Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарство после врска? Да или не?

Дискусија во 'Сингл' започната од lady19, 11 септември 2011.

  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Па малку потешко . Да сме биле дотолку добри пријатели веројатно и повеке ќе сме успеале на љубовно поле :)
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Нема шанси, мене тоа не ми личи нормално. Им се чудам на таквите примери. Денес се сакаме, делиме интимност и се, а утре сме другари кои си кажуваат едни на други за дечковците/девојките. :fubar: Ако постоело љубов, ќе ме боли и само да го видам, ќе се потсеќам на се што сме поминале заедно и на тоа дека не сме успеале, а не па да бидам другарка со него. Знам еден куп вакви примери, да, ама јас нив ги сметам за премногу "измодернизирани". Или ептен ништо не ти значело тоа што сте го имале, т.е. немало љубов, а приоритет ти е да го задржиш како другар. Но, јас ни во тој случај не сакам да ги мешам тие два поима заедно.
     
    На Schmetterling4 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Според мене, не бива. Ќе се преправаат и двајцата ко демек се е у ред и сега се добри другари а пред тоа имале секакви интимни моменти. Едноставно, мислам дека е многу чудно и непријатно така. Јас лично не би останала другарка со бивши дечко, освен ако е некој што е бил за безврска :D
     
  4. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Ма какво другарство какви заебанции... Да, зависи зашто прекинала врската, ако исчезнале емоциите од двете страни и човечки се разделиле, можеби би останале во некој нормален однос на двајца кои некогаш нешто делеле заедно. А ако е болно раскинување, не ја гледам потребата да продолжам да комуницирам со таква личност. Јас прекинав без размислување 4-годишна врска поради тоа што дознав дека ме изневерил. Тој инсистира да сме останале во добар однос и да не сме си вртеле глава кога ќе се видиме. Не бе дечко, во текот на врската ти не си ме почитувал со тоа што си отишол со друга, а не па сега кога сме никој и ништо јас да те почитувам тебе. Ајт фуј!!! Секој на своја страна, немам потреба здраво да му кажам, ниту пак да го прашам како е, а камоли па другарски однос да имаме... глупост чиста според мене.
     
    На Decapitated.Hanna и Elena69221 им се допаѓа ова.
  5. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Според мене постои другарство после врска. Бидејќи ја имам. Мојот некогаш бивши дечко е мојот најдобар другар. Му кажувам кој ми се допаѓа, со кој сум се мувала и тој истотака. Кога зборувам со него се чувствувам многу исполнето, се осеќам дека некој навистина ме разбира. Дури и зборуваме за нас двајцата си прераскажуваме што се сме си правеле додека сме иделе. Дека сме имале прекрасна врска која за која воопшто не сме жалеле. Од некоја страна тој сеуште има дел во моето срце. Прекрасен е навистина.

    Никогаш немаше да поверувам некој да ми кажуваше дека вака ќе биде. Но ете кога самиот се наоѓаш во таква ситуација ги сваќаш работите.
     
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    според мене доколку врската била полабава, нели колку да се каже дека биле у врска и без многу емоции-би било океј другарство.
    меѓутоа подолга врска со многу љубов и емоции и многу труд вложено во неа да успее и такви ствари (без разликата која била причината за раскинување на истата)- не би можела да останам другарка со него. секогаш кога би го видела, би посакала да го гушнам, бацам како на ист начин и кога сме иделе а знам дека не можам да го напраам тоа и тоа би ми било мн тешко.

    Подобро да ми е далеку од очи и спомените да останат такви какви што се додека сме иделе, отколку да е до мене, а да ме боли што не сме заедно :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Ако не била многу озбилна врската и ако не постојат емоции и од двете страни може да произлезе многу убаво пријателство.Но ако со некој сте биле интимни и потоа да го гледате како другар,некако не ми оди. Не сум навикната да знам како на моите другари им изгледа патката :D
     
  8. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Според мене да. Нема зошто не би била другарка и кога веќе не сме нешто повеќе тогаш сме другари.
    Понекогаш и самите друштва налагаат да си во близина со бивши , а искрено и не ми е проблем.
     
  9. Ahtaaljubov

    Ahtaaljubov Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    [​IMG]
     
    На poenta и hermosa им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас со последниот дечко еве пробав да останам пријателка ги закопавме секирите блиски бевме многу тој ја згреси работата и фино елегантно му ја манав клоцата во газот ајде барање сменат бил вака така ок можеби е не велам не но првиот наш разговор беше еве сега ти си фати дечко,јас се каам за све,па се гледал со некои само за односи па вака ни беше кога бевме заедно онака значи врти сучи работата што се вели пак се враќаме на минатото пак истото пак се вртевме во круг и по тоа видов дека едноставно неможи неможи бре луѓе до вчера све и свашта си правела со некој во кревет A денес еј кај си со си прајш добар ми си?псссс :fubar:
     
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Секако дека не!

    Сигурно дека нема да го преболиш раскинувањето ако си сеуште близок со таа личност. Или ти ако го преболиш спротивната страна нема.
    Затоа најдобро секој на своја страна.
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Искрено, незамисливо ми е!
    Да седам на кафе со некој со кој до вчера сме се гушкале и да го слушам како ми се жали дека на работа му е лошо или да ми збори за тоа како брка женски - нема шанси!!!! Ако се сретнеме во поминување има од мене едно културно здраво, краток муабет од куртоазија и ништо повеќе 8)
     
  13. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    577
    Да не се залажуваме, ова го нема во реалниот живот.
     
  14. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    НЕ. (Точка) |(
    Може и да се радувам на нејзината среќа, да ми е мило за нејзини успеси, ама другари......... НЕ.
    Подалеку од очите, подалеку од срцето.
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Може, ако не ти значел нешто кој знае колку. Но доколку била љубов во прашање, после тоа другарство не.
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Не сум за другарство после врска.
    Некои одржуваат другарско-пријателски односи.
    Таквите контакти зависат од причините за прекин на врската.Ако партнерите се разделиле пријателски и чувствата згаснале,можни се понатамошни контакти.Но,ако кај едниот партнер се уште постојат емоции,тешко може бившиот партнер да се доживее како другар.Сепак самите чувства евоцираат спомени и е потребна самоконтрола.Тоа ја отежнува ситуацијата,а и темите на дискусија се неизвесни.После поминати заеднички интимни моменти за што би разговарале :?:
    Едноставно не сум почувствувала потреба за дружење со бивш партнер.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    се согласувам со тебе и напишаното, но сепак јас мислам дека се зависи од личностите...еве за пример јас ке се земам: јас со мојот бивш дечко сме другари, иако поминале долги години откако сме раскинале, значи постои максимална почит меѓу нас, можеме да се посоветуваме за било што, да ми укаже дури на нешто што грешам имало и таква ситуација, разговорот е нормален, не е напнат, тој и денес мене ме гледа со посебен поглед, тоа не дека ме сака, тоа е почитување ништо друго-ме почитува како личност пред се и затоа нема никави недоразбирања и препукувања...секој си има нормално свој животен пат, но тоа незначи дека јас и тој кога ке се сретнеме треба да ја преминеме спротивната страна на улицата или пак завртиме главите. после откако раскинавме јас несакав да имам ни едно здраво со него и така еден период многу се избегнувавме вака кога ке се сретневме по улица, значи во очи ке сепогледневме и бегав јас од него како попарена што се вика, ама еден ден јас се шетав со мојата другарка и налетавме баш на него, и пред да го направам истото што го правев т.е да ссе правам дек ане се познаваме, ме се обрати и ми рече-затани те молам немој истото да го правиш, и така разговаравме онака спонтан разговор, ми кажа дека му е тешко што ете се правиме дека сме странци и дек аго погодуваа таа моја постапка, и од тој ден јас и него сме другари без при тоа да сме смешале некои работи или искарале заради тоа што претходно сме биле во врска, ги надминавме тие работи и пријателството е останато до ден денес...кај секого е различно и се зависи од луѓето.мојето искуство ете покажува дека е можно пријателство со бивш дечко, ама повторувам се зависи од причините за раскинувањето и од самите луѓе.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Доволно е Здраво, како си?
    Краток бош муабет
    Да се насмевнеш и да си поминеш.
     
    На bubamara12345 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Само ако повеќе нема емоции.
    Другото ми е се` некако излишно, давање на лажна надеж, празни муабети, ма некогаш и префрлување на некои работи као демек низ шала во име на „другарскиот“ муабет и сеќавање на минатите денови, од мене едно големо НЕ.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Секако дека НЕ!