Ништо се е најнормално дури заедно спиевме не сме се пипнале ххааха. Веќе 2 3 години функционираме како брат и сестра. Ако бевме со големи планови тогаш мн се каравме. Едноставно не бевме з заедно како пар. А вака ни е одлично
Па според мене. Не можам да бидам другарка со некој кој до вчера ми бил нешто повеќе од тоа и сме имале чувства и сме споделувале многу работи. Не сум таков тип, емоциите преовладуваат кај мене.
Мојата најдобра другарка беше во врска со мојот најдобар другар па раскинаја и ево сега сме неразделна тројка (тие двајца си останаа предобри другари)
Нај негативно, нај одвратно, ужасно и неудобно. Најлошо. Како и на голем дел кои не би го признале негативното влијание од пријателство со бивша или бивш. Едноставно нема никој никаква потреба од такво "пријателство".
Зошто да се биде непријател со бившиот дечко, не ми е јасно навистина??? мене ми се сите пријатели...па јас очи не вадев со нив
Не да биде непријател туку да не биде пријател, да не контактира. Мислам мене би ми пречело повеќе од сѐ друго девојка ми да ми контактира со нејзин бивши. У реду, нема да ја спречам. Ако не престане - раскин. Слободна е.
Да. Со другар бевме неколку месеци во врска, прекинавме и сега си тераме по свој пат. Пиеме кафе, си раскажуваме љубовни проблеми. Не прекинавме на начин очи да си вадиме. Воедно, така сум со сите бифши. Кај да се сретнеме секогаш се муабетиме за секојдневни работи. Едино, се одминувам со бифши помал од мене 1г што е дефинитивно недозреан. Уште живее во некој тинејџерски филм.
Нема поента, јас пробав чисто да видам како е ама тешко ми беше и се губи многу време на нешто што нема никаква цел, ти останува во мисли, ти се враќаат убави мемории и слично. Од сега натаму само бришење од социјални мрежи / телефон и минимална / прекин на комуникација. Истото време што ќе го потрошиш со бившата / бившиот можеш да го искористиш да запознаеш и да пробаш нешто ново со 10 нови и да најдеш некоја нова личност за наредна врска.
Ја шо идев со еден 3 години, значи душа чоек беше, толку душа неам сретнато, а ја па пустата не го сакав. Не дека не го сакав, ама си имав еден у глава (денес мм, кој никако не успеав да го заборавам зошо ми беше многу убав).Он беше препаметен, добар, мил, снаодлив, непреценливо добар другар, но не го сакав. Колку на глава му се качував, он поише ме сакаше. И кога раскинавме и двајцата плачевме. Он зашо ме сакаше, ја зашо не го сакав. Ама премногу ми фалеше и ми фали како особа, како другар. Имав преголема верба у него. Еве денес сум мажена за тој за кого сите претходни ги откачив, ама касно сфатив дека убавината е минлива а внатрешноста не. И во брак сум, па од страна на другар, не можам да го глеам мм како таков другар како што сум го глеала тој бившиот. Некако претерана доверба имав у него, не знам како да кажам. И ете после врска, ја би можела тој бивши да го глеам како другар, што не би рекла дека ќе биде обострано. Е баш сеа коа ви раскажав, некако така ми зафали...
Дали мислите дека бивши дечко може да ви биде другар?! Во таква глупа ситуација сум што бившиот дечко ми е другар, но неможам да го гледам со очи како другар кога знам дека сме имале се, кога се сетам на сите моменти ми е тешко, но и понатаму глумам дека се е ок..но, сепак сум среќна што сум во негова близина.. Што мислите вие, дали е добро оваа пријателство или не? Дали треба да ги прекинам сите "врски" со него? Мислите ли дека оваа пријателство може потсвесно да ме уништи?
Зависи од ситуацијата, но и од колку долго траела врската. Ако сте се разделиле на фин и културен начин, како нормални луѓе, тогаш има простор за здраво, но за многу повеќе не. Тешко да се случи другарство после врска. После секс - другарство, нема смисла некако ...
Не мора целосно да го игнорираш, ама може да го намалиш контактот. Тоа дали постои другарство после врска, зависи од вас двајцата како карактери, колку време сте поминале заедно, чувствата дали постојат итн. Јас лично не би можела да бидам другарка, секој втор ден кафе да пијам со него, да излегуваме заедно и низа други активности кои ги прават другарите заедно. Ама едно здраво, како си, од поштовање секако.