Девојки, ме интересира дали знаете од каде можам да купам некоја друштвена игра во стилот на монопол, ризик... видов неколку игри на е-shop меѓутоа бара платежна картичка, неможе да се уплати преку банка. Фала однапред
Па за монополи, карти, не лути се човече.. би требало да има во секоја книжара. Или пак во некои поголеми маркети.
Како се играше точно монопол? Како го играте вие што го играте? Ја порано знаев, сега појма немам сум заборавила како беше тоа со купување, па хипотеки, куќи, шанса, изненадување....
Монополи, меморија, не лути се човече, твистер(имавме твистер за нова година ) па тие само ги знам на тие ми текнува де!
Well..Си купуваш град, продаваш град ако не го сакаш го ставаш под хипотека, одиш во затвор ако стапниш на тое поле, градиш кука ако ги имаш купено сите тие што се во зелена боја посел имаш нез розева боја градови, жолта итн.
Монопол, не лути се човече, карти имаш скоро во сите книжари, а еднистве мислам дека Клуди (или не знам точно како се вика) има во Џамбо
Цугопол нешто слично на монопол само освен картонот на кој е поставена играта, коцката и пиунчињата треба да имате и нешто за пиење и наместо да одиш во затвор, купуваш згради и градови, пиеш онолку колку што е запишано на полето.Незнам каде и дали воопшто се продава кај нас, но може да се испринта од интернет и да се игра. После неколку полиња и испиени чашки ке ви стане уште поинтересна
Одамна неам играно како помала играв многу карти, не лути се човече, монопол жал ми е само што не научив да играм шах али ајде ќе биде има време за се
Може да ми кажеш од каде можам да ја испринтам? Мислам линк да ми дадеш или слично. Зошто јас ја најдов таа таблата, но картите неможам да ги најдам за да ги испринтам. Па плис хелп! Едит: Сега видов. Таму кај што пишува "КАРТИ" треба да има обични карти за играње? И да, друга друштвена игра што многу ја сакам, покрај Монопол, карти...-Rummikub.
Ужасно сакам Твистер да си купам. Во мојов град нема, прашав. Во Џамбо исто прашав, ми рекоа дека нема. Од каде сте зеле вие што имате или каде можам да најдам во Скопје?
Многу одамна ја имам играно така да не се секавам точно на сите детали. Знам во кутијата (кога ке купиш Клуедо) има картички со убијци, картички со соби, и картички со оружја. На почеток треба да се избере по една картичка од трите и да се стави во плико а другите да се поделат на играчите. И имаше некако поставуваш прашања, даваш одговори, (има и посебни лифчиња во кутијата кои ги пополнувш) и победува оној кој што ке дознае кој е убиецот, во која соба убил и со кое оружје (тоа што е во пилкото). Се надевам јасно ти е одприлика за што станува збор.
Јамб. Добра игра, мада нова сум таму. Лора ја играат многу, но мене ми е безсмислена. Никогаш не сум .. Оваа посебно се игра со многу луѓе и со алкохол. Еден кажува пр. јас никогаш не сум пушел цигари и сите што пушеле цигари, треба да се напијат. Али ова е само пример. Ние ја играме многу, мнооогуу поперверзна.