Замисли недај боже да и се случи нешто, коли има надвор што возат пијани, луѓе има секакви, педофили има. Секој би рекол - кај му беа родителите на детето. Никој не вели - е тоа е деца, не можеш да ги пазиш. Се додека сметаш дека кај другарка и оди, ќе имаш чувство дека не можеш да ја контролираш. Кога ќе ја сфатиш сериозно работава дека може некоја несреќа да и се случи, зошто толку мало дете оставено без надзор е опасно, тогаш и ќе заклучуваш и се ќе примениш што треба, ама нема да излегува кога не смее. Верувај дека најдобронамерен совет ти давам, многу ти е мало детето. Не може толку мало дете да го мафта родителот, ако родителот не допушти. Не е за карање, твое е да обезбедиш да не излезе никаде сама, не е тоа обврска на детето да пази и да мисли, тоа е наша обврска ко родители.
Како може дете да бега? Заклучи врата, сокриј клучот. Мене ми е чудно кога некој родител ќе каже оти детето му избегало од дома.
Мене шубе би ми било така. Не знам кај живееш и колку ти е безбедна населбата. Ама ја пред 2м излегов сред бел ден да запалам цигара на клупа и за 2м манијачиште ми се нацрта до мене седна. После мајка една ми кажа дека околу мали девојчиња се мотал истиот го пријавувале. Зборот ми е јас возрасна се извадив од памет раце ми се тресеа, а вака не можам да замислам.
Јас најчесто наоѓам причина, давам објаснување зошто нешто не смее да прави. Дете од 6 години најчесто не се задоволува со - нема да одиш таму! Сакаат причина да слушнат - зошто не смее да оди и кога ќе смее да оди. И има поголем ефект ако слушне - кај Мила денес нема да одиш бидејќи нејзините родители се уморни, или можеби гости ќе им доаѓаат или нешто сл. Ќе одиш кај Мила кога ќе бидат слободни нејзините родители. Наместо со Мила денес ќе си играш со друго другарче, или наместо кај Мила денес ќе играме пластелин, или ќе нацртаме цртеж кој ќе и го дадеш на Мила на наредната средба. Ова го пишувам како идеа како може дете од 6 години полесно да сфати дека не може сЕ и секаде во секое време. Тоа е возраста од 5, 6, 7 години кога можеме да ги поттикнеме децата да сфатат што е културно а што некултурно однесување. Па и сами да расудуваат дали е правилно или не секој ден да одат кај другарче.
Еве ние по сигурни места живееме, па затоа такви коментари даваме.И јас не би го пуштала ако живеам во таква мизерија ни кога ќе наполни 20 а не 6...А најискрено би сменила и место на живеење... Абе ова држава ли е бе лелеее колку се испровоцирав колку сте небезбедни, кој може нека бега!
Леле колку години имаш... Дете имаш? Секаде е веќе небезбедно, не се времињата како што биле кога ние бевме деца. Во Мизерија сме живееле Додека не го научам се, на сите небезбедни ситуации, не го пуштам само и точка. Во мојава општина скоро имаше два пати обид за грабнување дете од улица Може некој од вас прочитал, слушнал за тоа...
Па дете од 6 години во Италија само оди нашколо од град во град 32, и дете имам...не знаев дека Скопје е толку опасно. А ако грабаат така еве и на 15 ќе ти го грабнат. Во каква средина живееме боже мој.
Не е само до безбедноста, секое дете прво треба да праша да излезе, мајката да дозволи и да знае кај ќе оди. И да е безбедна населба како што викате, ваљда не треба кога му текне на детето да си излезе преку врата.
Пола саат не знаеш кај ти е детето и не го ни бараш? Барем да се осигураш дека навистина таму отишло, кога веќе знаеш кај оди?
Никој не спомна одење сам на школо, туку шетање без родителот да знае каде е. Секаде има криминал, сообраќајки, не туку правете да звучи дека Македонија е проблемот. Не знам каде тоа можеш да го оставиш детето само да прави што сака на толку мала возраст. Сигурно и сами на одмор одат од 4 години во Италија, на 5 веќе почнуваат да идат на работа.
Лоши по кој критериум? Стануваат лоши зашто родителиве не сакаат да остават пет годишни деца да се шуткаат по улици без надзор?
Е ама знајте што е проблемот сега ? Што во времето кога растевме ние немаше телефони таблети и толку многу сообраќај. Цела мала сите деца бевме надвор и се снаоѓавме сами. Ај сега 6 годишно прати го во продавница ќе си се збудалиш од мисли дури да дојде од страв. Де брзо возат, де деца се качиле се учат, де возат и тел во раце држат и како да не се плашиш после ? Јас дури сега последниве неколку месеци пред да заврши школото почнав да ја оставам 8 годишната ќерка да се враќа со другарчињата и плус сат и купив за да имам контакт до каде е . Денешните деца не растат во времето како што растевме ние
Епа извини ама на 14 веќе одат на работа, а тука ги назатнуваат децата под стаклени ѕвона се чуваат и тоа е факт, се смени времето -и во ред е секој си има свое мислење
Некогаш се чудам кој се е родител на денешницата, и давам аплауз како може толку да не се замараат и розово да гледаат. Не само што нема да ја пуштам туку и ГПС ќе и вградам. Сме ги назаднувале, Господ да чува Во селана со по 5 жители снемува деца, не па во град.
Не се споредува ние ко бевме деца и сегa. На 5 години седев сама дома, во прво одев сама на училиште со клуч околу врат и излегував сама во друга улица. Сега ни самите наставнички не ги пуштаат децата да си одат сами дури не дојде некој по нив. После влегувањето на првачињата во училиштето кај што учи синот, се заклучуваат влезовите од кај што влегуваат. Во повеќето училишта има обезбедување. Дали беше вака ко бевме ние деца? Едноставно е понебезбедно време и мора да се биде претпазлив. И покрај тоа пак има лоши случки, колку само деца и возрасни се исчезнати последнава година. Мојот е скоро 7, и за надвор е сеуште со нас, игра со другарчиња ама некој од нас е надвор со другите родители или комшии. Се дружиме и возрасните. Среќа па се многу деца на иста возраст, сите машки, се заигруваат во тревник пред зградите и колку толку имаат нормално детство од тој аспект, ко што сме имале ние со игра и дружење. Одат заедно и на училиште и на фудбал. Поврзано со темата, до сега не се случило да се берат дома, ниту во поладно време, и не гледам потреба сега во лето да доаѓа другарче или да оди моето негде кога можат да се истрчаат, да играат и да се на отворено. Не би се нафатила да иди по цел ден колку и да сме блиски, секој си има обврски и нема зошто да внимава на уште едно дете или ко што пиша некој да се грижи за него, ако родителите не се грижат.
Јас стварно не знам кај живеете бе луѓе. Ако е така и јас не би излегувала од дома а не дете да пуштам. -Иззвинете ако ви го реметам мирот ама еве јас сум од мал град, и стварно ептен мирно место не ни замислувам нешто толку морничаво дете да не може во двор да си игра