Си останавме блиски, контактираме постојано, кога доаѓа во Македонија нон-стоп сме заедно....Ниту таа се променила, ниту пак јас сум се променила. Дури можам да кажам дека последниве неколку години може сме и поблиски од претходно. Знам дека што и да се случи, колку и да живееме далеку, нема да престанеме да контактираме, и нема да се изгуби блискоста меѓу нас. Едноставно, гордост ми е што токму таа прекрасна личност можам да ја наречам моја најдобра другарка, зашто знам дека така ќе остане барем во следните 30-40 години Мислам дека многу зависи од блискоста која била пред иселувањето, и до искреноста. Тешко е некој толку близок да ти е далеку. Тешко ми е кога сакам нешто да и се пожалам, да и се пофалам.....Затоа тука интернетот бајаги врши работа , а богами си го дозволувам понекогаш луксузот да и се јавам и да ја чујам- еден телефонски разговор (кој во моментот кога и се јавувам многу ми значи) во неколку месеци нема значајно да ја промени мојата финансиска состојба.
Meне вистинската личност која си ја сакам како сестра не е до мене . Се гледаме 2 пати на годината...Цел летен распуст сме заедно во нејзиниот град ( Охрид) , а таа доаѓа овде во зима . Сега студира во Скопје и е премногу зафатена со обврски . Ако , не и замерувам јас дај Боже да си постигни успех со факултетот па да се радуваме заедно после за нејзиниот просек па и за вработување. Во многу работи сме слични ... Понекогаш имам чувство дека ни сестра ми не ме разбира толку добро како таа. Се радувам што ќе ја посетам наредната недела макар и на тие 3 часа таму , бидејќи неможам повеќе , и знам , сигурна сум дека тие 3 сати ќе се отепаме од плачење двете.. .Нема ден да не ми стигни порака од неа како си го поминала денот , со кој пиела кафе , како си поминала на факултет...Понекогаш ми се јавува само за да се испразни , да ми ги каже работите кои и лежат на срце , а неможе да им ги каже на цимерките или некој друг .. Тоа е една од оние личности за кои ви кжував дека очите и се бистри како на срна, чисти ... Мене ми беше роденден пред скоро 3 недели и ми се јави да ми честита нормално ..ми рече да и раскажам се до детал .. јас кажував и кажував...после раскажувањето настана една непријатна тишина од двете страни , истото го мислевме..После одприлика 10 секунди ми рече дека и е мило што сум си поминала супер, не сакаше да се нервирам уште толку што не е тука ... Неа па вчера и беше роденден , ми кажуваше како колешките на факултет и приредиле изненадување ... Барем мило ми е на матура што и бев ... Колку и да ме пецкаат очите кога мислам на неа сето исчезнува кога ќе помислам дека наредната година ова време ќе бидиме заедно ако даде Господ, таму планирам да си го продолжам образованието ...
Оваа година запознав едно девојче преку интернет, и многу се здруживме има таа роднини во град блиску до мојот, и ова година беше кај мене 2дена, јас бев кај нејзините роднини, излегувавме, се дружевме. Супер ни беше. И сеа пак контактираме, исто како да сме секој ден заедно, се' знаеме, ама не е тоа - тоа. Мене од дома не ми дозволуваат да идам кај неа на неколку дена, бидејќи е далеку. Ептен ми е тешко, многу сакам да сме заедно .. Ама за време на распусти, одмори заедно ќе сме
Од мое лично искуство ви кажувам дека другарството може да опстои и на далечина. Затоа што останав долги години во близок контакт со мојата најдобра другарка од детството. Таа со своите родители 1991 година замина во странство но ние останавме во контакт така што секогаш се допишувавме со писма(во тоа време само тој начин го имаше.) Денеска техниката оди напред, тука се фиксните и мобилните телефони, како и компијутерите. Со радост го чекам секој нејзин мејл. Таа ги знае сите мои таги и радости како што ги знам и јас нејзините. Од тогаш сме се виделе само еднаш , ама никогаш не престанавме да се слушаме.......... Таа остана засекогаш мојата најдобра и најверна другарка. На мојте деца секогаш им зборувам дека многу е убаво да имаш пријатека со која можеш да ги споделиш сите радости и проблеми, но за жал во ова време тоа навистина е голема реткост.
Имам другар кој студира и работи во Америка. Додека е таму не си пишуваме многу често ама иако не си пишуваме толку сепак не се забораваме и штом дојде обавезно се гледаме и средбите се долги, си кажуваме што е ново, што се случува... Еве веќе 5 години функционираме така.
Факт е дека далечината си го прави своето, имам многу другарки кои заминаа во странство и контактите се сведуваат повремено на фб. Ретко доаѓаат, не се гледаме и едноставно се оддалечуваме. Тоа е реалноста.
Околу 4 години се дружам со едно девојче од Србија. Се запознавме во Охрид на плажа и оттогаш се здруживме. Секое лето доаѓа и се гледаме, а вака во текот на годината нон-стоп си збориме дали на камера дали на соц. мрежи. Ептен сме ,,во тек” со животите една на друга.Честопати знам да ѝ се јавам и да побарам совет или мислење од нејзе за некоја ситуација затоа што е доста упатена во мојот живот, а бидејќи знае само 2-3 мои другарки лично, може пообјективен совет да ми даде од некој од овде. Ептен ја сакам и ми значи како другарка.Секое лето кога се разделуваме квичам како дете некое.. Би сакал почесто да се гледаме. Зимските распусти нѝ беа тотално во различен период, а преку лето не седи повеќе од 7 дена, што ми е највеќе криво. 7 дена од 365 се малку. Себично викам дека се малку.
Немам другарки на далечина. Имав само една, со која се дружевме многу пред да се преселат во Германија. Откако се преселија се слушавме на камера ама многу ретко и тоа. Лани лето кога дојде, не сакаше да се дружиме и постојано кога ќе и кажев да дојде, таа измислуваше секогаш по нешто. И на крај престанав да ја барам, не се ни поздравивме кога си отиде и така, сега немаме никаков контакт.