И јас како Другарицава сум малце како потресена. Навлечена сум на серијава, ко Хаус на Викодин, а и сега лето сите снимања завршуваат и има или да трагам по некоја друга серија, со што поише сезони и епизоди или да гледам и арни и лоши филмови додека не почнат да излегуваат нови епизоди од сериите кои и понатака ќе се снимаат. Спојлер Мене искрено оние делови со потсвеста и со наркоманот многу глупо ми изгледаа, но сепак крајот со изрежираната смрт беше јак, ипак Хаус покажа дека има човечко во него и дека си го „сака„ Вилсон. И со моторите многу јаки ми беа, особено Вилсон со брадичката и кожњакот, баш фацка беше.
Спојлер Хаус не се смени за ниту една жена, на крај се смени за Вилсон стварно се тандем без кој серијава не би била тоа што е Мене многу ми се допадна последната епизода, анализите на Хаус од другите ликови, па впрочем и не ми тенува друг начин да ги склопат сите ликови во последната епизода освен на ваков начин, во подсвеста или погребот. Само недостасуваше Кади, многу голем дел беше од неговиот живот. Штета што глумицата одби да се појави. Чејс ми е правиот лик за работното место на Хаус. Некако најмногу ме потсеќа на него.
Леле бе дечки јас уште се тажам што заврши (((Срцево ме боли стваро хехе, не најискрено ептен ќе ми недостига, ама секогаш се појавува некоја нова серија што ме окупира и така Крајнава сезона врв ,баш како што треба се Цело време сабајлето дури ја симнав, се мислев што можи да се случи за да има феноменален крај.Супер епизода. А дали го гледавте специјалното издание? Лебедова песна?
А може ли оние на кои им се допадна крајот да објаснат што поточно им се допадна? Спојлер Прво Хаус се смени, да, ама тоа не ли ги погази неговите мислења и ставови? Дека луѓето не се менуваат? Остана недовршено што понатаму ќе прави? Заминаа среќно со Вилсон ко во некоја патетична серија. Што имаше толку интересно во крајот? Немаше ни некакви емоции, никакво изненадување, знаевме дека ја лажира смртта, дека секако не умре. На некои сезони финалето беше подобро од самиот крај. За лебедовата песна ми беше ептен чудно кога го слушнав како збори. Не ни знаев дека е он на почетокот. Ама баш е шармантен некако, убаво што така го заокружиле серијалот.
Спојлер Ми се допадна што се одлучи да го жртвува својот понатамошен живот за да ги посвети следните 5 месеци на својот најдобар другар. Не му беше важно што никогаш повеке нема да биде лекар, што ке го смени идентитетот, како и каде ке живее... За мене, многу ОК завршница.
Спојлер Креаторот Дејвид Шор во едно интервју ги открил неразрешените прашања. На пример кога Хаус стои во зградата и нели врз него паѓа греда или што и да беше, е сега работата била, гредата не паднала врз него, туку пред него, а он се извлекол низ задната врата. Прво, не знам како човек што куца е можно за дел од секундата што се вика да се спаси, дури ни креаторот не успева да објасни убаво, друго, колку време помина во зградата, со толку чад и огнови насекаде, а дури не се ни закашла. Не беше објаснето како настанал пожарот во зградата, па креаторот објаснува дека било ининуирано човекот што му беше пациент заспал со цигарата во уста откако се предозирал, така ги добил изгорениците на градите, па цигарата паднала и почнал пожарот. Ама цигарата ако му паднала на градите да се изгорел како после паднала на подот, он на грб лежеше цело време. И за Форман кога ја најде картичката, Дејвид вика тоа значело дека Форман сфатил што е работата со хаус. Секоја чест за Форман изгледа е многу попаметен, па само од една картичка успеа се да сфати. Креаторот нема идеја што ќе се случува по смртта на Вилсон. . "That's way down the road. And that's not what it was about," he insisted. "The story is the story. And the story ends when the story ends." - е неговиот одговор. Ете, затоа се нервирам со крајот, некако се за што беше оваа серија се поништи.
Да не ми се смеете, ама за од прилика 3 недели ги изгледав сите 8 сезони. Порано го затекnував по телевизија, ама ни на крај памет не ми идеше да седнам и повеќе од 2 минути да гледам. И така се случи, на сестра ми и се свиде, па го спуштила. Ми рече да го гледам со неа, ама јас не сакав, не верував дека ќе биде интересно. Ама дур си вежбав, таа гледаше, и беше епизодата Спојлер Формен ко беше болен Толку ме заинтересира што гледав со неа уште следните 3-4 епизоди. И следен ден си ги почнав од почеток. Не запрев до вчера. Спојлер Крајот ме разочара, и колку и да се правам рамнодушна, мора да признаам. Сериозно? И шо ќе бидит со Хаус ко ќе умрит Вилсон?! Леле.. да, мило ми е што се направи за да ги помине последните 5 месеци со него, ама пак дотолку.. Колку ми беше жал за MRI машинана. Одлична серија, од точка до точка - минус крајот. Сега што ќе гледам? Ај, летово цела серија од ново!
Зарем завршила? Јас ја гледам кога ја дават било каде на телевизија. Интересна ми е, кога ќе се внесам во некоја епизода не трепнувам. Хаус ми е многу интересен како лик иако понекогаш ме нервира ама сепак неговиот сарказам и ја прави серијата. 13-ка и Вилсон исто така најдобри ликови. Ми остана во глава кога во една епизода полицаец ги сопира Хаус и Вилсон поради пребрзо возење. Wilson: I lost sense of speed. House: I bet that was Hitler's excuse too. He lost sense of Jews. Не знам дали точно вака беше ама се изнасмеав . А најмногу ме погоди епизодата кога се венчаат Камерон и Чејс а Хаус отиде на лечење или така нешто. Музиката беше многу жална, ако некој се сеќава која песна беше тоа да ми каже.
Не се сеќавам која сезона беше, ама омилена сцена ми е оваа: Хаус му влегол на Вилсон во заклучена канцеларија, и Вилсон вика: Како влезе ти овде? Хаус: Со осмоза... и ден денес си се смеам на ова реално да го знам во вистински живот би го мразела, толку лош карактер, ама начинот на кој размислува и како ја перцепира реалноста просто ме фасцинира... сакам 9та сезона бе пааа :'(
Ах Хаус многу го поштувам најмногу поради тоа што е саркастичен и искреен, колку се нервирам што серијатa заврши.
јас си го гледам на fox life/crime заборавив на што беше иначе не следам по термин само кога ќе го фатам.
Епа, јас конечно собрав храброст да ја гледам последната епизода ( мислам знаат некои од вас како стојам психички со серијава ) А за крајот знаев, убаво си кажав јас уште пред да искочи епизодата.. Можда и не требаше да испадне баш така, ептен Шерлок Холмс беше, ама па и самата серија е по тој принцип, па можда неиспоштувачки ќе беше некој друг крај. Ајдееееее, почнуваме од 1ва сезона пак, нели ?
А знае ли некој линк за онлајн да го гледам филмов... Ина4е нај ме нервира Мастерс во 7ма сезона што е па ќе видам како ќе ми се допаднат новите кои после ќе дојдат во тимот...
На Телма, секој ден даваат епизоди (не знам од која сезона) во 19.30, и реприза после 00.00 часот. Е сега не знам по која причина денес немаше реприза... останав да гледам и не можам да заспијам...
Која сезона моментално ја дават на Телма?И многу ли се ако почнам да ја гледам од почеток,бидејки само кога ќе ја фатам,кога имам време го гледам Некако се ми е побркано