so nekoj sto si se muval i si go sakal nemozes da bides drugar i da se pravis kako nisto da ne se slucilo taka da definitivno ne
Не мора да биде некое блиско другарство( во смисла на секојдневно слушање, гледање), ама па не гледам ни причина за потполно прекинување на секаков контакт, особено доколку врската завршила коректно и достоинствено. Прекрасно е чувството кога знаеш дека иако веќе не сте заедно, секогаш можеш да сметаш на личноста со која те поврзуваат исклучително пријатни спомени за она што некогаш било.
Не сум искусна ама ова ми е јако: -Ако девојката со која си бил во врска, по раскинувањето ти рече да останете пријатели е исто ако киднаперите кои те пуштиле ти речат да останете во контакт по киднапирувањето. Инаку јас сум за НЕ иако сеуште не сум била во врска и не планирам во блиска иднина
- Ти раскинувам.. Ќе останеме другари? - Даа,ајде фудбал да играме! Ајде шала на страна,но мое лично мислење е дека дури и фудбал заедно да играш со бившиот е понормално од она избегнување,гледање во телефон или долу кога ќе се разминете. Некако ми е поприродно,покултурно и понормално едно здраво секогаш,почитување,понекогаш и муабет со една личност која што некогаш сте ја сакале и сте биле блиски со неа,не оди тоа така,преку ноќ некој да ти стане странец..
Тоа не може да се случи. Особено доколку сте имале раскинување во кое биле кажани премногу тешки зборови. Дури и да се случи некакво „другарство“, едниот од вас, со сигурност можам да кажам, дека не гледа на другиот како другар, туку го гледа со истите оние чувства кои што ги имал порано, вака само си дава надеж дека можеби тој повторно ќе се врати. Меѓуто има случаеви кај што едниот се согласува на тоа само за да биде поблиску до другиот, сепак пак ќе кажам дека, никогаш нема да го гледа како другар
Имам едни другари кои по раскинување пробуваат да останат во исто друштво, но и двајцата зад грб зборуваат лошо еден за друг. Не знам баш колку е здраво тоа. Ама океј, не знам што да очекувам кога истава девојка по раскинувањето стана најдобра другарка со друга бивша на дечкото. Хаос. Не знам за други, но за мене важи едно просто правило - ако навистина сум сакала, никогаш веќе нема да можам да го гледам како другар. И зборувам за вистинска врска, а не 2-3 месеци. Еве веќе година и нешто сум во врска, и (не дај боже) да се случи нешто, како би можела да му бидам другарка? По толку време, толку работи што сме поминале заедно... Не можам и крај. И не кажувам дека сум против, туку ова е индивидуално за мене, дека сум емотивна. А, за тие што можат да имаат такво другарство, браво, капа им симнувам, баш ги сметам за цврсти личности.
Ако била кратка и без некои чувства мозе,ама ако е во прасање долга врска со емоции и интимни моменти нема санса пријателство после таква врска.
Мислам дека не е можно после долга врска. Секогаш некој ќе добие некоја лажна надеж... Барем моето искуство е такво. Не сакам да бидам скарана со ниеден бивш, баш би сакала понекогаш да излеземе или кога имаат проблеми да ми се јават како на другарка, ама буквално секогаш кај некој пак се разгорува некоја искра и работите водат во погрешен правец. Можеби за 10тина години кога овие врски би ни изгледале „детски“... ама брзо после врската не.
Другарството може да прерасне во врска, ама од врска другарство, дефинитивно мислам дека НЕ. Не зборам за некоја кратка врска од месец-два, авантура, туку за долга врска. Сепак во прашање се емоции, страст, љубов, кои постоеле во врската и после тоа да бидеш другар со тој некој, кој некогаш ти бил се на светот. Едниот може и потајно да се надева на нешто повеќе. Тоа е чисто мачење, а не дај боже да почне нова врска, а ти да го гледаш сето тоа.. Лично јас, не би можела никогаш да го гледам како другар.
^Се сложувам во целост. Ако се работи за мали авантури и не многу сериозни, кратки врски, тогаш може. Во тој случај јас би останала пријател. Ама после долга врска, месеци, години, тогаш нема шанса.