Немам проблем со никого освен со луѓе што мислат дека се краљици, со некултурни, со исфрустрирани и ископлексирани, поготово со некултурен народ не можам да општам, со народ што не разбира од емпатија, од љубов и слично. Е таквите не ги сакам. А луѓето се луѓе. Многупати имам кажано дека сите сме од месо и коски, со по 2 очи раце и нозе шарени со рогови не нема физички ама психички еден бирилај.
Јас работам во мултикулти (македонци, албанци, власи, турци, роми, американци) компанија.... Супер е, функционира како едно семејство, секој секому помага безрезервно, и секогаш се слави некој празник има луѓе и не-луѓе, немаат врска националноста и религијата ... генерално треба да се изостави поделба по тие основи ... Во средно учев во мешана паралелка и ни беше супер, мојата другарка тогаш беше турчинка и ме учеше турски
Воопшто не сакам да комуницирам, ниту да ги видам другите националности посебно овие шо се "25 %" . Додуша живеам со еден од нив, фин е, дружлив али нее то то исто се дружам и со влав, добар е али знае и да се изгуби. Така да..
Морам да те цитирам штом ги спомна соседите на Македонија. Освен хрвати (од екс Ју простори) соседиве околу нас сите не мразат. Скурчено ми е од нивното глумење , за една обична работа не сакаат да помогнат, одма одбивен однос и лажење левел 100, цело време давање погрешни информации. Гледам максимално да игнорирам луѓе од Грција, Албанија, Србија и Бугарија. За хрватите немам лош збор, луѓево ми се нашле баш од секаква помош, абе брат да беше немаше да одвои време толку колку што хрвати имаат осет за помагање, алал да им е, до сега се немам разочарано од нив - зборам од мое искуство. Претежно сум опкружена со германци , колегите ми се 90 % нивни, а на неделни собиранки после работа , гледам да се залепам за јапонци, многу мирен народ ми се, дисциплина на ниво, плус си нарачуваме заедно суши, ми ја смируваат душата некако. После нив , супер за дружење ми се американци, скроз опуштени , баш во мој стил за заебанции, за хумор.
Имам другарка албанка. Една од најдобрите ми е . Се дружиме неколку години (заедно бевме на еден натпревар), многу убав ни е муабетот, се разбираме, тука сме една за друга. Жал ми е само што ретко се гледаме и што нејзините се потрадиционални, некако и е пречка што јас треба да одам до нејзиниот град а немам баш секогаш можност.. Многу се труди, ептен си има потенцијал девојчето и се надевам ќе успее еден ден.
Моите 3 другарки се од различни националности едната е германка другата е русинка и третата е африканка и супер се сложуваме.
Сум се дружела , се дружам , и ќе се дружам со секој кој не ми мисли зло и кој е искрен со мене . Искрено повеќе дискриминација сум доживеала од македонџи , отколку од било која друга националност . Не е важно на која вера и нација припаѓа , туку да е ЧОВЕК ! За мене , таа нација , таа вера е најважна . Човечноста !
Почитувам туѓа националност ,дури и ми е интересно други култури ,обичаи.И дружбата е дружба без оглед на се.
Не можам да се дружам со луѓе кои имаат нешто против овие дружби. Не сум тип склон кон предрасуди, имам живеено и надвор од земјава, и имам остварено контакти со лица од многу националности. Конкретно, еден од подобрите другари кои ги имам е Ром. Ме интересира се’ што е непознато, лесно склопувам познанства и можеби тоа е една од работите за кои ми е мило што сум јас, јас. Баш се осеќам некако богато кога е во прашање темава. Шубаво.
Според мене не се проблем националностите, проблемот е во ограничените мозоци. Израснав во мулти култи средина, а и во текот на целиот досегашен живот сум била опкружена со луѓе од најразлични националности и верски убедувања. Повеќето имаат теми на кои што се чувствителни, ама тоа е сосема нормално и треба да се почитува. Дајте им шанса на другите да ви раскажат повеќе за себе, многу може да се научи.
Апсолутно сум за дружба.. Ако карактерно имаме "разбирање", не ми менува ни националност, ни вера, ни возраст ниту пол....
Неколку години патував со еразмус размените и имам пријатели од баш цел свет. Ретко сум начекувала некој намќори или луѓе со предрасуди и слично. Ама сите италијанци кои сум ги запознала биле еднакво шармантни. Тоа ко во крвта да им е
Знам доста многу босанци бидејќи живеам во странство навистина са добри луѓе хумор симпатични ...Ионака не ме интересира националноста ме интересира што човек си во душа
Јас се дружам повеќе со турци до лани учев во училиште каде што има само македонци но сега кога сум на ново место запознав многу Турци и морам да признаам имаат навистина многу добра душа не очекував дека некогаш ке се здружам со некои од друга нација,и да многу ги засакав како луге,од нив научив многу на пр:некои нивни адети што тоа беше нешто ново за мене,научив и многу турски зборови а ете сега и јазикот им го учам со цел да го научам па да можеме во иднина да се разбираме на нивниот јазик