Здраво до сите! Честопати размислувам општо на тема друштво и љубов и како што се менува времето, така се менуваат и односите во друштвото, дружењето, љубовта итн. Зошто мислам дека порано беше некако полесно за наоѓање, друштво, општо за дружење, па и за љубов и наоѓање партнер за живот? Денес некако сите се многу стегнати, искомплексирани, повлечени, арогантни, материјалисти. Имам 28 години, долго време живеев надвор од Македонија и имам малку потешкотии кога е во прашање друштво, дружење, љубов. На пример, не сум некој кој веднаш започнува разговор со непознати во некое друштво. Повеќе сум оној повлечениот кој само слуша и помалку се надоврзува на некои муабети со свое мислење, свои искуства итн. Ако има некој овдека кој би сакал да ме запознае, да се дружи со мене, или било што друго, отворен сум за сите заинтересирани нови познанства, нови пријатели, па и нови љубови Никогаш не се знае нели? Патем, тежок тип сум за да се опуштам во некое друштво, ми треба прилично време од саат два, додека да се адаптирам на новото и непознатото. Така да луѓето со мене треба да имаат малку трпение. Голем поздрав до сите.
"Сите се стегнати, повлечени" :Не прави муабет со непознати и не комуницира: Размисли малку, како зрачиш, така привлекуваш. Ако нон стоп си резервиран, нормално дека другите ќе ти изгледаат арогантно. Рилекс, никој не бил изеден од што правел кежуал муабет Плус, стави се на место на соговорниците. И тие се луѓе. Ако си стегнат и затворен премногу, ќе си помислат дека можеби е до нив, што вика Вајлд, сите сме луѓе.
Be the change you want to see in the world. Ако ти не ги промениш погледите кон околината, и околината ќе гледа на тебе на ист начин. Не велам дека треба да се впуштиш во длабока конверзација со секој кој ќе го запознаеш, и самата јас сум по природа интровертна личност кога станува збор за запознавање нови луѓе и пазам со кого остварувам било каква блискост, но мораш секогаш да гледаш позитивно на работите. Дај им шанса на луѓето, не биди толку затворен и дозволи им да те запознаат, некои ќе ти одговараат, некои нема да ти одговараат за дружба и тоа е сосем во ред. Не биди приморан да се дружиш со личности за кои мислиш дека се користољубиви и завидни и дека не те опуштаат доволно за да можеш отворено да бидеш пред нив свој. Таквите само исцрпуваат енергија и садат негативни мисли а животот е краток за да трошиме време на нив. Вистинските пријатели и љубовта доаѓаат сами, сосем случајно кога најмалку се очекува. Наше е да ги препознаеме и да ги задржиме во животот.
Не верувам дека е потешко, ниту пак дека времето изменило некој работи, се е до тоа како ти гледаш на одредена работа. Нормално и сам кажа дека си повлечен и не доволно опуштен за да започнеш било како муабет дали со девојка или пак во друштво. Секогаш е полесно проблемот да го бараш наоколу, ама проблемот никогаш не е наоколу, туку во самиот себе. Нормално е и да бидеш искористен, предаден или било што некогаш од некој другар, не сите луѓе сме исти, секој има различен карактер, ама едноставно кога некој не ти одговара за дружба се тргаш на страна и си продолжуваш. Ако сакаш да си ја смениш ситуацијава, најпрво мораш да почнеш од самиот себе и да се опуштиш за почеток.
зошо искомплекситан арогантен материјалист и што уште не?? мешаш баби и ѕаби, секој сам си го бира друштвото и партнерот , сепак не се тоа роднини фамилија па такви ти паднале, ако не ти одговара барај други нормални што би се рекло. по твој вкус и мирис. и немој да прдиш. нема решение во нет или некој такви работи, каде што освен компјутер и нет ништо друго не ти треба, немаш добар иѕбор од искуство ти каѕувам и не е решение на проблемот, него излегувај и друѕи се повеќе и бркај пуштај се повеќе на девојчиња, и да те откачат големо чудо, никому ништо, поработи на себе во обраѕование и иѕглед, нова книга испит фриѕура гардербора билдинг и ке биде ок. пс/ потеѕок тип на човек од мене нема, уста немоѕам да ѕатворат дури и напорна и ги ѕамарам сите, секој со своите маки и макичиња. со би се рекло.
На дечкото му требаат другари и другарки, не совети за тоа како времето ќе ги залечи раните. Постот овде го напишал со намера да стекне пријателство, не да добие совет како да другарите да дојдат и тропнат на врата. Just sayin'
Да да, и илјада евра за да може да плати и излези и теретана и частење на девојчиња. Секако дека е светот покварен и себичен, не се правете наивни.
Без намера да генерализирам ама тука во начинот на однесувањето на госпоѓите погоре се гледа малце нашиот (прост) македонски менталитет. Реално. Човек пишува нешто сосема нормално, без некаква лоша намера, а луѓето наместо да му пружат поддршка, уште му ја подметнуваат ногата и солат памет (она во што ние Балканци сме мајстори нели? ) дека проблемот најчесто бил во самиот себе. Не знам каква корист имаат од солење памет, од критикување? Како тие да ce сосема безгрешни и совршени во своите животи. Погледнете се понекогаш и во огледало, секако ако имате лице за тоа.
и партнерка бара и друштво и се и тоа на нет. а притоа не каѕал ништо ѕа себе. и никој нит го знае нит познава. дај бозе да си најде секој тоа со го бара тоа што му треба, а муабетет ѕа парите не го сфатив. иѕвини со сум глупа.
Tи кажав за почеток да се промениш самиот себе, сигурно проблемот не лежи во мене што ти си повлечен и тешко ти е да оствариш некое си пријателство или што и да бараш, што друго очекуваше да ти кажам освен вистината? Ако сакаш да си најдеш девојка или другари, имаш социјални мрежи, сајтови за запознавање, за дејтинг и повели барај, со тоа што тука го напиша својот проблем освен на вакви совети не знам на што друго се надеваше. Можеби имаме дружељубиви форумџики што се тука да шират познантства, не знам, можеби и ќе си најдеш некој за дружба или врска.
Dobro pocna ali loso ke zavrsis ako se kontriras so site, ipak ti davaat soveti cim si ja otvoril temava znaci baras soveti ili pomos soslusaj sto imaat da ti kazat, mozebi ke imas nekoja korist od toa sto ke ti go kazat i rabotite ke se smenat na podobro ako mislis da prodolzis da se kontriras podobro temava neka ide vo kanta sry I'm just saying what i mean.
прв пат гледам вакво нешто некој на нет да бара друштво и љубов. али тоа е што е за се има прв пат. очигледно ние другите од форум сме паднати од марс.
А што е толку чудно во денешно време што бара друштво, нови познаници па и љубов преку интернет? Не живееме во XIX век. Што има лошо во тоа? Што конкретно тебе ти смета?
Тоа не е неспособност Едноставно на некои им тргне муабетот на форум, па ќе испијат едно кафе и ќе видат дали и во живо ќе им тргне муабет..
Еден ден да те однесе животот на некое подалечно место, во сосема нова и непозната средина за тебе каде немаш ама баш никој познат и свој, мож "неспособноста" и кај тебе ќе проработи и ќе ти дојде до израз. Мож па и сама на себе ќе си си доволна, кој би знаел нели?