Јас па опседната сум со крајот.. Спојлер Не знам дали знаете, ама на крајот на втора сезона, Шерлок Холмс си ја лажира смртта, а бидејќи нели Хаус е на некој начин базиран на Холмс, можда па нешто такво ќе биде..
Човеков го обожавам. Не поради тоа што е "Иронија во раскош", туку едноставно начинот на размислување. Знае да ме насмее и кога нај малку ми е до тоа. Точно дека поради осаменоста во себе, створил ѕид околу него но му спуштам капа за паметот кој го има. Омилена серија ми е, дефинитивно. Не можам да ја споредам со никоја друга бидејќи сеуште не сум гледала некоја доволно компетентна за да ја споредам со оваа серија.
Последнава епизода, многу предвидлива некако.. Ама коа ќе видиш па цела осма сезона е таква. Спојлер Јасно ко ден беше дека Хаус му го намести ова со синот на Вилсон
Jaс не сум ги гледала последните 2-3 епизоди. Некако ептен монотона ми стана. Ќе чекам да заврши па се одеднаш ќе изгледам.
После епизодава толку од мене, идам се убијам инстантно. Спојлер Последната епизода се вика Everybody dies, може и Вилсон да умре а Хаус да се убие..
Леле, од умот се подизгубив. Се мрднав на чисто. Толку при срце последниве две-три епизоди ги земав. Јас и да не сакам отварам spoiler па претпоставувам дека и другите може да го прават тоа, затоа нема да кажам ништо, на крајот на сезоната ќе си кажам се што ми лежи за Хаус. А богами и многу ми лежи. Само знам дека ќе ми фали, многу... Не можам да ја дочекам следната. Ух..
Ги изгледав сите епизоди до кај што застанав. Спојлер Премногу ми е жал за Вилсон што го снајде ова, не заслужи човекот. И серијава ми личи дека нема да има среќен крај, подобро би било така, крајот би бил пореалистичен. Едвај ја чекам последната епизода, уште 4ри дена.
Едвај чекам да видам како ке ја заокружат приказната. Ја пратам од самиот почеток, остарев со неа Утре вечер ке има две епизоди. Првата, Everybody Dies е последна 22ра епизода од осмата сезона и потоа ке има уште една, Swan Song која ке биде ретроспектива на изминатите сезони.
Јас прочитав некаде дека утре епизодите ќе траат 2 часа се вкупно. А која по колку, што и како точно, незнам
Над очекуваното. Па, поштено си се изнаплакав. Пораснав со Хаус, памтам прво ја гледав на некоја Хрватска телевизија, потоа се префрлив на Интернет, каде што ја спуштив секоја епизода (во случај да не сум скокнала некоја) и никогаш за момент не престанав да ја сакам оваа серија. Младоста ми ја зема тој лик. И баш денес ми е тој моментот- That awkward moment when you finish watching a TV series and you don’t know what to do with your life any more. Се надевам дека ќе најдам серија барем слична (не по тематика, туку по љубов) како оваа. Денес сум така малку како потресена.
Спојлер Grunge полн погодок. Мене нешто посебно не ме запрепасти крајот, некако недовршени ми останаа некои работи, ова со потсвеста ми беше повторување од минатите сезони. Мило ми беше што ги видовме речиси сите ликови.
Ај некој у спојлер нека каже како заврши.. Јас ја немам гледано цела последна сезона, но ме интересира каков е крајот.
Те разбирам Како замена ти ги препорачувам следниве сериии: http://www.imdb.com/title/tt0903747/ До сега се снимени четири сезони, во јули е премиера на петтата. Ке се навлечеш, гарант. http://www.imdb.com/title/tt1723816/ Моментално оди првата сезона на ХБО, секоја недела навечер и до сега се емитувани 6 епизоди.
Спојлер Врска нема статијата, кога Хаус рекол дека и тој има рак? Ги сменил дентал рекордс со умрениот наркоман, ја лажирл сопствената смрт за да избегне затвор и да го смени идентитетот. Не му пречи што никогаш повеке нема да биде доктор, единствено му е важно да ги посвети следните 5 месеци на својот најдобар другар Вилсон, бидејки нема никакви други обврски.