зависи од карактерот на бившиот... со еден сум и тоа екстра другарка, подобри сме и од кога идевме, а со другиот не... јас сум „за“, ако мислам дека он би бил cool with that
За секој е различно. Зависи од личностите кои биле во врска како и причината поради која раскинале. Ако би раскинале пошо едниот више не е заљубен/а а другиот сеуште е, нормално дека не би можеле да бидат другари после врска. Мое мислење, у најголем процент остануваат другари оние кои немат веќе ништо заедничко во врската ко што би се рекло не можат да идат веќе вака. Нема искра више, а да не зборам за огнот што горел некогаш. Јас лично да ви кажам досега ниеден бивши не ми останал другар. Се запрашувам некогаш, зар сум толку остра на крај?
Другарство?Какво другарство ко најдобри другари?тоа НЕ...но не сакам да се правам дека и не го познавам ако се било океј и ако човечки сме раскинале.Едно здраво,како си,што правиш?зошто да би немале,кога би се сретнале некаде,тоа ми нема смисла.Доколку има некој исклучок подобро би било да се договориме дека ќе постапуваме како да не се познаваме.
НЕ... секогаш едниот потајно ке се надева пак да сте во врска и другарството е начинот за да остани блиску до тебе или ти блиску до него. Можи има исклучоци ама од мое лично искуство сум го сватила ова и затоа не практикувам - чао пријатно ни ти да слушниш за мене ни јас за тебе
Не верувам во другарство после врска. Мојот бивши дечко, додека комуницитавме пред неколку години чисто "другарски" немаше момент да не спомне да се видиме. Сега човекот може мислел ај ке испиеме едно кафе да се видиме.. бла бла.. Ама кога е бивши никогаш не се знае. Сега сум во сериозна врска и не планирам да си правам проблеми поради некој што сега не ми значи ништо. Но сепак ако врската завршила бидејки двете личности веќе не се сакале и дошле до договор за прекин, не гледам зошто не би биле другари. Ама таквите случаи се ретки, така да другарство после врска НЕ постои. Да не се лажеме
Postoi prijatelstvo pomegu masko i zensko koga veke se gradi drugarstvo nemoze da prerasne vo vrska se ostanuva drugar do kraj
Јас верувам во тоа дека: “Другарството може да прерасне во љубов, но љубовта во другарство - НИКОГАШ!“ Посебно ако се работи за повеќегодишна врска која завршила и ако кај едниот од партнерите чувствата не исчезнале...
Другарство после мување постои ама другарство после врска потешко малце. Не сум слушнала за таков пример сеуште
Прибидејќи моите врски завршуваат трагично немам бивши (дечко) другар. Имам еден бивши од пред 7 години што идев со него (коа бев дете) ама не ми е баш другар зашо нема другарски намери. А за другарство после врска тешко малце тешкоооо
Кај мене ова никогаш не е успеало. Пријатели пред врската да, но ако заврши врската се губи и пријателството за жал.
Да се поздравам на улица од чиста култура ДА. Ама да се дружам и да излегувам со него ако се мисли на тоа да сме во исто друштво тој со нова женска јас со нов дечко НЕ. Е да како не ќе се гледаме со други и ќе се потсетуваме што било меѓу нас некогаш