Јасно е дека е жално за детето, ама да го прифати како свое? Wtf? Па таман работа, има илјадници дечиња во дом. Згрижи ги сите ако не.. Јас би се јавила на мајката, би и кажала дека сакам да ги научам децата на ред и обврски, и дека не сакам секој ден, по цел ден да си играат. Кога ќе бидат слободни, ќе може да дојде, ама да се јави и да праша дали сме слободни. Така ќе го сфати помалце навредливо, ама мислам ќе и стане јасно.
А како реагирате кога вашето дете го брка другарчето. Мојов на одредени деца дава играчки, нејзе не сака и лист што се вика да и дај. Таа му зема играчка овој почнува да плачи, таа се смее. И мојов ја брка и вика оди си несакам да играм со тебе, дури и вратата и ја заклучува По два дена се смируваат играат надвор со топка, ако влезат дома пак истото се случува. И кога ќе иди не да викни по синко туку слободно си влегува со се патики со влечи го бара по сите соби.
Јас мислам одма да се судело само.Тоа е дете само.Што ако отворило ,чудо големо,пак ќе затвори.Ехе,кај нас што дојдат некои роднини со мали деца мора цела куќа да се провери од децата не ми смета дете да шета,отвара,фаќа работи низ домот.Мене ми смета кога ќе дојдат големи и возрасни луѓе и шетаат низ цела куќа,т.е. јас генерално живеам во стан и има навистина такви,па на тараса да излезете,таму сакале кафето да го пијат,имаше една и чаршафот надвор на масичката цел го натури до кафе.Потоа двајца имаше ми возрасни кај нас на гости ептен се изнервирав тогаш,на тараса без прашање отвараат вратата и да ја виделе тарасата,па во тоалет да оделе и што не .Бетер од деца. Не ми сметаат децата воопшто. Мислам дека ќе се согласите со мене.Но,не мора да значи секој си има право на свое мислење. И нека си играат децата ти заврши си домашни работи.
Не ме сфати, се надоврзав на некои што погоре и сугерираа на жената да го прифати детето како свое, демек они така би постапиле. Ако постојат толку хумани луѓе, штета е хуманоста да пропадне. Има илјадници дечиња во дом кои тие можат да ги посвојат и прифатат за свои. А не да се дели совети(читај: критики) како она како мајка треба и туѓо дете да чува.
Многу ми е жал за детево. Не е должност на членката да го чува. Ама и те како не е чувано како што треба. Ваквото однесување на родител е надвор од нормала... очигледно не сакаат дома да го видат, други да го растат.
Тие возрасни што ти отвараат секаде не се научени како мали дека тоа не треба да го прават кога одат на гости некаде. Најверојатно и нивните родители додека биле деца збореле Остај го дете е, како ти што збореш сега и затоа не знаат дека тоа што го прават не е културно
Прво,океј е да дојде еднаш-два пати неделно но секој ден и цел ден,не е. Очигледно е дека родителите сакаат како да се ,,ослободат,, од него.Но,не е твоја должност да го чуваш. Доколку продолжи така да се однесува јас мислам дека треба да им кажеш на родителите,што како е.
Бркај го индиректно. "Ејј не слушна? Мајка ти те вика оди види што те бара". "Оди си треба да се бањаат Славчо и Трајчо". "Ајде сега оди си време е за попладневна дремка дојди после". Кажи му дека треба да одите некаде, кога ќе дојде следен пат кажи дека малите не ти се дома. Стварно жално за детево што од мало не му посветуваат внимание и нема да стигнат на време да го научат што е добро што е лошо.
Kaj me procita vina deka i nabivam ama da go brkam mislam ne bi mozela. Nema da go gledam ko moeto ama da go brkam i da ne otvoram vrata mislam deka ne bi.mozela.
Дирекно не, и не те посочив тебе лично... јас реков дека лично јас не би и набивала вина. Некој може би ги собрал сите скитници кучиња од жал, сите имаме различни сфаќања, и тоа е ОК. Работата е што е сосема нормално човек да не сака туѓо дете по цел ден дома, секој ден. За таква работа дадилки земаат по цела плата.
Кога ќе дојде детенцето, ќе му речеш работи како: „Тета, сега одмараме и ќе спиеме/Време е за ручок, после ручекот ќе дојдеме кај вас/Децата не можат да си играат бидејќи треба да си ја средат собата и слично“. А на мајката же и речеш отворено дека сакаш да се дружат децата, ама дека не може во секој момент и секогаш кај вас. Ќе и кажеш дека си изморена и дека не можеш да си ги завршиш домашните обврски.
Да де, остај ги, деца се, утре ќе истепа некого нашколо, остај го дете е, за се остај го дете е, па ќе порасне во возрасен човек што нема појма што значи зборот граница. Никој не е должен да чува деца од други луѓе. Не знам зошто набивате вина. Не е мала обврска да чуваш дете, најтешкото и најодговорното нешто на светот е тоа. Сакам да одгледувам толку деца колку што сум решила да родам. Божем маче од улица е ова, ако не го сака мајка му ќе си го приберам дома. Не е детето за ништо криво, никој не вели дека е криво. Ама ако се осеќа незгрижено, ќе се осеќа незгрижено од родителите, а не од комшиите. Никое дете не рекло - се осеќам несакано зошто Станка од комшии денеска не ме однесе на нишалки. Секогаш е - мама не ме однесе на нишалки. Замисли дури правиш ручек да се повреди некако во друга соба, кој ќе е крив тогаш? Ти, зошто не си го пазела. Или па ако го пазиш цело време да не се повреди ќе треба да купуваш ручеци секој ден од ресторан.
Не е едноставно. Слична ситуација имам. И е до родителите и само до родителите. Ај еднаш, два пати, 5 пати ама мајкава доаѓа као на лаф муабет едвај 2 реда и и вика иди ајде играјте си, ја дур понудам кафе неа дим да ја нема... И греота е. И ручек ќе дадеш еднаш, два, пет пати, па и 10. Значи не ми е проблем да си играат ама нека седне мајкава со мене кафе нека испие. Баш го тупнува детето. Жално е за детето. Ама па мајка му не го жали, јас ли да го жалам? Така си викам и и го враќам без никаков изговор. Детето додуше е мирно и кротко и срце ме пара колку не му се посветуваат дома.
Мене она ми падна во очи, и избегало не знаела кај заминало?! Дете од 5-6 години да не знаеш во било кое време кај ти е?! И ти така дома лабавко… Штета што социјални служби не функционираат во земјата, ќе има многу за работа. Што да кажеш ќе згрешиш во ситуацијава. Греота детето само. Му треба и фали внимание дома, па го бара на друго место…. А ниедно дете не би требало така да се осети…. Жал ми е за детето да ти речам директно да им посочиш дека не сакаш дополнителна обврска и одговорност кога веќе имаш доволно околу твоите деца. Иако за твој раат така треба.
Леле какви родители постојат..Греота за детенцево. Туку дали детево е малтретирано, дали е чисто средено облечено како што треба или ептен запостсвено? Прашувам зошто има едни такви во местово каде што живеам комшии со моиве кумови, дечињава изгледаат како бездомници буквално. Валкани целите по цел ден на улица никој не ги пази. Колку пати им влегувале дома барале да јадат.. Родителиве уво не ги боли од утро до мрак надвор се децава. Им се заканиле дека ќе ги пријават во социјално џабе...исто мали се дечињава.
Ви благодарам на советите на сите. За чудо вчера цел ден не е дојдено, а ни денес. Да, блиску сме и секогаш само доаѓа. Да, сум рекла неколку пати, но за еден час пак се враќало. Не судам, знам дете е, но не можам секој ден по него да ги враќам работите. Еднаш, два пати ќе премолчиш, но секој ден е исто. Да се случува еднаш два пати неделно не ми смета.
Не знам дали го малтретираат дома. Кога доаѓа од сабајле е чисто, но поручек се гледа дека играло во двор неколку пати влегло цело со земја со сандали внатре, па сум му измила нозе и сум чистела. Дури и еднаш сум му облекла од син ми алишта бидејќи беше со кал. За јадење грицки грицкаат за доручек секогаш ми велело дека јадело дома.
А родителиве да не се некој алкохоличари или наркомани? Сварно не можам да разберам до толку да не се грижиш за своето дете..Имаш ли разговарано со родителиве на детево дали ти изгледаат нормално.. не знам што да кажам жално за тоа детенце.