Се додека се чувствуваш така, нема шанси да одржувате пријателство. Најдобро е да се дистанцираш целосно од него. Кога ќе ти поминат чувствата на заљубеност, тогаш можеш да размислуваш за пријателство.
Па година дена бевме заедно скоро секој ден..буквално ми беше и дечко и другар и све..сеа исто така тука е кога ми е тешко, кога ми е супер, пак се интересира за мене, збориме онаа за се..незнам денес и вчера беше кај мене, онаа кога си го вратам филмот колку се гушкавме на врата, бакнежи се..сеа само онака благо пријателско гушкање и позз во образ..боли оваа еј..
Се додека си заљубена во него нема да може да се оствари здраво другарство меѓу вас. Ако продолжиш вака само ќе тапкаш во место гаејќи ги љубовните чувства кон него и нема да можеш да продолжиш понатаму, во смисла да ти помине заљубеноста. Само ќе успееш да се повредиш повеќе.
Не постои другарство после врска. Бев убедена во спротивното до пред некое време, сега научив една многу битна лекција во животот. Раскини - прекини контакт но задржи почит доколку личноста заслужува. Повеќе од кажување здраво на улица - не.
uff vecer kje zboram so nego nekako da prestaneme da sme tolku bliski, zasto nemozam da go gledam kako najdobar drugar..
Ова прашање нема конкретен одговор.Ако мислите дека може да имате другарство со личноста со која сте биле во врска имајте.Кај секого е различно...
Кај мене се јавува проблем со здраво пријателство и кај личности кон кои сум имала чувства и нереализирани соништа.. Со бивш дечко нема шанси.
Може ако била некоја си кратка врска и немало којзнае што меѓу двајцата. Инаку во секој случај имам забележано дека ако останиш пријател ќе има љубомора барем од едната страна
Еве на пример јас со мојот бивши останав во другарски односи, се додека он не почна да и се пушта на најдобрата ми "другарка".