8 сезони се, и јас измешано ги гледам. На телма не знам која сезона ја даваат ама од оние првите е некоја сигурно, со првиот состав е. И јас секој ден од различна сезона гледам, каша-попара Да ги симнам од некаде или од кај другарка на usb да ги земам сите 8 сезони ќе почнам да ги гледам од почеток.. А кога ќе биде тоа не знам
И јас сакам да почнам да го гледам Хаус. Макар моментално гледам неограничен број на серии, но ќе и дадам време и на оваа. Проблемот е што неможев да најдам на нет линк од каде може да ја симнам. На замунда ја нема, на друго место барав, но на италјанска синхронизација. Барав и во темата неколку страна назад, но не најдов. Ако може некој да ми прати линкче?
Еве http://one-tvshows.eu/tv/house/ Ама многу се.Мене се ми е збркано бидејки кога имам време гледам на Телма,ама 8 сезони се,и тоа по 20 епизоди во секоја
Ова е онлајн нели? Ако можеш да најдеш линк да ги симнам, неможам да гледам онлајн. А гледам дека се многу, но ќе и дадам шанса.
Најдобра серија ја имав гледано на телма а летово ги спуштив сите сезони од 1 ва до 8ма непрекинат маратон се изнауживав
Хаус е закон!! За мене најдобра серија е ова! Додуша друга и не гледам И јас гледам на телма, ама првите сезони се, кои ги имам и порано гледано. Некогаш гледам и на RTL ама не е исто со германска синхронизација.
O,ноу. Некоја интелигенција од Телма, дошла до идеа да ја укине мојата омилена серија. И така заврши 8 сезона, па барем сега евоцирав спомени со втората, барем третата нека ја дадат. Спојлер Ако мислењето ви заличи како да е за Ангели, извинете немав таква намера.
Јас ја гледав на Fox Live и репризно и на Телма...што да кажам, просто го обожавам ама буквално го обожавам ликот на House, од сценарио, до избор на глумци, се! Би ја гледала серијата одново и одново Незаменлива е!
омилена серија засекогаш!! можеби има малце влијание мојата збудаленост по медицината ама сепак ја обожавам.. ја гледав на foxLive и Телма ама завршии одамна.. сега одново од 1 сезона ја гледам на filmovizija.com и сум стигната до 2 сезона 1 епизода златен распуст
Јас почнав да ја гледам неодамна, ова ми е серијата за пред спиење епизода на телефон шо му гледам. Се скапав смеење вчера Cameron ко беше ко: i like u, па седнав праќам скрин на другарка ми и ѝ викам "еТе СуМ". Ок после плачев but that's beyond the point. 8.5/10 Иако случаите ми се репетитивни, јас гледам за драмата.
Најдобра серија на сите времиња. Сум ги изгледала сите 8 сезони неколку пати низ годините, маратонски. Секој пат различно ја доживувам. Да ме слуша некој ќе мисли чудна сум а и нема да згреши