Ко шо разгледав по форумов не забележав ваква тема, ако има нешто слично слободно и оваа нека заврши во канта.Не ми замерувајте нова сум.Паа девојки да се дружиме и да споделуваме искуства.. Заедно сме посилни нели Како се справувате со сингл статусот? Зошто и поради која причина сте останале сами? Јас еве да почнам прва Деновиве раскинав со дечкото со кој одев 2 години.Иако имам 18 год очајувам дека никогаш повторно нема да засакам.Во тотална депресија сум денес бев и на лекар, од кавгите што предходно ги имавме стасав да пијам апчиња за смирување,од понеделник ќе посетам и психијатар којзнае дали ќе ми помогни. Еве утре е први мај а јас ќе седам дома, во друштвото сите парови се а и искрено не ми се излегува од дома.Дома се нешто гледаат да ми угода ама џабе јас само од него повик чекам, а знам дека нема ни да го имам..Некако ко лута да му сум на животов.До каде што ќе видам среќна фаца,до таму ме нервира Па,како е ситуацијата кај вас?
Моме !.....................Мал милион теми им за ова , така да не се чуди!,..............................................
Старото непишано правило вели дека тие што се „сигурни дека нема повторно да сакаат“ евентуално си наоѓаат партнер(ка) совршено по мерак, џоа локумче и уште толку се заљубуваат. Нема што да си му лута на животот... не заборавај, еден е, и е пократок отколку што мислиш... Занимавај се со секакви активности, ете и дружи се на форумов, но никако не ја запоставувај и дружбата во вистинскиот свет. Само од тебе зависи дали и колку ќе го преболуваш бившиот дечко.
@Nightwalker Колку само надеж влева твоево мислење.Бааарем за момент помислив на позитивни работи ааа тоа е би требало да е добар знак нелии
Да сум ти родител нема да ти угодувам, ке те нашлапам едно убаво. На 18 години разочарана била пошто се скарала со дечко и. Не дај боже да загубиш некој близок, некоја болест ти или некој твој близок да имаш ке видиш тогаш што е тежина и депресија. Премлада си да се разочараш од љубовта и мажите. По маж и автобус не се трча. Секогаш иде нов.
Да ти кажам право ме насмеа Џабе ние да ќе ти објаснуваме, тоа е фаза што секој мора да ја помине. Такви ти се годините, Драматични средношколски "љубави" и кога ти се чини дека е крај на светот ехееe. Без гајле ќе пораснеш и ќе видиш што е вистинска љубов. А знам дека сега ти е тешко оти тоа ти е младост лудост Излегувај повеќе, зошто да седиш дома? Па што ако се парови, деца сте сите, не се во брак де.. Море дотерај се излези и уживај. Ќе се заљубиш пак дур трепнеш, само сега така ти се чини. Ако помага и исплачи се со чашка вино Само не се затворај дома.
Абе тебе ти е сега дека немаш со кој да отидеш некаде за празников, затоа толкава депресија те фатила. Мислиш крај на светото е ако останеш дома сама, ако немаш дечко со кој ќе отидете негде на викенд... Остај ќе ти помине, немој да се глупираш со апчиња психијатри и такви работи на 18 години. Ај дотерај се нашминкај се и утре ако не најдеш друштво фаќај го патот под нозе и сама на Водно - до врв!
Еве и јас ке се придружам во сингл дружбата Девојко те разбирам дека ти е многу тешко , но до толку потресување за да пиеш апчиња да одиш на психијатар на 18 год нема потреба , изнаплачи се и ке си помини , и еден ден ке се присетиш на тоа и ке си се смееш , уште мн дечковци ке имаш и уште мн искуства ке имаш , треба само да не си редиш до толку на срце
Милион теми уште како што гледам ќе отвориш за да привлечиш внимание за твојата навода состојба со бившиот и што е најсмешно све сакаш преку ноќ да помини...Секоја разделба е тешка сите ние некогаш се имаме разделено со некој не по наша воља нормално,ако беше мој избор и ако јас се прашував и ден денес ќе бев со првиот дечко кој премногу го сакав(со него имав прва посериозна врска на 19год),но не беше така се разделивме потоа имав уште една подолга врска па уште една сериозна врска од 4 и пол години што заврши,тешко беше да и длабоко во мене уште е,ама сватив дека животот треба и мора да продолжи сакала ти или не животот продолжува и си течи...Убави совети сите ти дадоа и во претходната тема и послушај и примени тоа што ти се кажа,имаш 18 години и уште мн.мажи ќе запознајш ова не е ништо... Што празник е 1Мај па да очајуваш дека не си отишла никаде жите све уште еден обичен ден,јас секоја година одев Охрид или Грција денес не ојдов никаде а можев пак со друштво да одам Охрид ама немам желба,сакам да останам дома несакам на никој да му мрачам ќе го посветам денот на мене за средвање значи ништо посебно затоа не се замарај со глупости,ќе сватиш со текот на годините дека ова не е ништо...
Мене искрено први мај ми е многу глупав празник. Сакам скарички, сакам природа, сакам излети... Ама први мај како први мај, ми е некако исфорсиран заедно со нова година. Па што има врска ако не си била никаде? И онака повеќето луѓе одат само за фб фотки и да се пофалат. За ова со бившиот, @Nightwalker ти направи муабет на место, што и да додадам ќе биде само непотребно одолговлекување и парафразирање на тоа кое што тој ти го кажа. Со среќа!
Епа ајде, еве и јас од неодамна запловив во сингл водите. Како ми е? Па од една страна тешко но од друга па супер ми е, можам да си правам што сакам, на никој не мора да му објаснувам каде сум, со кого сум, што правам, помалку нервози, помалку трошок, можам да посветам време на други нешта... И ете го чекам наредниот. Се надевам само дека тој ќе ми биде и последниот што ќе го имам и со кој ќе си живеам до крајот на животот.