Другарство нема, а може да си кажуваш здраво со некој кој не ти значел или не си го сакал доволно, па се исто ти е дали сте заедно или не.
Не. Многу ретки се тие што остануваат другари после раскинување, дури мислам дека не е ни другарство тоа отпосле, само глумење лудило.
Зависи пред се до луѓето и до врската претходно, највеќе од нејзиниот крај! јас сепак стојам,од искуство,зад тоа дека може!
Категорично не, и тоа не зашто штом веќе не сте во врска би требало да си копате очи или да се правите дека другиот не постои, туку едноставно поради тоа минато, какво и да било, кое секогаш ќе стои меѓу вас, и никогаш нема да дозволи да бидете само едноставни другари.
Некогаш може да постои.Јас со мојот бивши дечко и по раскинувањето останавме пријатели,на почетокот ми беше тешко но сега тоа воопшто не ми пречи..
Најискрено? Може, ако немало многу чувства или ако било пред сто години. Ако си ја сакал не можеш да бидеш другар со неа после раскинување.
Искрено не другарувам со бивши, не сме испокарани и би си рекле здраво ако се сретнеме некаде но само толку. Не ми оди некако да си се гледам со нив и да излегувам по кафиња додека сум со друг. А и мене не би ми било сеедно мој дечко да си другарува и излегува со некоја бивша.
Блиско другарство не бидејќи тоа ќе смета на идната врска. Секако дека не би сакала дечко кој е близок со бившите бидејќи делува како сеуште да не ги преболел. Во секој случај сум за едно здраво, честитање роденден и сл. освен ако врската не завршила на некој ептен лош начин. Многу поцивилизирано ми делува отколку да се прават дека не се познаваат или после врска да се навредуваат меѓусебно.
Другарство после врска ми делува како стара, излитена, клише фраза: „Раскинавме и сега сме другари.“ Мене ми е искрено чудно, како после раскинување на врска, кое патем е болно искуство, одеднаш да ги канализираш чуствата и таа личност ти станува другар. Другарите не се бивши дечковци или мувачи, туку личности со кои имате слични интереси и слична смисла за хумор. Ако зборувам за себе, не би можела личност за која сум имала силни емоции, одеднаш да ја карактеризирам како другар. Ретко која врска завршува убаво и фино, секогаш има негативна причина која довела до раскинување. И ретко кој може да премине преку тоа. Сфаќам дека некои луѓе го зборуваат тоа, за да нема ситење од околината и трачарски муабети и сосем го оправдувам. Убаво е да си велите здраво, да си честитате родендени ама е глупаво да се залажуваме дека тоа може да се нарече другарство. Ако не ме повредил, изневерил и разочарал, да, би се поздравувала со него. Културно е. Ама ако се понашал како најголем селјо, нормално дека ќе се правам дека не го познавам.
Еден од бифшите ми е скоро ко најдобар другар.Многу ми помага ме сослушува секогаш. Пред 2 месеци раскинавме али не ми е толку жал од причина што на 15 год.нема да се трескам за врски и машки 2ро детето е сеуште во мојот живот и сега сме поблиски него претходно.Знаеме се еден за друг, некад искачаме заедно се частиме нешто блачко се тагнуваме на мемиња и др.Од бифшите со него најдобро стојам и реално многу ми е драго за тоа.Бидејќи е многу многу посебен за мене од повеќе причини.
@Feminka22, да не ме сфатиш погрешно, ама на 15 години и неможеш да имаш баш и некоја врска затоа можеш да имаш другарство. Да се работи за зрела врска каде години со делел живот со некого, интимност, заеднички одмори, планирање заедничка иднина, незнам колку може да се има искрено другарство потоа. Може грешам, ама јас не можам да замислам некако.