Не го разбирам јас тој поим или како да го наречам- другарство после врска!?? Дури и другарството кога не оди, луѓе се разидуваат,секој си оди по свој пат. Кога една врска ќе пукне,логичен крај е тоа ,,пријателство,, да прекине. Според мене,тие другарства после врска се само очај и пуста надеж дека ќе се врати нешто што одамна поминало.Само лажна патетика. Подобро стави крај и оди понатаму!После извесно време,можеби нешто старо повторно ќе заискри,ама треба простор и време само за себе!
Јас моментално сум во некоја фаза на "другарство по врска". Причините за крајот беа чудни за мене (типот после 7 месеци свати дека несакал врска, му помина еуфоријата и почетното лудило, ми кажа уште имал убави чуства према мене, ама нејкел да биде со обавези према некоја во врска, ниту да ме повреди, па некако на фер нечин ми раскина....) но како и да е, еве 10тина дена после офцијалното раскинување ние неколку пати сме се слушнале. Темите беа општи од типот "како си? што праиш? имаш многу за учење? среќен/на ли си?". Еднаш ме праша дали уште сум го сакала... WTF!!! Двапати муабетот го започна он, а еднаш јас (од учтивост така, да не испадне сега све он ќе биде добар па ќе одржава комуникација). Можеби со ова он сака да има основа, за кога пак ке застане на нозе и ќе ја надмине на несигурноста и стравот од врска, да ме побара....или може само јас си се надевам (потајно) на ова, како што кажа Lola-M погоре. У глобала за претходните момци со кои сум била (да не речам бивши) одржавам контакт, имам муабет, како што се вика "човек ќе ти се најде и за не-дај-Боже тука е да ти помогне ако сака", ама не и другарство. Неможам да замислам туку-така другарски да идам на кафе, кино, концерт, журка со некој бивши...што барам... ?
Пробав бидејќи како таков и го сакав но верувајтњ ништо од тоа само "лажно" пријателство месец-два и надеж за повторно соединување и на крај кога ќе сфати едниот дека навистина дошол крајот изчезнува и ПРИЈАТЕЛСТВОТО
Пробав бидејќи како таков и го сакав но верувајтњ ништо од тоа само "лажно" пријателство месец-два и надеж за повторно соединување и на крај кога ќе сфати едниот дека навистина дошол крајот изчезнува и ПРИЈАТЕЛСТВОТО Не би сакала да се мешам но твојата теорија дека ќе се врати можеби и има смисла ми се има случено истото по 10месечна врска па као демек не е до тебе до мене е не знам што сакам и веднаш после тоа една недела ѕвонеше но мојот интерест исчезна па по некое време повторно се слушавме за без врска муабет и на крај завршивме пак заедно......
Не. Не можам со тој со кого сум правела се`, утре да ми биде другар. Каков другар ќе ми биде? Нему ќе му се доверувам? Тој ќе ми дава совети? А, во врската не знаеше за совети? Затоа и пропаднала врската. Дечкото пред се` треба да ви биде најдобар другар. (Не во буквална смисла, туку да има разбирање како да ви е најдобар другар). Плус да ви биде љубовник. Кога тој се покажал како дечко, со сите бенефеции, како другар ли ќе се покаже? Не. Рабирам да имам муабет после врската, само здраво, како си.... Но, ништо повеќе.
Никогаш не сум била во ваква ситуација а не би ни сакала право да ви кажам. Едноставно мислам дека после врска па макар да е долга и месец дена во која што сте си ги изразувале чувствата најинтимните желби, после време поминато во љубов - неможе да има пријателство. Едноставно поради фактот дека секој негов потег, насмевка, збор ќе ве враќаат во минатото, во сеќавањата, во изгубените времиња. Зошто да си се повредуваме самите себеси залажувајќи се дека можеме да бидеме пријатели? Пријателство после врска за мене е - не!
имало до сега 2 обиди во едниот обид другата страна ме покани на кафе, и кога го одбив(не ми одговараше терминот него го снема го снема) во другиот обид договори и преговори за едно кафе-ама никако да се случи (кога се изјаснив дека сум во врска т.е. имам некој во животот, не добив одговород другата страна, очигледно дека дотичниот не ме заборавил сеуште)
Не постои таков поим. Не постои другарство после врска. Тој ќе направи се` ти да бидеш љубоморна, а и ти исто така. Никогаш нема веќе работите да бидат исти.
Еве и јас сум моментално во таква ситуација. Врска од година дена, раскинавме пред 5 месеци. Се се одвиваше прекрасно со љубов и емоции, интимност (моја прва врска,прва интимност).Премногу беме блиски што послем раскинувањето останавме во контакт онака во типот на „Како си?“ „Што има ново?“ и слично потоа се скаравме благодарение на моја познаничка, не правевме муабет, но ете и тоа го надминваме и веке 3 месеци сме во пријателски однос, секако љубовта е сеуште присутна двострана, се видуваме понекогаш сами, но јас цврсто стоам на тоа што сме се договриле да останеме само другари. Ми дава совети како да постапувам понатаму во животот, да си го зачувам угледот. Не ми забранува да одам со други момчиња(иако не сум сеуште), но се познава дека не му е сеедно. Иначе излгуваме заедно, ме води со него и неговите другари ме викаат на кафе, на излегување, на родендени. Ме чуваат од секоја непијатност. Ја осекам почита од неговите другари и од него, неговите роднини (што мислам дека и сум ја заслужила). Сепак на ова прашање би одговорила „КОГА СЕ САКА СЕ СЕ МОЖЕ!!“
Никако!! Ако останете во контакт, тоа значи дека или ти, или тој се надева дека понатаму би можело пак нешто да се случи меѓу вас. А и да бидеме реални, на кого му е лесно да гледа некого кого сакал со нова девојка? И ако сме другари, ќе треба да викам - "Дааа, супер е, бравооо!!" А во себе ќе си мислиш - "Јас не бев доволно добра?" Затоа - подалеку! Далеку од очи - далеку од срце, нема подобар лек
Не верувам во такво нешто. Имам пробано со двајца бивши дечковци да одржам контакт и после врската, но самите ме оттргнувале од себе. Едниот ми велеше дека спомените се лоша работа и тивко, полека убиваат, дека едноставно не може да гледа како другарка девојка со која што бил неколку месеци. Океј, го разбрав, бидна што бидна. Сум за здраво, како си - муабет, повеќе не. Нити би раскажувала сегашен живот и љубовен статус, нити би побарала совет и утеха. Имам многу другари, зошто би се обратила баш кај бившите? Не гледам причина. Но, од друга страна ако постои обид за такво нешто, мислам дека не би траело долго. Посебно ако сеуште има чувства, страст, желба и хемија.. Пука тиквата, а последицата? Потежок заборав или повторно фрлање во истата прегратка. Трето нема. Кој како сака и умее.. зависи.
Се сложувам со коментарот на Изабела. Имам и јас пробано и секогаш завршува со тоа што еден ќе се оддалечи.
Не се согласувам на којзнае какво другарство, може само здраво,како си, друго не.. Тешко е да одржиш контакт со некој што си преккинал врска и да го гледаш како другар.. Не оди тоа така лесно.. Бар не кај мене..
Не постои такво нешто според мене, каде што имало оган ќе остане секогаш жарче така што од неколку примери во мојата околина бившите што се свиѓале или на некој начин сакале се обидуваат да бидат или глумат другари се додека не ги оставиш сами, потоа се знае што следува, мување па мување на подолг период па евентуално пак врска и се по старо. А оние што се сакале нема шанси да останат другари, може тоа да е само изговор за нова надеж и враќање кон минатото, безуспешен обид. Секогаш се појавуваат и ќе се појавуваат чувства, нема да е сеедно и нема тоа да биде другарство, освен ако и само ако немало чувства меѓу нив во претходната врска
Тешко ми е да замислам нешто вакво. Можеби, ама можеби, после неколку години, кога веќе чувствата се целосно избледени и има нешто што би ве зближило-работа, заеднички пријател итн.
Не! Не би функционирало како другарство старите емоции би се вратиле во ново руво и така ќе биде се потешко и потешко понатаму во целото тоа ‘‘другарство‘‘