Каква врска? Сосе страст, сексови, емоции? Или врска се бацнавме еднаш? Ако е првово - не, никако. Таму никогаш не си на чисто. Второво е неважно
Не. Затоа што ако вистински сум ја сакала таа личност секогаш кога ќе ја видам и слушнам само ќе ми се навраќаат чувствата.
Да. Со бившиот од средно редовно си се слушавме,онака,без никакви повици да се видиме или слично. Едноставно ќе се јавеше да види како сум што има ново,одвреме навреме и јас ќе му се јавев. Поминуваше низ тежок период и ќе го сослушав. Нашата врска беше посебна и на некој начин и откако раскинавме бевме поврзани. Откако се верив се немаме слушнато,ми честиташе и толку. Се надевам дека си го средил малку животот,хаос беше. Ми текнува еднаш ми рече верувај со мене не би била среќна,јас само невољи би ти донел,не сакам животот да ти го уништам,премногу ми значиш,сакам да си среќна. И во право беше. Благодарна сум му затоа.
Не. Време е за нови нешта старите се бришат до темел. случајно ако сретнам не одминувам никого, но повеќе, не
Доколку се работи за посериозна врска тогаш не би да останам во контакт после раскинувањето. Кога ставам крај на работи најчесто не сакам да се враќам назад, ќе биде само потешко и за двајцата бидејќи сигурно имало причина за крај на врската. Значи, не.
Таквото "другарство" е само залажување, оставање надеж кај некого од партнерите, во слабите моменти на растроеност можеби и враќање на емоциите и впуштање во нешто кое треба да прекине и повторно повредување одново, значи НЕ, може да се има почит кон самиот бивши партнер, поздравување на улица и слично но не и другарство.
зависи каква била врската. Јас со првиот дечко после околу 3 години можев да функционирам како со другар. Сега после 14 години сме баш буквално пријатели. Не сме се исколеле па да не се видиме. Едноставно само си раскинавме. А со другите не можам. Не можам и не сакам
Јас бее со сите бивши прам муабет зборувам се мајтапаам со овај сега.. незнам... си ја крева цената 99 пати му имав кажано сакам да останиме другари ништо поке имам големо поштовање спрема тебее вака така..тој ене го сега главата ми ја врти не ми зборува ама ич...
Да. И пред врска ми беше мн добар другар па и сега после врската која ни беше со стварно големи планови дури бебче имавме пробано да имаме. Набистина сега функционираме мн подобро си фоаѓа кај мене јас кај него. Знам за сите девојки негови мислам најнормално другарство
браво. ама како што кажа @hellocity таму каде што има хемија тешко да има пријателство. Да имам обид за дете со некој јас тешко дека ќе го гледам со поинакви очи.
Не е можно, особено ако се работи за подолга сериозна врска. "Пријателството" после таква врска го сметам само како надеж дека ќе се вратат на старото. Јас немам бивши, но ако дојдеше до раскинување со сегашниот при нашава сериозна врска никогаш немаше да го гледам како "just a friend" кога толку сме поминале заедно.