Филмот беше супер. Добра приказна. Разлика помеѓу љубов и секс и колку може да опстои едно машко-женско пријателство или барем доказ дека оваков однос неможе да опстои. Ми се допадна најмногу актерката Мила Кунис, скроз и беше погодена улогата и добро си ја заврши работата (настрана од тоа дека е најзгодна ). Мене лично ми се допадна но не ми се допаднаа последиците од филмот. Младината почна да се занесува пошто доби нова идеја за секс, посебно женскиот пол иако очекувано беше обратно. Но да не бегам од темата, филмот беше супер.
Одличен филм, ќе ве насмее, но и ќе ве поучи дека кога најмалку очекувате, тогаш можете да се заљубите.
Значи филмчево ми е баш по мој вкус. Така со зафркавање а и секс. Како да си се пронајдов во целава приказна. Чиста 10ка.
Толку го збореа филмов мислев којзнае што е, а тоа типично женско тинејџерско филмче... Мила Кунис ми е супер актерка и баш и лежат ваквите улоги, ни Џастин е лош за вакви жанрови. Лесно филмче е, онака ништо посебно, тотално сум неутрална. Знаете само што е глупо кај ваквите филмови, што девојчињава одма се пронаоѓаат и си наоѓаат оправдување за нивните постапки, а најчесто се разочарани затоа што ваквите врски или да кажам пријатели со бенефиции успеваат само на филм. Нема везе, кога се гледа ваков тип на филм пробувајте да не се соживувате.
Не би рекла дека е тинејџерски. Тинејџерски може да се каже за Mean Girls, Monte Carlo, Twilight. Овој е за повозрасни. Инаку, филмот не ми е ниту добар ниту лош, тематиката е добра но глумата не баш.
Што можам да кажам за пријатели со бенефиции е дека тоа е една симпатичен филм кој не е постигнат целосен потенцијал. Главниот проблем за мене е дека кога ќе почне, филмот се репродуцира како сатира, а кога тоа ќе заврши, тоа е се одигра исправено.