Другарчињата на нашите деца

Дискусија во 'Дете' започната од lile29petrov, 2 август 2022.

  1. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    6.505
    Пол:
    Женски
    И зошто не отиде да ја прибереш кога ти кажаа каде е ? Отишла без дозвола нели. Или еве барем да се јавиш на родителите да прашаш дали им пречи и дали може да остане кај нив ? Се задоволи со тоа што ти кажаа каде е и продолжи со денот. Па еве, чим има навика да бега може ќе им избега и на нив и ќе отиде на 3то место? Или тогаш тие родители ќе бидат виновни? Среќа мајка ти ја прибрала после половина час инаку ќе останеше и подолго.
    Велиш не ја запоставуваш и се грижиш каде е. Што знам, мене по се што пиша не ми личи така.
     
    На baby-star, joy1, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.711
    Допаѓања:
    76.992
    Пол:
    Женски

    Ама пак тие деца сигурно некој родител од време на време ги гледа, проверува или тие од 10г ги припазуваат. Не е исто 5г и 10г. Кај мене така се погоди, сите се малечки на мојата улица, нема поголеми кои може да ги припазат и мора да седи родител со нив. Еднаш кога беше синко помал, демек ај ги оставивме на улица и од прозор ќе ги ѕиркаме со комшиката. Па ми скрати живот, да го барам низ цело маало со папучи за по дома, а малото си го оставив во креветче само дома. Дете 4,5г поголемо од него да го земе за рака и да го однесе на лулашки... Па знаеш дека сам го најдов? Го земал и го оставил таму и си отишол некаде. Среќа на комшикава девојчето што се развика одма дека синко го снемало. Не дека ете ќе се случеше лошо нешто, ама пак мали деца се тоа и не се за сами да шетаат по улици. Треба да научи куп ситуации, да созрее малку повеќе да размислува и разбира, па да си шета само.

    Друга ситуација со кучиња скитници си имаме во маало, кои ги штитат одредени луѓе и не ги собираат. Скоро ни се пуштија, јас со 2 дечиња, комшикава со 2 дечиња, а ништо не им направивме. Среќа човек се стрча со стап и ги разбрка и не испрати до дома. Имаше и инциденти со каснати возрасни и деца.

    А за грабнувачи, педофили на толкацки деца неможеш ни убаво да им објасниш. Проба комшиката да објасни на нејзиното што и како треба да пази и и кажа за грабнувачи само. Девојчето се утепа од плачење, не и се излегуваше од дома. Друго е да објасниш на поголемко дете.

    Не се децата од 5г за сами по улици според мене, мое мислење си е тоа. Ќе си шетам јас со нив додека мислам дека треба.
     
    На Oneo, TarantulaA, supergirlmb и 12 други им се допаѓа ова.
  3. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    @CrazyGirl15 И ја живеем во село, имам голем двор, две деца, но никогаш не сум ги оставила во двор сами. Напорно е знам, но ако од мали не ги научиме како и што треба да прават, вината е во нас.
    Деца се, сакаат да играат со други деца, но мора да го научиш дека треба да те почитува кога ќе кажеш не може.
    Ќе им кажеш и на твоите да обрнуваат повеќе внимание со вратата, дека не можеш да трчаш по сите три одеднаш.
     
    На H.VAGA, mal.ecka, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    25.564
    Пол:
    Женски
    Тоа се твои зборови , не мои . Не ми ставај во уста она што не го кажав . Во тој момент јас бев сама со малата дома и баба ми . Знаев дека мајка ми ќе дојде за кратко , и се јавив на мајка ми и реков да ја земе . Од комшиите немам број , затоа и не им се јавив . И се јавив на мајка ми директ , и објаснив што е и како е и реков " земи ја дома " . Толку .
    Внимаваат колку што може да се внимава . Но ете се случува да избега , да не ја " фатиме на дело " . Она беше на поседок кај моите 2 недели и се задружила со девојчето многу, па сметам дека бегањето е поради тоа . Сега не ја оставам на поседок кај моите , каде сум јас , таму и сите тројца да ги имам под надзор .

    Како и да е , се ближи септември , наскоро ќе тргне на училиште , нова средина ќе и биде освежување , ќе запознае нови другарчиња и наставничка која ќе мора да ја слуша . Белким ќе успееме да ја научиме да го почитува зборот на возрасните .

    Инаку и кај мајка ми во село откако паметам за себе децата се чувале едни со други , нас помалите не чувале постарите деца , а и самите биле само деца . Но што знам , времињата се сменија , можеби сега не е така . Овде сеуште гледам дечиња сами на улица од најмало до најголемо си играат разни игри , постарите ги учат помалите итн . На пример во градов не е така , секој се држи до својата генерација ..
     
  5. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Имам впечаток дека муабетот ќе биде колку се одговорни мајките кои сами не ги оставаат децата ни минут а колку се немајки тие чиј деца играат надвор и без присуство на родител.
    Ќерка ми големата од 5 години игра надвор, со дечиња поголеми кои ја пазеа и чуваа многу внимателно. Ама морам да кажам дека живееме во мирен сокак каде едвај кола да се паркира понекогаш. Плус од секој балкон по некој комшија варда некое внуче, дете... секако и јас сум меѓу тие кои често прават проверка низ балкон. Се играше топка, брканица, криенка, воглавном безбедни игри каде не би можело некој фатално да се повреди.
    Ниту еднаш не ми залутала и не прекршила правило до каде смее да оди. Еднаш топката и избегала подалеку од местото каде смее да оди, верувајте не се пуштила по топката туку други деца и ја вратиле.
    Децата ако одат до блиското игралиште она ќе остани во маало со изговор - мама ќе се лути, не смејам таму!
    Се полесно стануваше како растеше,на 6 одеше и до маалската продавница, на 7 возеше велосипед низ маало. И тоа дур се стемни, ама штом се смрачи одма без да ја барам си доаѓа дома и го остава велосипедот оти навечер не и дозволувам да се вози. Еднаш не погреши!
    Сега на 8 год таа ги причувува и пази помалите. И сеуште се знае до каде смее да се оди и во кое време.
    Ама и самото дете си е такво, внимателно, самостојно, одговорно. И секогаш го почитува договореното и уште повеќе имам стекнато поверение во неа.

    Е сега малата, нема 5 години , надвор седи со децата само кога дада и е со неа. Позезнат лик ми е она па постојано и зборам дека мора да знам каде е, и иако и она кажува и прашува - смејам ли таму? јас некако чувствувам дека не е како големата ќерка, дека малата полесно може да направи грешка.
    Ја нема таа сериозност во неа.

    Муабетот ми е , си зависи од детето дали ќе седи надвор од 5 или од 15 години. И секако од местото, на прометна улица ќе се плашиш и ти да си со него, во мирно сокаче и само ќе го оставиш да игра.

    А тоа дека мора родителот да знае каде е детето, со кого и што прави е правило кое не смее да се прекрши.
    Не дека не погрешиле некогаш, секако не е идеално и постојано нешто се учиме и воспитуваме, ама за нивната безбедност надвор МОРА да знам каде се, со кого и колку долго.
     
    На Oneo, Мамичка, TarantulaA и 6 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.711
    Допаѓања:
    76.992
    Пол:
    Женски
    Се ти е ок што напиша, освен првата реченица. Не оди во тој контекст муабетот. Плус се што напиша е за некоја друга тема мубает. Прочитај го првото мислење од членката која ја почна оваа тема.

    Муабетот си е дека треба да си знаеме каде се децата, еве и без разлика дали се 5г или 10г. И дека треба да имаме осет, да ги учиме и нив дека не е убаво туку така да си влегуваат во комшии секој ден кога сакаат и да седат таму по цел ден. Некако исто ми е тоа како еве јас да си одам кај комшиката кога сакам и да си седам колку сакам, без да и се најавам. Што ми е гајле она какви обврски има, нека ме трпи (facepalm) Еве ставете се на местото на членката... Детенце некое од комшии да ви доаѓа секој ден дома во било кое време, да си шета низ соби, да си фаќа низ фиоки. Плус одговорност имаш на тоа дете, кај тебе е. Од што на што отиде темава...
     
    На Oneo, TarantulaA, snegulkata и 5 други им се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Се извнувам!
    Има модератори па слободно нека се избриша или премести моето мислење.
    Инаку да, не е во контекст со првото мислење во темата... јас се надоврзав на последните неколку поста .
    Грешка, може да се бриши!
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.711
    Допаѓања:
    76.992
    Пол:
    Женски
    https://lm.facebook.com/l.php?u=htt...PGP1Wz27TYCD8X1NzNkgTILz-YDqBiHNogqicoV9WjZVA

    Не е кај нас, ама може секаде да се случи. 8г девојче, кое само си играло и се заклучило во автомобил. Мал милион причини има зошто треба да знаеме каде ни се децата, додека се излезени сами.
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rose-Mary

    Rose-Mary Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    Другарките ја отфрлаат сестра ми од друштвото поради причини кои се и повеќе од банални. Кога ќе прашаме што е проблемот, велат дека се е во ред, но кога се сами во друштво тотално ја отфрлаат. Чувствителна е и не знаеме како да постапиме, сите разговараме со неа бидејќи имаме страв ова да не и остави некоја последица. Постојано е под стрес и не знам како да и направам да и биде полесно бидејќи кога се ставам на нејзино место ми е многу, многу тешко. Родители, како се справувате со ваквите проблеми?
     
  10. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Кoлкавo е дететo?
    Има такви кланoви на деца за жал се пoчестo.
    Разгoвoр сo нивните рoдители мислам дека би бил oд пoмoш.
    Не би требалo да има никакви пoследици, секакo ќе пoрасне ќе си запoзнава другарчиња oд другo малo, шкoлo..
    А и мoже самo периoд некoj е oва.
     
    На Rose-Mary му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rose-Mary

    Rose-Mary Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    12 години, премногу е осетлива и што и да разговараат со неа не е од голема помош