Зависи како завршила врската. И колку време прошло. Нема човек што ќе ме убеди дека кога двајца раскинуваат, двајцата се спремни да бидат *само* другари т.д ..
Зависи од повеќе фактори, какви карактери сте и двајцата, како завршила врската, како сте функционирале во врската итн. имав 10 годишна врска нормално со прекини, ние бевме се и брат и сестра и најдобри другари и партнери. Иако ме има баш повредено, знам дека е мн добар како човек, може како дечко не. не останавме другари поради девојка му, инаку и двајцата немавме проблем пошто знам и знае за што и да си притребаме во животот ќе си помогнеме, сепак години се у прашање.
Не. Со некоја со која сум бил во љубовна комбинација, нема да ја гледам на искрен другарски начин никогаш.
Мене бившата ми е најдобра другарка и тоа 10 години после врската од 2 години. Како сестра ми е А сум имал многу после неа и таа имала. Може се знае за мене и јас за неа и многу си помагаме. Пак со неа не би дури и да сака а ептен не сака. Чисти другари сме. Обично не кажувам на девојки дека сум одел со најдобрата другарка зошто си прават филмови.
Нема пријателство, да не бидам погрешно сватен, нема ни омраза, едноставно не функционирало и тоа е тоа
Се зависи од начинот на раскинувањето.. Ако начинот на раскинување е ок дружење и баш не, ама да можеш да се побарате коа ви треба нешто, еден срдечен поздрав на улица или слично зашто да не... Сега сте минале моменти заедно и да се гледаме после тоа попреку мене ми е апсолутно без веза тоа....
Зошто да не.. Мислам нема смисла зошто да не бидеш другар со бившата. Освен ако немало скраја да е нешто многу лошо на пр. пиштоли да заиграле