Значи многу бргу осудувате! Значи детето ако оди низ куќи да си игра не значи дека дома не го чува никој или ако си е темперамент или љубопитно не значи дека никој не му посветува внимание...Еве секој ден си играат деца пред зграда баш на таа возраст од 4ри до 8 години се децата! Идат едно кај друго натаму наваму... муабетот е дека дома собиранки од деца што има малку повеќе љубопитност, се хипер активни..итн на кој му смета нормално е да се каже на родителот дали директно или од околу не е важно (бидете малку човечни сепак се зборува за дете и родителство)
Нешто слична беше и мојата ситуација.Бидејќи ние живеевме на понаселено место со повеќе деца,куќи, имавме голем двор,децата секогаш доаѓаа кај мене да играат.Мајка ми изморена доаѓаше од работа,јас го сфаќав тоа дека премногу работела,но не можев да ги изнесам децата од дворот.Дури откако се преселивме (од други причини) тогаш го најдовме мирот.Јас и онака си бев повлечено дете,не сакав да се дружам,а на новото место ми беше подобро.
Не мора да значи дека родителите се алкохоличари или наркомани ако детето е темпераментно. Познавам пар мајката докторка таткото-адвокат девојчето да го видиш ќе речеш од семафори го собрале. Едноставно сите родители ги воспитуваме децата како што ние мислиме дека е нормално. За некои, нормално е детето да оди само по куќи и да се однесува ко дома, за некои не е нормално ни вода да побара ако не му се понуди. Ми се случи пред неколку дена играа децата во двор со другарчињата јас и мајките пиевме кафе. Дојде едно детенце ми побара вода, нормално станав му дадов, мајка му го испокара дека не било убаво да бара. Останавме позининати со другата. Ама тоа е... не има свекакви @lile29petrov ти дадоа доста совети, ако не помага ни тоа, седни и разговарај со мајка му и кажи дека не можеш да ги вардиш по цел ден. И да се налути, ич не се секирај, не си ти виновна што сакаш мир, нити па треба да се грижиш за туѓо дете по цели денови.
Тешко да не се тие деца од некого надгледувани. Имам 4г и 7г дете и шанса нема да ги пуштам сами сеуште. Дури и на улица наша која е слепа улица, јас сум со нив надвор тоа време кога играат или комшикава (се договараме ако се заедно со нејзините), некогаш и двете си седиме, они играат. Па и во двор да ми се или седам со нив или нонстоп ги ѕиркам, ќе викнам дали се добри. Комшиите ми се со деца на иста возраст и премногу сме блиски, па не ги пуштам моиве да одат навака, натака туку така сами и исто и нивните се така научени. Дружиме и доаѓаат и одиме, ама со договарање. Некогаш јас ги чувам сите кај нас си играат, некогаш и она, ама пак е тоа со договарање. Еве сега се вративме од шеткање и нивните беа во двор и моиве сакаа да одат, реков не, ако не сте викнати кај нив, нема одење. Што треба сега јас за да одмарам, да си ги пуштам онака фино лепо да се акнат во двор кај дечињава, па нека ги чуваат цел ден бабата и дедото и мајката и моиве. Не е детето тука криво, родителите се или некој од родителите ако не се и двајцата дома. Плус детево чепкало се живо по дома, отварало фиоки итн. Не е во ред.
Малку надвор од темава ама кога другарче ќе го покани детето на роденден дали го носите само него(детето што е покането) или и брат му / сестра му ги носите заедно со него на роденден?
Ова ко темана со дечкото/мажот на свадба Шега на страна. Досега не ми се случило само едно да биде покането, бидејќи заеднички им се другарчињата. Но, кога ќе тргнат на училиште, мислам дека само едното би го носела (тоа што е покането)... освен ако не ми речат дека може и двете.
Сега сме во недела на род кај другарче на син ми од училиште, сам ќе оди без сестра му. А имаме и такви другарчиња кои учат со него, но дружиме со родителите и надвор од училиште и кај тие ги носам и двајцата. Исто и од кај малава од градинка, сама оди на родендени (сама е и поканета) ама едвај јас ги знам децата и родителите На другите заеднички родендени, двајцата и ги канат. Но тоа се дечиња на наши пријатели, роднини
Па ако не знаат кај им е детето нормално е да се запрашаш чекај дали некој се грижи за тоа дете или не...Еве мене тоа ми падна во очи, штом мајката ноншалантно ѝ рекла на членката дека детето избегало значи испаѓа дека тоа си е редовно и нормално кај нив?
Еве во мојот случај Таткото е во странство, ќе напишам МАЈКА бидејќи стварно си го чува детето и покрај тоа ја чува Мајка и и Дедо и Ја си го поврзав со мојот случај моето комшвче идеше, и бегаше на мајката од дома и е хиперактивно не знае што ќе направи од кај ќе падне каде ќе се повреди...Она е СУПЕР МАЈКА бидејки сама ја чува маж и е на работа во странство стварно и посветува преголемо внимание.. И е СУПЕР ЖЕНА ѓи чува мајка и и дедо и до пред некое време и татко и кој почина
Ама сигурно тоа девојче кога ќе избега, мајка и оди и ја бара одма. Ова го оставаат без да го побараат каде е, со саати, по цел ден (бар така кажува членката).
Детето да ти избега од дома мора да е ОГРОМНА неодговорност(загрижувачка) или да излажеш само да се испереш да не ти биде непријатно што ти го враќа.
Јас и брат ми сами излаваме од 6 години и си игравме без надзор од родителите па еве израснавме и ништо не ни фале
Кај мене едни комишии направија куќа и се вселија 2018 имаат близнаци и едно постаро дете од како се вселија еве 4 години нон стоп се кај мене ни не прашуваат дали може да дојдат туку си знаат кога сакаат може да дојдат не ми сметаат баш напротив ми се интересни ги исчував повеќе се со мене него со родителите
Како тоа да бидат деца, да дремат по туѓи куќи со саати и да бидат нечија обврска? Што ако тоа дете падне и се повреди лошо, кој е одговорен тука? Сигурна сум дека мајка му ќе ја бара вината во членката, не во себе. Не е веќе исто време како пред 15 години разберете. Лоши возачи, опасни луѓе, глупости видени на интернет, се тоа е присутно во денешницата и треба да се обрне многу внимание на децата. Јас лично не би молчела со оглед на тоа што се преминати сите граници. Би го вратила детето кај мајка му со вистината, имам доволно обврски и дете за кое треба да се грижам, и доколку сакаат да се дружат треба да биде претходно договорено меѓу родителите.
Фала богу дека не! Ама мајка му и татко му еве не се наркомани и не се луѓе штетници. Со разговор се е ок...Тука возрасните треба да разговараат а на дете се може да му текне, па и да бега од дома. Јави се кажи детето дојде кај нас дали знаете или не знаете, детето тоа прави кај мене, па и дали јадело или не јадело.
Јас сум во таква ситуација со ќеркава . Верувајте луѓе , бега од дома и оди во комшии без да ја приметам . Како успешно се " мушнува " низ врата , тоа е чудо . Ја карам , зборувам , со убаво , со лошо , се пробав и еве ја истата па истата . Додека е пред тебе е " добро , нема веќе " и после иста песна . Најлошо е што не кажува каде оди . Само излегува од дома . Има 6 години и наскоро ќе оди на училиште , па се надевам дека училишните обврски ќе си го направат своето и ќе се опамети . Јас веќе немам сили за опаметување . Вчера и велам " нема одење кај Мила денес , дома ќе бидеш , ќе играш со Михаела ( помалата ќерка ) затоа што брат ти и татко ти отидоа да работат .. добро мамо , нема да одам кај Мила денес " . Отидов до тоалет , се враќам , од неа ни трага ни глас . Гледам низ куќа , низ порта , неа ја нема . Помина половина час и ете ја доаѓа дома ( среќа , мајка ми доаѓала од работа и ја собрала дома ) , ја искарав нормално . Не е сеедно и за нас веќе , девојчето дали има 3 пати дојдено кај моите , а оваа мојава се таму е . Ќе си помислат дека намерно ја пуштам , луѓето . Сега е под казна , и една недела нема кај баба на село , дома ќе седи . Ќе слеземе во двор , малку шетање во парк и тоа е . Секој ден нова борба со неа . Како од два различни света ми се децава . Синот е 8 години и се околу двор си се мотка , и да оди некаде има осет за време , по половина час е дома . Ќеркава е уби боже , дома не се завртува слика да остави , а малово е мало уште , како ми изгледа бетер од сестра и ќе биде .