Дали знаете каде можам да најдам рулет али професионален ? Неможам никако да најдам каде се продава... Или пак убав монопол, ризик....
Види распрачајсе по книжарници или продавници за играчки ама некои кои се добро опремени, а монопол мислам можиш во секоја да најдиш. Ако си од ск види и во веро џамбо можно е и таму да има.
Друштвени игри немам играно од студентските денови, освен табла, шах или карти знаеме со сопругот чат пат да изиграме, обично на летни одмори или кога ќе заспие малата. Инаку во студентските денови ризико една партија знаела да трае и 24 часа, јамб никогаш доста поединечно или во парови, па бељот колку сме играле. Ми недостигаат друштвените игри, сега некако немам ни време а ни расположеност во друштво за игри. Можеби кога ќе пораснат децата, се уште се мали па не е изводливо покрај нив да седнеме и играме. Сега доаѓа во предвид само Не лути се човече со ќерка ми и тоа по нејзини правила.
има во книжари и во веро но не се профи.... зборам за игрици над 3000 денари ... порано во Гоблин имаше, но веќе нема
Monopoly од Hasbro јас барав наводно имаше во Матица ама испадна дека нема, исто и во Крш го нема и е некаде околу 3000 ден. Имаше баш Монопол Јуниор ама беше детски и беше на македонски , бугарски. А па не ми се купува монопол од оние ефтинкине .
Здраво Сакам да прашам дали некој можеби знае од каде може да се набави не лути се човече со алкохол. Вака изгледа. Немам видено никаде да се продава а е ептен забавна игра ја имам играно. Поготово после некоја чашка
дечки да не знаете некоја on-line страна за порачување на друштвени игри во стилот на монопол, ризик, не лути се итн итн ??
Фала ти ептен. Игра од детство ми е, нема каде не ја побарав и ја немаат. Обавезно ќе си ја порачам, ќе се погоди за периодов.
Ништо не играм, порано играв Монопол, Не лути се човече, Ризик, а знаев и многу игри со карти. Веќе сум заборавила како се играат, треба добро да се потсетам ако седнам пак да играм карти со друштво