Фала на понудата. Кога ќе идам во Мк ќе те барам. Научив да играм јамб пред 16-17 години. Оттогаш ми е најомилена друштвена игра. Зараза Мојот сакан сопруг не сака ни карти да игра. Јас сум за жалење
До пред скоро време имаше регуларно секој викенд собиранки за друштвени игри во Буква преку лето, има некаде собиранки се уште или толку беше од тоа?
Како дете сум играла шах, не лути се човече, карти табланет, домино (и со овошја, и со бројки) Икс и нула... тоа на час, ако беше досадно. А 9 од 10 пати беше Табла сакав да научам, ама не научив. Иста прича и макао или уно, како и да беше. У друштвото тоа ми се играше, ама јас едвај и партија изигрував со помош од друг, оти не го капирав