Другарчињата на нашите деца

Дискусија во 'Дете' започната од lile29petrov, 2 август 2022.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Па еве последно детето Петар што исчезна во мало мирно место беше, дури ненаселено местото кај што исчезна.
     
    На Bubbles02, _beautyy_, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    9.003
    Дете може да си игра во двор, со постојан надзор и контрола, а не да го оставам со саати без да видам што прави или каде е.
     
    На Bubbles02, _beautyy_ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    3.491
    Пол:
    Женски
    Епа извини госпоѓо, јас никаде не пишав со саати да го нема и на никој да не му е гајле. И доста изиграваш паметна. Да родител сум и најгорда сум што сум родител
     
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    9.003
    Си ја пропуштила поентата на темава, зборуваме токму за тие што ги пуштаат и оставаат децата надвор без никаков надзор и замарање, не обратно, сигурно не ги држат сите децата внатре затворени.:)
     
    На Bubbles02, Milkiway, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  5. BebeSofi

    BebeSofi Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ние живееме во Скопје, инаку потекнуваме од мало место. Дете ми е 5 години Тука не го пуштам сам никаде, кога одиме на викенд кај баба и дедо го пуштам на улица со деца да си игра по пола саат, саат. Да мирна сум бидејки секогаш има баби кои си се муабетат, жени кои си пијат кафе. Итн...
    А дека може да се случи и од рака да ти го грабаат детето во Скопје, лично на другарка и се има десено и типот ненормален "мое е детево". Во близина Полиција и не реагираат, остај го ненормален е. Пријавено и нивното понашање и заврши случката на портал и точка.
     
    На mssuniquee, Milkiway, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.917
    Допаѓања:
    77.470
    Пол:
    Женски
    Скроз испомешавте се. Не е работата за шуткање по улица. Работата е дете кое бега од дома и оди и седи по цел ден кај некој, додека родителот не се ни прашува како е и каде е детето.

    Неможам да сфатам како на некои од членовите им е ова океј. Еве јас си имам обврски, мои деца за воспитување и неможам да замислам да ми доаѓа дете од комшии и да ми седи цел ден и секој ден дома, да ми фаќа по фиоки, да шета по соби. Секој си сака мир малку, секој си има свој ред и правила дома. Баба и дедо живеат под нас, па кај нив не ги оставам да седат секој ден и по цел ден.

    А за на улица е друг муабетот и може треба и друга тема за тоа. Зависи кај живееме, во што живееме, на каква улица (прометна, непрометна) живееме. Во нашето маало сите помали дечиња имаат надзор од родител. Еден родител знае да собере и повеќе дечиња, ама сепак да има кој да ги гледа.
     
    На VDT2906, Bezimenka90, The Unicorn и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.037
    Допаѓања:
    13.881
    Една членка пиша дека детето и избегало додека таа била во тоалет и го немало пола саат. Тоа мене не ми е нормално
    Да не си го побарам детето. :x
     
    На baby-star, VDT2906, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  8. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Зошто така мислите дека децата што бегаат од дома нивните родители не ги бараат. Како пишувате како родителите да седат пијат кафе додека му го нема детето.

    Неколку пати синко ми има избегано, јас само знам како си поминував додека го барав.

    Ми се кријаше по двор или одеше кај комшиите до нас и одма ми го носеле или ми се јавувале дека е кај нив.
     
    На Juicy и Malesia им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    А како ти избега, сериозно прашање?
     
    На _beautyy_ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Во двор имаме летно кујниче таму бевме двајцата јас готвев а тој си играше со алатите од татко му и ми се мушна ја начекал портата отклучено и си излегол.
    Јас што ако ја заклучував или ја врзував со ортома... во меѓу време си дошол некој дали свекор или свекрва и не заклучуваа. Само се расправавме за таа врата.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Епа тоа сакам да кажам, пак свекорот и свекрвата ја носат вината што и покрај дете оставаат отклучено.
    Тоа ми беше поентата, дека возрасните се одговорни, ако е заклучено и клучот ставен вон дофат на детето, нема како да избега.
     
    На mal.ecka, _beautyy_, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    Не мислиме ние ништо, така е напишано.
     
    На _beautyy_, The Unicorn, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    “Една членка пиша дека детето и избегало додека таа била во тоалет и го немало пола саат. Тоа мене не ми е нормално
    Да не си го побарамдетето.:x"

    Мене овој коментар ми падна во очи, посебно последната реченица затоа пишав.

    Едит:Сега видов
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Па нели е така? Да излезеш од веце и да го нема и да не го побараш.
    И за пола саат само да дојде.
    Правилно ли е тоа?
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и 24.07 им се допаѓа ова.
  15. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Се разбира не е правилно.
    Се извинувам сум го прескокнал тој дел, не сум го прочитала
     
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.037
    Допаѓања:
    13.881
    Мојот коментар ти паднал во очи, а на членката коментарот дека не го побарала своето дете пола саат не ти паднал во очи. Дали сериозно? 8)
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Кај мене во маало со години деца од 5 -10години си играат по улица и никогаш не сум помислила дека е небезбедно или ќе ги киднапираат.
    Исто и во сите маала во околина.
    Кај е тоа толку небезбедно низ Скопје?
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Како се проценува кај е небезбедно?
    Многу сте црно - бело со ставовите.
    Сегде кај што проаѓа кола, макар и еднаш во денот.
    И во мали и во големи места.
    За беља малце треба.

    Факт е дека дете од 5 - 6 години никогаш не е криво, секогаш е родителот.
    Во врска со воспитната, ја пре би родители да тепам, ако може.
    Не дај Боже само никому после бељата да си ја чука главата вака или така требало.
     
    На elimkd, VDT2906, LadyLollypop и 8 други им се допаѓа ова.
  19. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Ете погоре се извинив сум го прескокнала тој дел не сум го прочитала. Еве и тебе ти се извинувам...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    25.632
    Пол:
    Женски
    Дури сега се вклучувам , па ајде да одговорам со ред :

    1 . @cresa-jagoda и јас мислев на тоа , но детево бега од двор . Ова не се случува кога сме дома , но кога сме кај моите во село , тогаш е проблем . Плус , таму живеат повеќе луѓе , баба ми , тетка ми , татко ми .. сите излегуваат по потреба , а јас би требало да стојам на порта и да изигрувам портир со клучот во рака . Да беше само она , лесно е , но имам и дете од една ипол година , проодено . Дали по неа да трчам или по малово да не се искрши некаде . Село е тоа , ми е страв и малото без надзор да го оставам .

    2 . @Mantub јас инаку во Тетово живеам , но кога е дома не бега , бидејќи живееме на улица , каде се вози многу брзо , и со свои очи има гледано колку брзо возат и како лудуваат поединци , па и е страв да излегува сама на глава тука . Кога сме кај мајка ми , сите тројца ги фаќа паника . Најстарото вози веслосипед , оваа среднава бега во комшии а најмалово шо ќе види фаќа и во уста . Мајка ми и татко ми не се секогаш слободни за да ми помогнат околу нив а баба ми има 84 години , за себе одвај може .. Секако дека не е нејзина обврска , никаде не реков дека е така , но треба да знае дека штом и велам не , тоа значи не .

    Како сте само толку категорични кога во прашање се педофили и силувачи " моето не е НЕ " . Исто така и за децата е , нели ?

    3 . @Milkiway ова се случува во село кај мајка ми . Мајка ми живее на почетокот на сокакот ( нашиот двор е ќорсокак ) а другарчето е на средина на истиот сокак . Тука сите се познаваме , уште од татко ми кога бил мал , ниту се доселил некој ниту се одселил . Генерациски сите живеат тука , а половина сокак и ми е фамилија ( братучеди втори на татко ми и нивни деца итн . ) , плус фала му на Бога , до сега не сме слушнале некој да е манијак или нешто слично , освен еден комшија прв , една ограда не дели со него , што е пијаница . Е сега он ако прави нешто и од двор може да ја земе , нели е така ?

    4 . @snegulkata ох , еден Бог знае , милијарда причини имам смислено во овие 2 недели откако се случува ова . Има спремен одговор како од топ " ама нема да има гости , Мила ми кажа ; Мајка и на Мила не работи , дома си е како тебе мамо ; Мила веќе ручаше , кај нив времето за ручек е порано од на баба ; Мила нема да оди на гости денес , да беше така ќе ми кажеше веќе ... " . Не е проблемот толку безбедноста , сите возат полека бидејќи сокакот и не е баш широк , плус сите се луѓе што се знаат со децении наназад . Проблем е што не можам да ја натерам да сфати дека кога јас велам не , тоа значи дека не смее никако да излегува надвор . Едноставно да ја почитува мојата одлука .

    5 . @RainBow не е дека не ја барав , имам едно комшиче што се занимава со брза пошта и секогаш е тука некаде во близина . Тоа комшиче беше тука кога заминала , го прашав и ми кажа каде е . Инаку комшичево има 20 години , не е баш мало дете па ќе лаже .


    Не е дека не се грижам за неа каде е и со кого е .

    Не сум лош родител што го запоставува детето .

    Темпераментна е , љубопитна е , отворена личност е . Синот се срами , таа ни срам ни перде има . Се метнала на татко и по карактер , не е на мене . И да ја заклучам во една соба , ако наумила , ѕид ќе пробуши со нокти и ќе замине . Дома е скроз друга ситуација , си седи во двор , си црта со боички , си игра со дедо и , и кога ќе кажам не ( после 3-4 пат ) се разбира од збор ( во последно време само збесна и тука , ама повеќе за да направи мерак на девојчето што се одсели , тоа е помало и често плачеше по мојава да играат заедно , но само во двор , не излегувале на улица ) ..

    Реално гледано и јас сум била на таа возраст , и сум излегувала без надзор ( инаку ме чуваа баба и дедо , моите работеа од утро до мрак ) , и сум доаѓала дома кога ќе падне мрак , но кога си дете не го согледуваш ова . Кога си родител , ти изгледа многу страшно , стресно . Плус времето се смени , во градот има еден куп луѓе и не знаеш кој што носи во умот . Додека пак за сокаков каде пораснав , времето застанало . Секој со секого се знае со децении .
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.