Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дружба со други националности

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ваљдрин., 27 декември 2017.

  1. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    523
    Јас на работа имав колеги Албанци, и во некои ситуации многу ми помогнаа и ми оставија добар впечаток . Затоа човек треба прво да го запознаеш па после да му судиш.. :) А претходно немав некое посебно мислење за нив.
    А и не ги судам луѓето според некоја вест на телевизија, еве конкретно за муслиманите ако некои од нив прават лоши работи тоа не значи дека сите се такви.
     
    На Ваљдрин. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    И каури брате, забораи... The worst...
     
    На VDT2906, ***nekoja***, Mari* и 9 други им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Јас еве ќе го кажам моето искуство. Имам пријатели кои се Албанци и ги почитувам многу. Немам ништо против да се дружам со луѓе кои се друга националност и имаат друга вера. За мене човек може да биде или добар или лош и ништо повеќе. Лошите ги избегавам, нормално. :)

    Јас лично ќе ви кажам дека на пример кога беше конфликтот мајка ми работеше кај наши пријатели кои се Албанци со кои и ден денес стоиме во супер односи. Паметам дека за време на војната еднаш ѝ се пуштија на мајка ми додека работеше некои од Албанците да ја малтретира (беше војна, етничките тензии беа поголеми и тоа е нормално). И човеков кој ни е пријател ја одбрани и застана во нејзина одбрана. Згора на тоа истите тие Албанци ми имаат многу повеќе помогнато од мои роднини. Имав периоди во мојот живот во кој бев претерано сиромашен и никој не ми дојде на врата да ми помогне со храна и ред други работи (дури и роднините не) освен тие Албанци.

    Како што има лоши луѓе и кај нив така има лоши луѓе и кај нас. Не мора да значи дека човек ако е Албанец дека е по автоматизам лош човек.

    Тоа важи за сите луѓе, само да се надополнам. Ова ви кажувам само искуство со човек од друга националност и вера што ми се има случено.
     
    На VDT2906, hermosa, Snowflake97 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Пораснав во мешано маало. Освен Македонци, имаше Турци, Албанци и Роми. Од утро до мрак игравме заедно, не ни беше важно кој колку има, кој од каде е и на кој јазик зборува. Сите бевме еднакви.
    Жал ми е што кај повеќето не остана таа детска радост и доверба. Дали како што растевме се измеша таа етничка тензија... Не знам, и не можам да разберам што е толку важна таа поделба по етникуми, националности, религии...
    Многумина од детските денови заминаа во потрага по подобар живот, на прсти се бројат оние кои останаа и со кои се уште повремено се дружиме кога ќе отидам кај моите. Ама не е исто како некогаш, дали далечината и годините си го прават своето, не знам, мислам дека и поделеноста кај народов која владее последниве години ( повеќе од деценија) е еден од главните виновници што ваквите дружби се се' поретки.
    Пријателите не ги бирам според вера и националност, најважно е да бидат луѓе на место.
     
    На VDT2906, piksooki, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Најдобрата колешка и другарка ми е албанка, најмногу ја сакам на светот, човек на место и секогаш за мене е овде.
     
    На Ваљдрин. и mira.mira им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Бугарите ми се најбројни. Покрај нив, најмногу се научив да избегавам touchy-touchy теми за да се одржи другарството/цимерството. Кога го надминавме тој дел... полесно беше. Иначе,сачувај боже (моето искуство).
    По нив ми се Турците по бројност. Најудобно се осеќам меѓу нив. Од нив научив/учам..каде има најдобра храна, по мој вкус. Весели и бучни. Лесно ко песна ми било (ради конкретните луѓе).
    Албанци имам најмалку можда..од нив можеш да добиеш помош во секое време, и ништо не ти бараат за возврат. Нешто што, пријатели кои ги имам сто години, не ќе ми учинат.Дури и ништо да ги чини. Напрегнатост ама некоја - мала, се осеќа...осеќам.
    Србите кои ги познавам...се' е фино, се до оној момент кога ќе почне удирање во гради, ми Срби... (пола род ми се) и нема тогаш разбирачка. Или се правиме лом, или се правиме лом.:D

    итн., итн.
     
    На happygirl, dayla, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Да, уште од најмала возраст сум имала прилика да се дружам со лица од други националности.
    Кога појдов во kindergarten во Canada, а потоа и во мојот клас во Concord имало присутни деца и од Индија, Шкотска, Мексико, Јапонија итн. а кога дојдов да студирам во Македонија се запознав и со студенти и од Албанско, Руско и Турско потекло.

    Сепак, како мизантроп, не сакам да се дружам со луѓе генерално без разлика на нивната националност, пол, вера, раса ...
    Сите ми се исти - премногу емотивни, во само-заблуда дека нивните животи имаат значење ... и не очекувам ништо од луѓето.
     
    На kikkki, mira.mira, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Се дружам и секојдневно имам контакт со многу националности, таква ми е работата.
    И јас не сум чиста македонка, пола србинка, за жал со нив некако најтешко се разбирам и со хрвати исто... Алергична сум на хрвати. И на работа и во приватен живот не ги можам. |(
    Најдружба со власи и босанци деф!
    Се е до човек, нема тука националност. Никогаш нема да заборавам една жена албанка (за жал изгубив контакт) како ме носеше под рака во болница заедно со нејзината ќерка. Македонки имаше три во соба, ни една не праша дали ми треба помош.
     
    На hermosa, SV1911 и mira.mira им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Да се дружам . И си се поштоваме :handshake:
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Би се дружела зошто да не. Доколку човекот е добар националноста не ми е битна.
     
    На hermosa и ***nekoja*** им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Дружбата со луѓе од други националности ми е најдрага. Пријатели имам од цел свет, почнувајки од комшиските држави, бугарите ми се нај при срце, си имам неколку што си ги сметам за своја фамилија. Од Чиле до Коломбија, Мексико, Бразил, Америка, Јамајка, Канада, Нигерија, Гамбија, Сиера Леоне, Гана, Конго, Капе Верде, Кенија, Зимбабве, Мароко, Тунис, Лебанон, Израел, Алжир, Турција, Сирија, Индија, Бангладеш, Пакистан, Кина, Јапонија, Казакстан, Туркменистан, Тајланд, Филипини, Литванија, Естонија, Русија, Италија, Франција, Шпанија, Словачка, Унгарија, Романија, Србија, Босна, Хрватска, Грција... мислам сите ги наброив. И имам и работено со нив, и се имам дружено и приватно. Различни религии, традиции, начин на живот, човек секогаш ќе си најде муабет со нив. Со балканците збориме колку сме слични, со другите колку сме различни,
    од свадби до веридби, прослави на родендени, до тажачки, црни магии, детство кој какво имал, што сме гледале на тв...
    Да не се дружев немаше да знам дека во Етиопија има православни кои слават Божиќ на 7ми, и тоа многу слично како нас.
     
    На hermosa, happygirl, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Сериозно ова се дискутира во 21ви век?:?:
     
    На VDT2906, piksooki, lovemme и 8 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Koga ucev sredno , imav pogolema prilika da se druzam so lugje od drugi nacionalnosti . Najvekje se druzev so eden rom , eden albanec i eden torbes . Mm e srbin . Denes imame kontakt so albanecot i romot ( oni se druzea i so mm od ist klas bea site trojca ) dodeka pak torbesot se preseli vo stranstvo . Imav i turci vo klas , i iskreno ne sme imale nikakvi problemi vo komunikacija , naprotiv bea mnogu tivki i povleceni lugje , za razlika od nas na primer . Mene ne mi smeta koj od koja nacija e , dovolno e da e covek so dusa i srce vo sebe .
     
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Православни и православни кои подоцна се имаат конвертирано во агностици/атеисти сакам и се дружам. И со останатите дружам, ама само ги почитувам.
     
    Последна измена: 29 декември 2017
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Jas se druzham samo so vmrovci.
     
    На Gosh, kikkki, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  16. калин95

    калин95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Si znam jas shto e pogreshno i bez vo partija da mi kazhat.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. калин95

    калин95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    паметна си !
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    извини ама мене ова ми личе на навреда сите тие што ги наброја се луге како мене и тебе од крв и од месо....
     
    На Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Пушти, секташ сака да биде вицкаст...па и лајкови има, ееј ...на кои глупости се лајкува..уствари се гледа кој пишал а НЕ што пишал.
     
    На Bitter-Sweet, Feminka22 и ***nekoja*** им се допаѓа ова.