За сега мора така,ама Сител уште ја средуваат програмата.Ги контактирав и им кажав дека вака програмата им е безвезе и ми рекоа дека ќе ми го разгледаат предлогот.
Па и не мора вести на секое. Таман ја загледав серијата, терминот ми беше погоден и оп ми ја снема. Нека ја вратат како што беше, преку недела.
Ја барав серијава на нет, ама без успех. Има некаде да се изгледаат епизодите? @supergirlmb @nextredstyle ? Не ми се чека до сабота и недела. Ако има кандидат да ми раскаже во кратки црти каде е Ана и како таа се најде со Саша? Дали заедно дојдоа од Америка? (не ја гледав првата епизода)
На тв нова ја има, ама треба да се регистрираш нешто и јас се обидувам да ја изгледам. Ана загина во сообраќајката, беше со Саша во колата, веројатно не е пронајдена уште. Не знам дали дојдоа заедно ама се најдоа на аеродромот, оттука гледав јас. Не се познаваа од претходно.
Па стварно можеа бар онаа глупана серија со близнаците за викенд таман по хумористична и релаксирачка, а на нејзино место оваа да ја даваа у 20 часот по вестите.
Саша не се познаваше ни со Ана,ни со Лола. Вистинската Ана не е мртва. Момчило е згоден и одличен актер.Го бива и ко позитивец и ко негативец.
Црногорец бил типот, симпатичен е и преталентиран. Стварно Ана е жива? Ја мислев со неа ќе биде, не со Лола.
Видов и јас дека не е мртва. Се појавува натаму. Како ли се спасила? Момчило ми е , заради него ја загледав серијата, згоден е многу а глуми неверојатно стварно.
Навистина поинтересно би било да е оваа серија на местото на близнаците, има сто пати подобра содржина, е посериозна и повеќе епизоди што не се догледуваат само за викенд.
Е ајде де ама на кого да му текне. Близнаци е при крај ама не ми се верувам дека ќе ја дадат на нејзино место,ќе почне сигурно и нова турска.