1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарство после врска? Да или не?

Дискусија во 'Сингл' започната од lady19, 11 септември 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    хаха смешки другарство после врска ова ни било некогаш пак ни ќе биде....
     
  2. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Вакво нешто дека ќе успее малку потешко.Колку и да се трудат да останат ладни,кај едниот пак ќе се појави некое жарче.Не можеш со некој со кој си одел некое време да му кажуваш работи за новиот дечко или сл. или пак да му се отвараш за некои работи.Доволно е ако се сретнеме едно здраво,како си,што има и крај на приказната.А другарување со бивш дечко НИКАКО!Сметам дека за вакво нешто многу зависи и зошто завршила врската,како завршила и ред други прашања но поблизок контакт не преферирам :)
     
  3. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Баш другарство не мислам дека е возможно . Барем за мене . :)
     
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Ne mozeeeeee :(
     
  5. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    37
    Тешко може да се каже дека има другарство после врска..тие двајца дошле до некоја граница..коа со другарите ја немаме..
    две личности кои биле во врска неможат за бидат другари затоа што меѓу нив секогаш ќе има искра а таа искра кај едниот секогаш ќе пали кај дугиот ќе биде веќе изгасната ..за жал..
     
    На Ilovemyself му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Не ми логично другарство после врска па поготово ако е имало чувства. Може да останете пријатели или на едно здраво, но повеќе од тоа не.
     
  7. Narce

    Narce Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Дргарство после врска е многу нереален момент,по причини што,веке личностите осекале повеке од другарство,а сега пак сакаат да станат пријатели. Многу битен момент е на кој начин ја прекинале љубовта, али пријателство после љубов тоа многу тешко, сметам дека може да се случи дотолку секој тргнал по свој пат и поминало голем времески период. Али тоа биди ми пријател после се ,тоа нема никаква смисла, кажав единствено ако помине долг временски период и секавањата тотално исчезнале, како и чувствата.
     
  8. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Другарство после врса може да се случи, но тоа зависи од личностите и од нивниот карактер.Јас со мој бивши дечко сум блиска пријателка, значи имам и повеќе од едно здраво, односно правиме муабет на различни теми ама сепак постои некоја бариера затоа што за некои интимни работи со бивши дечко неможе да се зборува.Премногу ми е драг како личност за да го изгубам како пријател, но сепак ќе речам дека за да постои таков однос зависи од двајцата кои што биле во врска,а исто така зависи и од тоа каква била врската додека траела.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Може,јас сум жив пример!
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Оф темава....
    Зависи на какво пријателство се збори.
    Претерана блискост не.
    Секојдневно гледање не.
    Излегување постојано заедно, НЕ.
    Не викам да се колете и бесете, но едно здраво и убаво однеување се заслужува и за двајцата.
    Со никој бивш прехотодно не сум била блиска после раскинување, со еден очите неќеме да си ги видиме, незнам зошто а со еден сме онака, на едно здраво како си.
    Кафе на фала, немам што муабет да правам повеќе.
    Е сега, кога вистински си бил заљубен во некој, и си имал здрава врска од 2-3 години и повеќе, веќе вие сте пријатели, да не речам вие сте ЕДНО!
    И сега незнам како да постапам, несакам да го гледам зашто сакам да го заборавам, несакам да му се јавувам несакам да се потсеќам а ми недостига муабетот, времето минато заедно.
    Најмногу од се тоа што се знаевме ден за друг, делевме среќа, тага, болка.
    Ми фали пријателството а свесна сум дека неможе да постои.
    Ако се слушаме и гледаме нема да се заборавиме а ако не се заборавиме, џабе ќе се мачиме, кога свесни сме и дајцата дека неможеме да продолжиме така...
    Решение нема, само дека еден дел од мене веќе нема, а тоа со ништо неможе да се надополни сега, незнам за понатака...
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно НЕ ! :^) Инаку едно здраво може.. :D
     
  12. Stephanie

    Stephanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Вака...

    мојот бивш дечко раскина со неговата девојка...
    е сеа затоа што останавме многу добри другари сакам да му кажам дека ми е жал и дека може да разговара со мене кога сака. Не сакам да помисли дека сакам да му се вратам или нешто слично...

    Да разјаснам уште нешто... он е во Америка веќе 2 години јас имам дечко веке толку време и преубаво ми е. Не чувствувам ништо за него, навистина го почитувам премногу и затоа сакам да му пишам

    Секое мислење е добредојдено :)
     
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Па зависи од ситуацијата, но подобро ми боли да не постои пријателство, само на едно здраво чисто од култура да се каже :)
     
  14. 343

    343 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    6
    Мое мислење на ова тема мислам дека е сосема во ред после врска или неколку кратно излегување двајцата да останат другари.... не гледам некоја посебна причина зошто не би можеле да комуницираат меѓусебно. Навистина е глупо двајца кои што некогаш биле толку блиски сега да не се познаваат на улица.... Освен ако се скарани за нешто сериозно..
     
    На Stephanie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека другарство после врска а посебно ако била сериозна врска не е возможно ниту пак препорачливо! Барем тоа е мое мислење, а има икс причини зошто е тоа така. На пример и да сте вистински другари :^) еве ако има девојка после вас и е многу љубоморна посебно ако знае дека сте му бивша а толку блиска ... може да бидете вистинска причина за тие да раскинат и да му ја уништите врската :| така да НЕ!
     
  16. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Сега сум во таква ситуација. После две и пол години прекинавме и мислев што да правам. Но не, нема да бидам другарка со него, ќе го тргнам од се за побезболно и полесно да го преболам.. Многу ме повреди, како би го гледала како другар човекот што до пред некој ден ми значел се’ ?! Кога би ја донел девојката во друштво или онаа со која ме изневерил? Возможно е да, но премнногу болно за мене..
    А пред да прекиневме секогаш викав, дека ако недај боже нешто се деси сакам да бидам другарка со него и тоа најдобра.. А сега откако се деси гледам како да избегам што е можно подалеку од него.
     
  17. slatkoo

    slatkoo Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    Види душо и јас го мислам истото јас го посакувам тоаа и ако имам другарство со него можеби повторно ќе биде како и порано затоа мислам дека треба да продолжи другарството :rofl: :D :$
     
  18. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Не и не ... не е тоа тоа
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Не можам да се правам ко ништо да не е било. А се случувале многу работи и сега јас треба на него да му прераскажувам за првата караница со новиот или за тоа како вчера сум се смувала со некој и како типацот за ништо не го бива? До вчера си ја полнел раката со мојата задница, ми ги грицкал усните и еден куп други работи :D и сега да ме гледа како страсно бакнувам некој друг или му праќам значителни погледи?
    Уште пострашно ако е обратно, затоа мојата љубоморна душа не сака ни да знае, ни да слуша за новата кокошката која би требало да глуми во некоја љубовна прича. Искрено, ми се повраќа. И не е финтата за љубомора туку јас обично имам чувства кои се силни благодарение на тоа што се упатени кон мал број луѓе. Затоа, ми треба време да заборавам или љубовта кон самата себе или кон некој друг да ја исправи работата.

    Разлика не ми прави и доколку веќе ги нема старите чувства. До вчера сум си играла на садо-мазо врска со детиште бетер од мене и сега дошло ред јас да му раскажувам за тоа како сум си го поминала денот ? До вчера се колневме на вечна љубов и прекршивме милион правила за да бидеме заедно и сега јас на него да му расправам колку ми е криво што ар-и-ем се распадна или ај па, да му доловам нови хистерични моменти од мојот живот со новиот фраер пффф...

    Ма јас не можам да бидам другар со некој кој е дел од моите еротски и љубовни фантазии. Ќе го посматрам, потајно може ќе се надевам на него, постојат многу начини на кои би можела да ги презентирам моите намери, ама да бидеме заедно фатени за рачиња ко сложни првачиња нема шанси! Ако ме интересира на тој начин, другар може да ми биде додека сме заедно, МОРА и да ми биде и другар!
    Секоја чест на исклучоците, јас мислам дека не бива иако животот може да ми го покаже токму спротивното. :)
     
    На Miss.Ricci и CaperucitaRoja им се допаѓа ова.
  20. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    2.378
    Море какво другарство...јас не сакам да го навидам а камо ли да имам муабет со него откако фати друга и се жена со неа...а најтрагично е тоа шо сме комшии и замислете.... го гледам бившиот мој среќно женат со детето в раце многу често...и ми ида да си пукнам како костен од мака :@ :@