глупо е ако се сакале и раскинале и после другари,и ја да му давам совети за некоја женска,он за дечко.не не неможам така
Секако дека не. Пријателство после врска неможе затоа што секој поглед ќе потсеќа на минатото. Пријателството после врска е исто како: умре кучето, но можеш да го задржиш. Не иде некако. Може да се поздрават само кога ќе се сретнат некаде, не да се прават како да не се познаваат, но пријателство и такви работи не.
Јас сум ЗА пријателство после врска. Секако ако не завршило со сцени или на било кој начин едниот го повредил другиот. Ако едноставно снемало љубов или се заситиле како партнери, не гледам причина зошто не би функционирале како пријатели
Ние сме пријатели сега,после врската. Ама некако сето тоа е вештачки ,не можеш ништо да му кажеш,а да не се сфати погрешно. Ниту дека имаш друг,ниту пак дека немаш. Незнам,незнам.. Ама мислам дека во мојов случај останавме пријатели само затоа што така и се' почна. Со пријателство. Мислам дека никогаш не се гледавме поинаку. :geek: Friends with benefits.
Се согласувам, разделба на мирен начин, без распаравии и скандали ок ама другарство никако, барем јас не би можела да бидам другарка со некој со кој сум била во врска. Особено не верувам во другарство после подолга врска
Се пронаоѓам тука моментално Бевме заедно, но раскинавме и сеа сме ко демек пријатели или се обидуваме да бидеме пријатели али не е тоа тоа И ја несакам со бивши да бидам другарка, али кога веќе знам дека немаме шанси да се смириме ова ми единствен начин да бидам во контакт со него...
Не би можела да бидам само другарка со некој кој што сум го сакала, сме поминале толку убави И ИНТИМНИ моменти КАКО ПАР. Ако е некоја пократка врска од недела дена, може, но ако е над 3 месеци, хм, тешко, според мене. Јас имав врска со 6 месеци, но се замразивме се опцувме за крај, и сакале или неќеле, пријателство - НЕМА. Нема ни да се знаеме. Не го сакам повеќе, но пак ми е криво..
Имав дечко... но сега имам нова пријателка.Која? Девојката со која бил во паралелна врска со мене.Се зближивме.Он си е сам
Јас МИСЛЕВ дека може но испаднав многу смотана си ставив здрава нога у трн, мислев дека не е можно но ете почнав пак да чувствувам нешто спрема него но се кочам самата и обеќавам дека се ќе направам да си ја избришам таа глупа идеја од главата,таа игра или поточно тоа демек пријателство не води никаде .. еееј колку сме чудни ние жените,абе крај веќе аман,ако ми е си заслужив
Мислам дека тоа никако неможе да успее.Зашто ако сум се карала со некој,тогаш нејќам да го видам. Уствари тоа е само начин да бидеш поблиску до него,затоа што уште ти значи.Ако не ми значи нема да имам некоја посебна потреба од него.
ма нема шанси пријателство после врска јас не би дозволила такво нешто...кога ке расчистам еднаш прво со сама себе а пота со него нема да дозволам повејке да биде во моја близина а не да ми биде пријател
Никако , штом сме раскинале и после другарство , ма какво другарство бре ќе биде тоа , нека се гони ... причината за раскинувањето нема да биде туку така , ај од утре не сме во врска , сигурно е некоја по различна , и по мене секогаш еден од партнерите е повреден и како после да биде другар кога се уште можеби има болка во себе..
Не. тогаш е 1000 пати потешко да го заборавиш оној со кој си била во врска. После врска според мене само игнор му е мајката. Или ајде да не е без ич, само едно здраво и доста му е!
Тешко е еве раскинавме и се обидуваме да бидеме као демек другари ма ајде бре кое другарство како сакаш да ти бидам другарка кога знаеш дека те сакам јас неможам така едноставо не ми иде тоа така...
другарство после врска?уф не.па нели другарите си кажуваат се а јас како да ти кажам со кој излегувам после тебе.
Па не.Бидејќи добро знаеме дека после другарство може да има врска,ама после врска да има другарство е тоа е невозможно.