1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарство после врска? Да или не?

Дискусија во 'Сингл' започната од lady19, 11 септември 2011.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Доколку таа врска траела подолго време и во неа биле вклучени длабоки чувства, после прекин на врската не може да постои пријателство. Си кажувам од искуство де :D
    Не дека ептен се дружевме со фраеров откако раскинавме, арно ама учевме заедно и таа секојдневна близина не‘ тераше постојано да се чепкаме (вербално) и да се караме, како брачен пар сред развод бевме, катастрофа!
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Никогаш не речи никогаш, ама досега не ми успеало.
    Не знам не ми е некако пријатен моментот со некој со кој сум била до вчера сега да споделувам информации за некој нов, веројатно до мене е, ама и генерално не сакам воопшто да споделувам интимни податоци за партнерот. Ни па тој да споделува со други другари и другарки за мене, :wasntme: .
    Во крајна сметка игра улога и каков бил прекинот - дали дошло до прекин на секакви контакти дури и отпоздравување при случајно разминување на улица, само лаконска конверзација од куртоазија при блиц случајни средби или продолжени контакти, слушање, контакти на нет и заеднички излегувања. Во последниов случај има шанси за некакво другарување, ама па давање подетален увид во некоја моја тековна или идна љубовна сторија, не би рекла.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Можеби ,ако станува збор за некоја детска романса базирана врз физички изглед и ништо повеќе.
    Но да го сакам некој ,да го изгубам како партнер и сега ко гром од ведро небо да ми стане некаков другар - тоа никако!

    Едно знам со сигурност дека ќе ми смета во потрагата на нов партнер ,можеби не директно да фаќа кавги и војни да води, ама самиот факт дека ете сеуште разговараме ,има некоја блискост меѓу нас и те како би играл улога ,и двајцата би се самозалажувале дека еден ден пак би биле пар ,каков таков.

    И така до недоглед ...
     
  4. Emma.A

    Emma.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Вака. Јас имам 14 години. До сега никогаш се немам мувано , незнам зашто но како да ми е срам или незнам што ми е. Некогаш така навечер ке помислам на тој што го сакам и ми доаѓа мисла како се мувам јас со него и не ми е срам да помислам а вака незнам што да правам... ве молам помогнете ми ! :|
     
  5. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Тоа е нормално на твои години..Сите ние размислуваме за некои работи што сакаме да ги направиме..Страмежливоста е нормална имаш 14 години ,со тек на времето ќе исчезне..
     
    На die-young и Emma.A им се допаѓа ова.
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Не. Во никој случај... :x
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Би било супер доколку машкото и женското можат да останат пријатели.... тоа се ретки случаеви и јас би сакала да можам да бидам пријател со некој дечко после врска, зошто знам дека секогаш ќе можеме да сметаме еден на друг во секаква ситуација( добро или зло) :) :)
     
  8. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Мене не ми е проблем, ама мразам кога ќе се решиме-другари, после испади на љубомора, па кој е овој... пффф... ретко кога функсионира... :)
     
  9. Jannaq

    Jannaq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Сум пробала такво другарство, не сеуште е неуспешно бидејки и двајцата сме сингл... И се согласивме дека повторно ќе искачаме кога еден од нас ќе си најде партнер :)
     
  10. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Ако се прекинало поради губење на обострано чувство за љубов .Да...
    а доколку е некоја друга причина мислам дека не
     
  11. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Со првиот бидејќи школски сме, сакале, неќеле, мора да сме другари. Па и врската не беше нешто долга, ни нешто посебно, па да не правиме муабет. Во многу добри односи сме. Па деца бевме, да бев со овој мозок тогаш, сигурно не би била со него :D

    А и со вториот така. Се слушаме, се допишуваме на мсн, кога ќе се видиме зборуваме. Зошто да не. Сега за сега со вториот е "во ред" другарството, а до кога? Додека не фатам дечко, или тој девојка. Затоа што не да сум сигурна, 100001 % би била љубоморна, а и тој. Така да, за искуство ќе правиме муабет за некое време, здравје. :) бидејќи со вториот не се скаравме заради недостаток на љубов, друго беше.
     
  12. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    имам некои бифши со кои добро стојам..
    не дека сме најдобри другари но пробувам да балансирам барем на здраво да сме..
    никат не се знае кој ке ти притреба и за што..
    но има и некои со кои гадно сум завршила и сме се раскарале....
    не треба јас да патам што ги нема они треба за мене да патат !
     
  13. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Ќе кажам, зависи од тежината на врската и секако, од причината поради раскинувањето. Јас на пример сум во одлични пријателски односи со еден бивши, знам дека во ское време е тука за мене ;) секако, зависи и од личноста и карактерите :)
     
  14. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Еднаш веќе кога ќе завршам нешто со некој и крај, не ми треба ни како другар ни како ништо! :shake:
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Зависи и од љубовта, зависи и од крајот на врската.
    Јас имам секакви примери... Од најдобри другари што ми испаднале, до најголеми непријатели. Не можам да генерализирам :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Можно е, но е вистинска реткост.
    Мој бивш дечко ми е еден од најдобрите другари, ако не и најблизок.
    Често се слушаме, си споделуваме маки и радости и тајни и недоумици околу секаков вид прашања.
    Според некои оваа другарска врска е чукната, за мене функционира одлично.
    Тој ми е поддршка и имам огромна доверба во него.
    Впрочем, не морам никому да се правдам, јас јасно и отворено ги поставив картите и пред дечко ми и објаснив дека не планирам да го загубам другар ми.
    Но тврдам дека ова е еден случај во 100.

    Со некои едноставно не можеш да бидеш другар, ниту пријател после раскинувањето.
    Не сакаш ниту во очи да ги погледнеш, камоли одвреме-навреме да испиеш пријателско кафе.
    Ти се гади од нивното присуство и сосем разбирливо е, во зависност од епиологот на врската.

    Некои пак, можеби имаат и добра основа за другарство, но ги губат ваквите личности од животот поради љубоморната половина.
     
    На girl.in.pink.dress, anneyy, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Другарство од типот што Трендафилка го опиша навистина е реткост.
    Јас немам такво другарство, имам бивши кои преминуваат на другата страна на улицата кога ќе се сретнеме, но имам и такви со кои културно ќе се поздравиме, ќе промуабетиме окулу општи прашања и секој по свој пат.
    Со повеќето сум во вакви "другарски" односи, без интензивна комуникација, туку само доколку дојде до случајни средби.

    Во средношколските денови бев другарка со еден бивши, поточно бевме во исто друштво, секојдневно се гледавме, кафиња пиевме и сл. Имавме добра комуникација се додека не се вмешаше некој трет (мој или неков потенцијален/на партнер/ка). Не природно течеа таквите разговори, чудно се гледавме, и овие третите лошо го прифаќаа нашиот однос. Сплет на околности се случи, се зближивме повеќе отколку што треба, се потешко одеше одржувањето на лабавиот и опуштен пријателски однос, се алудираше на тоа дека повторно ќе бидеме заедно. Така и се случи, меѓутоа годините поминати како другари и близината која ја имавме и случките од минатото си го направија своето, врската кратко траеше. Сега се немаме видено со години, но и да се видиме пак ќе си испонашаме ноншалантно,опуштено и пријателски.

    Затоа за да се одржи едно вакво пријателство треба многу напор за да се разграничи минато и иднина, и да се одржува границата меѓу пријателската блискост и онаа парнерската. И секако успешно балансирање и прифаќање на другарството од мОменталниот партнер.
     
    На girl.in.pink.dress и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Mислам дека со ниеден не би можела да бидам другар.
    Со неколку бивши што ми се во околина се поздравувам, едно „Здраво“ се праи, за повеќе не би рекла.
    А за последните 2ца бивши пред сегашниот, не ни ги гледам, ниту пак сакам да налетам на нив.

    Човечки е да кажеш едно „Здраво“, после неколку моменти разменети иако не биле долги, ете пар месеци, ама оној момент кога се завршува, кога си и повеќе од разочаран, тоа не се заборава, и никогаш нема. Затоа со некои не можам ни да се погледнам, не пак да бидам другар.
    Кога ќе ги видам ме потсеќаат на катастрофалните грешки што сум ги направила.
     
  19. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    секој си знае за себе, но јас со моите бивши не се дружам. со некои од нив сум онака на здраво само. секако исклучок е последниот дечко со кој што бев во врска, а сега ми е ''другар'', но и двајцата знаеме дека постои нешто повеќе меѓу нас(освен другарство) затоа што сеуште имаме чувства еден за друг (само не сме си признале) па веројатно сеуште се дружиме, очекувајќи дека на тој начин ќе си бидеме во близина и можеби ќе се смириме..како и да е, неможам да кажам во права смисла дека го сметам за другар, кога очигледно си имам чувства за него. ама ете такви се околностите и моментално се што можеме да бидеме е ова сега, но не се знае можеби во иднина ќе се измени нешто во нашиот меѓусебен однос (се надевам на подобро)..сложена ситуација ахх ама nevermind, некако се справувам и со таквата ситуација, затоа што со мене никогаш ништо не било едноставно- а и сложеното е поинтересно :)
     
  20. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Во слична позиција сум со BlackAndWhiteSwan. Типот нејќеше врска но сеуште имал некои убави чуства према мене (барем он се изјасни така) и несакал сите контакти да ги прекине со раскинувањето на врската. Не сватив сеуште зошто несакал врска. Изгледа не ме сака доволно за да се обврзи кон мене....како и да е ние продолживме да контактираме, па дури и многу онака отворено и без перде комуницираме. Зошто да се стискам у муабетот коа до вчера ми бил дечко, па баш и поостро и посамоуверено си се однесувам. И јас уште си имам чуства за него и не го гледам во права смисла ко другар. Можеби некогаш ќе се смени односот и ќе бидеме пак заедно како порано во врска. А ако не - тоа е тоа.