Јас немам ништо против дружба со пријатели од други националности, сепак и тие се луѓе, ама сум немала досега такви пријатели, ако имам во иднина, тоа нема да ми претставува никаков проблем.
Не знам зошто воопшто треба да се дискутира за ова? Луѓето за дружење не се бираат по националност, туку по тоа дали ти одговараат по карактер.
Луѓе ко луѓе се дружам највеќе со Македонци во последно време и со Германци, Хрвати, Срби, Бошњаци, Швајцарци, Бугари и еден Гамбиец. Исти се и тие ко нас значи ги делам на добри и лоши. Еве од досегашно искуство ќе пишам за сите по нешто. Хрвати- тие се малку подигнати од другите балканци.Нешто поевропски се мислат ,шо не ми се допаѓа. Германци-се се по правила и прописи. Јадат свашта ко свињи, скромни се скржави и ладни. Кога ти обекаат нешто ке исполнат.работохоличари Срби-Си го сакаат своето нејкат многу други култури Бошњаци-многу зборлив народ, друштвен Швајцарци- скромно делуваат но се покажуваат со скап накит, автомобил итн. Работа им е само во ум. Бугари-Тие се денес за утре не мислат многу за иднина циганската тераат. Гамбијци-мирни луѓе, работливи, сакаат многу музика посебно мајкл џексон
Сум била во друштво со роми турци Албанци. Дружељубиви Да те насмеат Да ти направат убав денот Шали Смеи Те гледаат не ти е нешто денот одма прават нешто да те расположат да те насмеат.
Леле темава! У прва година се задружив со еден албанец, префин дечко, какви манири имаше само и нормално се заљубив. Идевме месец дена но мајка му ме МРАЗЕШЕ и му забрани да има секаков однос со мене, ни врска ни другарство . Моите ич не се такви, баш среќни беа
Градов ми е само Македонци, па тука неам можност за дружба со други националности. Ама во средно дури учев во Скопје се дружев многу со Албанци,Турци и Босанци.. не ги делев на ваши и наши, спонтано почнаа дружбите и најчесто траеа сите тие 4 години. Албански дури научив и да зборам по малку. Имав двајца другари што ми беа ко браќа, 4 год не престанавме со дружба, ептен ги засакав. За жал изгубивме контакт сега. Али коа се вратив у село мое уште на клада што не бев ставена, со прст секаде покажувана дека сум идела со Албанци и Турци, сум се к**вала низ Ск со нив Ужасно прости луѓе. А Македонци де,ќе речеш
Вакви прашања и дискусии само во Македонија може да има, зошто немаме многу можност да среќаваме луѓе од различни националности, кој сака да дојде од некаде да живее тука. Освен албанците што си се наши, тукашни. Не сум имала можност да се дружам со албанци тука, немам контакт. А кога бев во странство, се дружев и со албанци и со секакви националности, нема логика да се води ваква дискусија
Луѓето ги разликувам на добри и лоши. Имав колешки од повеќе националности. Фер се, коректни се. Но политиката си го направи своето, на работа до тој степен беше забележливо што , се сменија, сакаа се по нивно да биде. Таков соживот, тешко.
Се додека некој е човек,не е важно која националност е и на која религија припаѓа.Тоа мора да ни биде јасно,зашто во спротивно би значело дека сме ограничени и плитки умови и судиме по тоа кој од каде доаѓа,а тоа е најмалку важно.
Сум имала прилика и уште сум во контакт со некои од нив. Прво, во основно сите мои години ги поминав со соученици од ромска националност (само 3ца бевме македонци) и можам да кажам дека сум поминала многу поубаво со нив одколку со моите соученици во средно училиште кои иако се македонци не знаат што е почитување и не знаат како да се дружат, ги бираат своите пријатели според функцијата на работно место на нивните родители (доктори, директори, професори...). Тоа не значи дека сите се батал има и деца кои стварно знаат да се дружат без да си им од корист. Старите соученици сеуште ме почитуваат за добро и за лошо, секогаш ме поздравуваат и се грижат за мене кога ќе ме сретнат иако не се гледаме често. Моментално имам соученичка која е полу албанска полу турчинка и е премногу фер. Во минатото имам пристапувано до врсници кои припаѓаат на другите држави (шпанци, французи, американци, холанѓани итн.) но се се одвиваше преку пораки така да тие пријателства не трае многу Само пријателката од Јапонија остана во контакт со мене. Но, сакам да кажам дека безразлика која националност е човекот секој си има свој карактер и сите сме еднакви.
Сум дружел со луѓе од разни националности, уште од дете, и најпроблематични биле секогаш албанците. Распнете ме колку сакате, стојам зад напишаново. Секоја критика ја перцепираат како албанофобија, мора секогаш претпазливо со нив, затоа што при најмал коментар или препирка стануваат агресивни. Многу ми е подобро без нив.