Тешко дека ќе се одржи, посебно ако едниот има чувства. Со бивши не сум другарка, со некои на здраво сум, а некои на одминување
зависи од врската,ако сте оделе долго време и сте биле заљубени еден во друг отпосле не верувам дека може да остане само на пријателство
Ако се работи за долга врска, не, боли... Ако е во прашање нешто полабаво, што знам, можеби Јас лично не сум останала другарка со некој бивши, доколку се сретнеме ќе си кажеме едно здраво, како си и толку
Јас мислам дека нема да успее. Јас не сум имала таков случај, секогаш останувале позади мене како едно искуство, ама од другарки искуство, на крај полошо се искараат отколку кога раскинале врската. Секогаш еден од двајцата се вмешува кај што не треба и настане вистински хаос, кога се на куп се собере. Тие што успеваат најверојатно биле дечко и девојка во пубертет кои размениле неколку бакнежи за помалку од еден месец, и за среќа ниту еден од нив не развил посебни чувства кон другиот. Еден од партнерите да има чувства, џабе е, нема шанси да се оствари другарство.
Да. Ако двајцата знаат да се контролираат. Од искуство кажувам. Никој не знаеме каде ке не однесат патиштата. И ден денес се слушаме, се консултираме за работи во своите области, си честитаме родендени имендени, се почитуваме.
Не, додека не поминат 2-3 години, или додека и двајцата не бидат во сериозна врска со други. Тогаш може и double date да си направат и да си се смеат на глупостите
Искрено, најчеста пречка за пријателство со бивши ми било што очекувале да имаме секс, ако продолжам со комуникација откако завршила врската. Тие што не се такви, сеуште ми се пријатели. Некои и 25+ години