Ова не го бива,ако имам секс со другар не ми е другар значи тука пропаѓа целата смисла на другарството
Ако не си во врска и не си заинтересирана да бидеш, а притоа имаш потреба да бидеш интимна со некого...зошто да не? у секој случај боље е да си имаш другарче со бенефиции за у такви случаи, одколку да скокаш од кревет во кревет во врски за една ноќ со мажи што речиси и не ги познаваш.. Не сум била досега во ваква ситуација, ама уште еднаш ќе речам: зошто да не?
Имам прашање за феминките кои веќе имале вакви искуства или пак држат отворен став да пробаат ваква врска - Колку би било океј , со моите 15, да се впуштам во односот friends with benefits т.е другар со кој само би се мувала без вклучување на било какви емоции, со добра комуникација но без класичните т.н синџири кои би ги налагала нормалната врска ? Можеби прашањето не ми е доволно јасно поставено, бидејќи до сега сум имала само еден дечко пред пола година (и тоа не беше некаква посебна врска) и не сум сигурна што навистина ми треба, меѓутоа осеќам потреба да бидам со некој - во прв ред физички да се поврзам. Не сум била досега заљубена, имало неколкумина што ми се свиѓале физички и мое мислење, што исто така сум го слушала и од постари и поискусни од мене, НЕМОЈ да се заљубуваш на оваа возраст кога треба да живееш до максимум, да си уживаш со друштвото и да не се замараш и нервираш околу обврската наречена ВРСКА. Па сега доаѓа мојата дилема - Дали би било во ред да имам одреден број на мувачи т.е friends with benefits со кои нема да се вплеткувам во ништо поозбилно до 17-18 на пример, па потоа да размислувам за врска во подоцнежните години и колку ваквата намера би ми била успешна ? не сум девојка што лесно се дава, до сега сум била само со еден и дури премногу размислувам и за едно кафе со машко заради мои лични анализи и критериуми што ги правам.. така да не се плашам од било каква етикета зашто сепак вклучен ми е разумот, но сепак сакам да осетам како е бидеш во ваков опуштен однос, да си уживаш & to loosen up a bit. Каков е вашиот став тука ?
Суперсоник, а што ако додека трае тоа другарство со бенефиции тебе ти се јават чувства да речеме, посилни од што би требало? И мој совет е да не анализираш премногу, се додека не осетиш на своја кожа како може да боли и какви последици може да има, ништо незнаеш, еден ден сите тие анализи ќе ти паднат во вода. Мораш да направиш грешки за да научиш од нив. И мој совет е, да не претеруваш со мување, рецимо да имаш 4-5 мувачи а во меѓувреме ниеден дечко, затоа што познавам доста девојчиња меѓу кои и мои пријателки кои поради таквото континуирано мување неможат сега да си најдат дечко и да отпочнат врска, зашто сите знаат дека тие не сакаат ништо сериозно. И си имаат проблеми со тоа. Опушти се, јас тоа ќе те советувам, искуси повеќе работи што се во границите на нормалата на твоја возраст и не претерувај со анализите, зашто како што кажав, џабе се сите анализи кога немаш почувствувано ништо, ретко кој може да извлече поука од нечии туѓи грешки, повеќе од своите се учи.
Been there, done that... И ставив крај! Одамна... Како заврши? Сега сме супер другари, боље и од порано... И само другари. Никој до ден денес од нас двајца не разви чувства... Не би го практикувала пак сега за сега, затоа што започнувам нешто посериозно со тој - битниот! Но, не велам не... не се знае што ќе дојде во иднина... Искрено, мене многу ми се погоди ваквото другарче... Во моменти кога ми било најтешко и кога сум била најосамена и буквално сама, сум добивала најдобар муабет на цел свет пропратено со секс... Во моменти кога сум имала самодоверба 0, повик е доволен за да имам 100% самодоверба... Буквално ме познава цела... Ми ги бришеше солзите, ми го хранеше егото и ме задоволуваше... Ми делеше искрени совети и искрени критики... Вистински пријател, сексот идеше гратис... Секако и јас за него истото го правев! Денеска тој е еден од ретките што го почитувам како личност и знам да му пишам или да му се јавам чат - пат. Искрено, го осеќам како премногу близок и сличен на мене... Он ми е машкото јас... И го сакам на некој начин(да речам - пријателски), ама не на оној начин со пеперутките
Мило ми е што го читам ова, можам да кажам дека можеби е и најпозитивниот одговор на темава. Само што сепак, мое мислење е дека ова е доста индивидуална работа и дека се зависи од самите карактери. Јас самата сум доста емотивна, меѓутоа исто така брзо губам интерес кога нешто не ми се поклопува со желбата.. искрено се надевам дека во иднина ќе бидам во ситуација во каква што си ти со дечкото и дека ќе можам да се носам со неа на таков начин. Offspring, ќе се обидам да ти го следам советот. Имав двоумење за тоа како да се поставам на целава ‘‘бенефитс‘‘ работа зашто немам доволно искуства со машки, а сакам да се опуштам малку на таа тема и веќе да не бидам таа која ќе ги слуша туѓите доживувања и си ја полни архивата со киксови и искуства на другите, со цел да не ми се повторат мене. И ме интересира, каков ти е ставот за топло-ладното понашање кога се работи за тип што ти се свиѓа, или сепак играш со отворени карти ? Никогаш не сум начисто тука, зашто играм hard to get на почетокот, а после нагло се отварам и тоа се ми упропастува..
Drugarchinja Imam eden problem Mazena sum , no zapoznav sluchajno edno drugarche na ulica shto na kraj zavrshivme so seks . Mislev samo togash i tolku, no ne beshe taka , se sluchi povtorno . Pochnav da vnesuvam emocii , a toj e iskusen nevernik , tochno si gi znae granicite , sex i tolku, a jas sega kako da baram od nego chuvstva , a znam deka ne smeam , i losho se chuvstvuvam, postojano mislam na nego . Kako da se spravam so neprijatnata situacija ??? Pusa
Расчисти си во главата дека од него можеш да добиеш секс. Ако сакаш да си со него значи прифакаш да си со човек кој утре ке сретне некоја ко тебе што те сретнал и ке се изе*е со неа...па друга..па трета. Поголема причина од ова не можеш да најдеш. Бај д веј јес да на нас жените најслатко ни е тоа што ни е недостижно и се би направиле за да го добиеме...но и да добиеш некаква си љубов од него ке сватиш дека ти би каприц.
Зависи како гледаш на поимот другарство. Според мене баш тој другар со кој сум имала секс ми е прав другар. Значи ме знае на секој можен начин. Е сега твое е да не мешаш чуства и да се држиш на ЧИСТ секс.
Јас би те советувала да престанеш да се гледаш со него, ако не сакаш да настане некоја поголема беља. Прекини додека е време, за да не биде касно. Ете си го направила тоа, времето неможе да се врати, ама барем не продолжувај. Посвети се на семејството и на другите работи што те прават среќна и што навистина ти значат во животот. Со среќа!
Fala za sovetot , sekogash koga ke pomislam na nego se fakjam za rabota , za da gi trgnam mislite na neshto polezno , no znam da poglednam kako so ishekuvanje da svetne telefonot so nekoja poraka Naskoro i toa ke go sredam
ова повеќе е да се задоволиш во секс отколку во мување.. со бенефиции не сум имала никогаш другар и не планирам да имам едноставно не ми е јасно како е можно јас и он во слободно време да се муваме и имаме секс а послем тоа да се правиме како ништо да не се случи.. тогаш си способна уствари со било кој да имаш секс така? ниту ги осудувам таквите што го правите тоа.. вие си знаете
Јас под другарство со бенефиции подразбирам и само мување без секс...инаку јас би сакала да си имам едно такво другарче со кое ќе си се пафтам(мувам) и слободно ќе си зборувам за љубовниот живот ...сеа за сеа си имам еден таков што сакам да ми биде другарче со бенефиција ...и двајцата си се свиѓаме а слободно си зборуваме за другите симпатии,бивши и така натаму...
Што фино се даваат епитети во ова модерно општество (добро де можеби сум старомодна). Според мене тоа не е другарство (ама она вистинско мислам). Значи, другар ми е оној од кој имам некоја бенефиција или корист, според мене НЕ. Али ок, битно задоволени се двете страни и тоа е, фала и чао. Секој со свој памет
Имав во средно една другарка која беше во такво другарство со еден дечко исто од нашето друштво. тоа траеше некаде околу 2-3 месеца. Другаров после тоа си фати женска и оваа му го направи животот пекол. Кажуваше наоколу свашта за него. Скоро сите од нас престанаа да имаат секаква комуникација со неа. Џабе и беа извинувањата после тоа. Штетата веќе беше нанесена.
Јас мислам дека ваквото "другарство" е многу добро доколку сакаш само забава т.е не сакаш да се обврзуваш со некој и е посебно добро до кај 20тата година, според мене... Прва причина е тоа што освен забава со него можеш да имаш и забава со другарки, другари, да излегуваш, да запознаваш нови машки и сл. Но, ваквото другарство би било добро само ако постои почит, доверба и разбирање помеѓу партнерите
Некако мислам дека ова другарство со бенефиции може правилно да се протолкува и да се издржи кај луѓе кои се веќе зрели,искусни и знаат што сакаат во животот.Млада девојка многу лесно може да се заљуби после сексот кој што по правилата на играта треба да е само секс и ништо повеќе.Не знам можеби успева и кја помладите ама јас сепак мислам дека таков вид пријателство може да успее кај личности повозрасни позрели,кои знаат што сакаат и трезвено стапуваат во вакво секс пријателство.,и покрај тоа што и кај нив може многу лесно да се случи заљубување.
да, имам и јас другарИ со бенифиции... Можам да им се јавам во секое време и знам дека секогаш се достапни за мене. Исто и они ме бараат за СЕ што можам да им се најдам ОСВЕН ЗА СЕКС (или мување де ), научете веќе еднаш што е другарство и за што служат другарите. Е ајде ако немаш со кого па смувај се со другарка, што па мора да е ДРУГАР - Бог да чува. И после се жалите како нема вистинско другарство во денешно време - ЕПА ЌЕ НЕМА. И мене кога ќе ми се пушти некој го сместувам во друга категорија, тој може да ми биде се друго освен ДРУГАР