Форумџика на годината 2020

Друштво на мртвите поети (Dead Poets Society) [1989]

Дискусија во 'Филмови' започната од Bright, 22 април 2011.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.490
    Жанр: Драма
    Времетраење: 128 минути
    Главни ликови: Robin Williams, Robert Sean Leonard и Ethan Hawke

    Ова е еден од оние филмови што мора да се гледа.
    Не е обичен. Не е необичен. Реален е.

    Се зборува за поезијата. Или пак за силата што ја има поезијата, пишаниот збор полн со човечка емоција.
    „Зграпчете го денот“ вели професорот Кетинг. Во филмот добро е опишано зошто.

    Идни/сегашни професори, ова мора да го гледате.
    А и вие, ученици/студенти, размислете што нуди овој филм. Промена, индивидуалност, уникатност, мотивација...

    Повелете на дискусија. :up:


    :f:
    _________________________________
    "We don't read and write poetry because it's cute. We read and write poetry because we are members of the human race. And the human race is filled with passion. And medicine, law, business, engineering, these are noble pursuits and necessary to sustain life. But poetry, beauty, romance, love, these are what we stay alive for. To quote from Whitman, "O me! O life!... of the questions of these recurring; of the endless trains of the faithless... of cities filled with the foolish; what good amid these, O me, O life?" Answer: that you are here; that life exists, and identity; that the powerful play goes on and you may contribute a verse; that the powerful play goes on and you may contribute a verse. What will your verse be?"
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    :bow: Кој филм и која тема! Алал да ти е!

    Преубав филм, ама преубав! Чинам оние кои студираат англиски некако повеќе го ценат филмов и се врзуваат емотивно нели? Или се лажам :wasntme: Знам дека во средно се напаливме на филмов како првачиња на прва ужина. А учев во клас во кој сите бевме буквално фрикови по англиската и американската литература, и како да не те трогне се прашувам?!

    Како и да е ми има останато во прекрасно сеќавање и Брајт ме потсети да го погледнам уште еднаш. Одличен кастинг. Одлично опишано како поезијата навистина може да промени животи. Одлично преставено едно студентско, американско општество.

    Во средно имавме прекрасна професорка по англиски со која го гледавме филмот. После некое време си заминуваше во пензија. На последниот час со неа, кога веќе се збогувавме една другарка се качи на клупа и низ солзи едвај пропелтечи - O Captain, my captain. И сите и се придруживме. Можеби малку патетично но тогаш доста силно го доживеавме тој момент.
    Легендарна реченица од филмот, еве, до ден денес ме ежи кога ќе се сетам.

    Дефинитивно филм кој треба да се гледа доколку некој го пропуштил. Особено за оние кои еден ден сакаат да станат учители или професори.
     
    На Domino, AnaKarenina, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    5.137
    Пред некое време на филозофски се организираше групно гледање на филмов. Абе се воодушевив. Толку е прекрасна идејата и такви цитати има. Искрено се надевам дека некаде постојат вакви професори. Ако некогаш станам професор, филмов ќе ми биде инспирација. :D
    А морам и да спомнам Робин Вилијамс :clap: :clap: :x :x човекот ми е бог, може да ме инспирира како никој. И со овој филм и со Good Morning, Vietnam. Секоја чест
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Ах Пирамидке како ме позитивно растревожи по професорката по Англиски кога учев овде во Македонија. Многу често јас и таа разговаравме на тема "Англиска и Американска Литература". Овој филм е прекрасен, безценет.. Еден од најдобрите филмови кои што некогаш се биле направени. :)
     
  5. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.860
    Пол:
    Женски
    Најдобриот филм на сите времиња. Татко ми убеди да го гледам, кога првпат слушнав за што станува збор бев многу скептична, но само по неколку минути изгледани од филмов сватив дека вреди да се погледне. Никогаш не сум плачела толку многу на филм, а не сум емотивна личност. Чиста десетка!

    П.С Уште не ми е јасно како темава може да има толку малку мислења.
    Убаво викаат, филмот и музиката се како вино - колку постаро толку подобро!
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.774
    Брајт, ме потсети на часот кога го гледавме во библиотека. За прв и единствен пат да ќутиме сите едно час и половина :D

    Филмов ми е гледан мал милион пати, и би го гледала пак и пак. И со секое наредно гледање нешто ново учам, нешто ново осознавам.

    А на Робин Вилијамс никогаш нема да му одолеам.
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.490
    Да, прв пат го гледав во средно со класот по час на македонски јазик, а вториот пат по иницијатива на филозофскиот факултет.

    И да, јас како идна професорка би го зела филмов за пример. Па и како родител. Да не се задушуваат некои желби кај децата, да се види каде се најдобри, што љубат да прават, што ги исполнува.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.