Искрено, тоа - Ај да бидеме другари, после раскинување, ми е тотална фарса, тешко лицемерие.Ако не сме опстоиле како пар, тоа значи дека не сме погодени еден за друг.Тоа што ме нервирало кај него додека сме биле во врска, ќе ме нервира и ако бидеме пријатели.Истото е и во обратна насока, моите мани што претходно му сметале, пак ќе му сметаат.Затоа, мислам дека нема потреба од ова глумење лудило, другари и другарки фала богу се има и тоа многу, баш и не е работава да ми е единствено друштво бившиот, така да, големо НЕ за другарство после врска
Другарството постои и во самата врска. А кога врската ќе се прекине, тука веќе нема простор за другарство. Не велам дека не постојат исклучоци, но јас никогаш не би можела да функционирам на таква релација со некого, а искрено - не ни сакам. Другарството не поздразбира само однос на едно Здраво, туку подразбира една многу подлабока врска во која се споделува добро и лошо, се даваат совети, утеха или било каква помош. А тоа не можам да го очекувам од некој со кој сум расчистила и повеќе не посакувам никаков контакт.
Јас сега брзо раскинав со дечкото и ми беше воедно и најдобар другар, можев да се потпрам на него речиси за се и ќе ме разбереше. Раскинувањето не ни беше толку бурно, така да и сега комуницираме ама не знам дали некогаш ќе имам пријателски однос со него ,пред се затоа што искрено не верувам дека луѓето можат да бидат најдобри другари откако биле нешто повеќе . се двоумам дали да прекинам секаков контакт со него зошто и покрај тоа што раскинавме, сепак не ми е сеедно да го гледам зашто има уште чад од огнот и не знам дали би можела да му се доверам за мои идни врски или слично
Јас сметам дека може да има некое другарсто (ако може да се нарече другарство ) но сепак да не бидат бившите партнери ''многу блиски другари''. Еве јас имав еднаш еден дечко со кој всушност и започнавме као другари, и со текот на времето станавме многу блиски и направивме грешка,преминавме во пар. Ама јас набргу сватив дека него можам да го гледам како другар само, ништо повеќе ама ме излажа неговиот добар карактер дека ќе можам да го сакам како нешто повеќе од другар, како што он за жал ме засака. После тоа сакав да биде као порано да продолжиме како другари ама он не можеше, и нормално, бидејќи сеуште беше заљубен во мене. Се договоривме одредено време да немаме никаков контакт и ако тој некогаш може пак да ми биде другар и да ме гледа само така, да ме побара. После неколку месеци ме побара, сега сме другари ама сепак не толку многу блиски као порано. Но сепак мило ми е што не го изгубив целосно. Е поради ова не верувам у толку блиско другарство помеѓу машко и женско.
Зависи до бившиот партнер и која била причината за раскинување.Да би био добар не би био бивши.Ако не успеал да ве задржи кога сте биле заедно,тогаш сигурно не ве заслужува ни како другарка.Сметам дека другарството може да премине во љубов.Но љубовта во другарство никогаш.Нема да се гледате со исти очи.Секогаш ќе се закарувате,а причина може да биде љубомората од типот овој те свиѓа,овој те гледа,ти се пушта,овој вака овој така.И пак не си раат.Вие всушност сте прекинале со врската,но едната страна мисли дека постои надеж и мисли дека сеуште сте во врска и те контролира,ти забранува некои работи,со еден збор те "гуши".
Мислам дека не е добра идеја да се биде другар после врска,барем според мене.Секако,да било добро,не би завршило.Инаку ова другартво би било само како некоја надеж за нов почеток на врската-која сигурно нема да биде океј,ќе заврши на истиот начин,претпоставувам.
Не никако. Ниту еден од партнерите нема да може да го гледа другиот како другар, ако предходно делеле заеднички моменти и интима, среќа и тага, а пред се љубов. Никако.
Многу зависи од тоа каква била врската, значи ако биле ок и двајцата сфатиле дека не им иде врската тогаш, прифатливо е да бидат другари, ама ако се испокарале, изварале и сл... тогаш тешко дека ќе бидат другари пак.
Moje misljenje je da posle veze drugarstvo je nemoguce,bilo bi to lazno drugarstvo, U redu je da postoji prijateljstvo,kada se sretnete cao=cao i to je to ali sada vi da se druzite i razmenjujete misljenja i tajne-to je nemoguce posle raskida gde je bilo ljubavi...
еве и мое мислење... и ја имав таква ситуација каде што раскинавме со еден ама од другарство не ма ни д.мислам што мајка барам со него ако веке е крај,мене ми е убаво со овој што сум и се надевам дека така ке остане до крај.
Јас неможам да бидам другарка со некој со кој претходно сум била интимна. ако тој човек бил толку добар со мене и ако можеме и понатаму да функционираме зошто тогаш би ми бил бивши? Значи невелам дека со бившите не зборувам напротив, кога ќе се видиме ќе се поздравиме како луге ќе се прашаме формално како сме и тоа е тоа, а да бидеме другари и да пиеме кафе и да се доверуваме еден на друг ми нема логика. Да, се случувало од другари да преминеме во врска или мување или евентуално да подклекнеме на моменталната слабост и да имаме секс за една вечер, но потоа во никој случај неможеме да бидеме другари како претходно.
Мислам дека е возможно доколку одлуката за крај на врската била взаемна, поради обострано оладување. Но и покрај тоа, сметам дека пријателството би издржало се додека двајцата се сингл. Кога ќе се смени тој статус, би дошло и крај на другарувањето, со исклучоци, секако... Од две причини. Прво, колку и да сме оладиле за некој, нема да ни е сеедно кога ќе го видиме со друг/а и малце по малце би се дистанцирале. А второ, тешко дека идните партнери би биле толерантни до тој степен да се чувствуваат удобно нивниот партнер да е другар со бившиот/бившата. И тогаш повторно ќе дојде до едно принудно дистанцирање, во име на мир во новата врска...и тоа е тоа.
Искрено не верувам баш во тоа. Може да се остане во контакт секако, да имаш некој нормален однос, ама другарство баш и не. Малку тоа зависи и од врската колку била долга, што чувствувале еден за друг, затоа што ти да останеш другарка со него секако дека нема да ти биде сеедно, што ќе си кажувате со кого сте се мувале предходниот викенд? Пак ќе кажам, нормален однос, муабет како си што си, да, ама некое преблиско другарство не. Тоа пак води кон старите чувства и се во круг знаете како е.. Не верувам во тоа, како и да е на крај пак ќе прерасне во врска ( барем сите примери што сум ги видела така било ), барем во прво време не, а после може и да седнеш да испиеш едно кафе, меѓутоа веднаш по раскинувањето не е можно да се правиш како ништо да не сте поминале заедно, и одеднаш другари да бидете.
Ма какво другарство бе, со таков идиот не може ништо да бидам...брзо по раскинувањето, јас заминав од Германија во Америка, и после некое време се вратив на гости, и моиве бивши школски организирале забава за роденден на една другарка, а тој им рекол ако дојдам ќе се смувал со мене. Абе кога слушнав полудев, главата ќе му ја скршев..како има срце и образ после се' што направи..извињавам на изразов ама ПИЗДА е, и тоа голема aуу уште се нервирам...фала богу не отидов, си се вратив во Америка и сe' ми е под конец ) Не сакам никаков контакт со него, нека остаре сам дебил ниеден!! ..Што мислите, добро направив? хихи
Не, затоа што за брзо време ќе прерасне во секс бади, секс без обврска и што ти ја знам уште што со оваа ,,нова,, мода на различни сексуални задоволства . Неможеш да контролираш емоции. Неможеш да повлечеш линија во мозочето и да си кажеш од утре го сакам на другарски, пријателски начин. А и да можеш еве на пример, премногу е исцрпувачки и дали вреди сето тоа ?!?! Едноставно преболуваш болка и одиш понатаму. А да не кажам дека ако меѓу време си фатиш нов дечко и лепо фино му образложиш дека тој ти е бивши ама сега сте само другари , па флешови во мозоче,... Според мене, несакам заробувања во минатото туку живеење во иднина. Не дека ќе биде државен непријател бр.1 ама секој по својот пат