Не би можела,од проста причина што уште го сакам,и тоа наше другарство или комуницирање,одење на кафење само мене повеќе ми ги отежнале работите. Е сега имам еден бивши со кој некогаш пијам кафе,арно ама ми бил дечко некои 2 месеца и не сум го сакала ни ништо,можам да му се јавам за кафе кога сакам бидејќи стварно не го гледам како нешто повеќе. Ама ако навистина се работи за љубов,сум против ова,подобро нека заврши се,нека се стави точка,барем јас лично не би ја практикувала оваа работа.
Ма неееее какво другарство тоа би било мачење, уште се има чуства спомени погледи па после да глумам лудило дека ми е сеедно шо ми останал само другар, што сме вложиле толку многу а на крај не сме успеале ! Убаво е ради почит кон личноста што сте биле да продожите да контактирате или случајно ако се видите некаде да се поздравите нормално и човечки ама другари НЕ ! Мислам почнувам од себе со бифшите не зборам не се дружиме или нешто слично ама така ако се видиме низ град се поздравуваме ! Така е најдобро
Зошто да не , баш такво другарство со бивши ке те натера да созрееш, дека се во животот не е идеално, со тоа што ке се одалечуваш ке направиш полошо бидејќи избегаваш проблеми, не си доволно цврста, пример си разведена имате дете и сега ке бегаш и од него а мора да го гледа детето ? значи мислете подобро најдобрите пријателства се тие со бившите ви помага многу, пробајте ке бидиите посилни
Јас не се согласуваам за другарство после врска.Затоа што во повеќето случаи едниот сеуште го сака другиот. И не го практикувам тоа
па јас имам најдобар другар машко јас има дечко и тој има девојка знааат дека се сме заедно и дека ништо не миже да не скара...и тука нема место за љубомора јас мислам...
Мој совет е никако другарство после крај на врска. Been there, и верувај ми не е баш најдобро цело време се чувстуваш како нешто да не е докажано и слични глупости, а на крај пак завршивме заедно поубаво да не се караваме али тоа е тоа. Сега е моето срцуле и многу си ја сакам
јас мислам дека после врска таа комбинација како другари никогаш нема да функционира... можеби само здраво и толку,ама другарство НИКОГАШ
ноу веј..мојт да имат здраво-здраво, не сум против, ама другартво немат да опстанит, бар јас така мислам
Во никој случај ова неможе да опстане,другарство после долга врска нема шанси и на ништо нема да личи
Ако некој успеал во тоа, фино, иако чисто се сомневам дека ќе е доволно цврсто за да се нарече другарство.. Можеби познаници, ама другарство тешко.
Дефинитивно не би одбрала другарство после врска...Сепак тешко е...Некогаш сте биле многу повеќе а сега само другари? Малку е непријатно. Можеби за едниот(тој што престанал) да сака ќе е полесно, но за другиот ќе биде тешко и болно. Да беше добар немаше да биде бивши...сеуште ќе траеше. Не би одбрала после врска да имам другарство со него
мој конечен одговор-не !значи тој ми бил партнер,сме биле интимни ,сме вложиле време и чувства,а потоа да се гледаме како другари ,не е можно . еден мој бивши инсистираше да останеме другари,но тој ја користеше секоја прилика кога ќе ме видеше да ми префрли зошто му раскинав,дури на именден му отидов а тој сеуште имаше чувства кон мене.потоа си фатив друг дечко а тој пак ме бараше и кога дозна за новиот дечко уште толку почна ме напнува,да ми пише пораки и да ми се јавува,што морав да прекинам секаков контакт со него . после тоа се сретнавме случајно и тој пред дечко ми ме гушна и бакна ,и вели па што нели сме пријатели .кога виде како изреагирав,срам му беше уште еднаш да ми прозбори . никако не сакав да го понижам,но после љубов за другарство нема нема место
Шанси нема, ама никакви. Еден мој бивш дечко замараше со тоа другарување откако раскинавме, кафе да пиеме, да излеземе, да се дружиме итн итн, едвај го откачив, прекина да се јавува. Штом сме раскинале муабетот не ни идел, зошто би ни идел кога би биле другари? Да го советувам за девојки и он мене за дечковци, или муабет за општествово ќе тераме ха ноууу веј!