House MD Ја обожавам серијава, а dr.House е генијалец. Инаку ги гледам епизодите на Fox Life, и малку ми беше чудно кога ги внесоа новите ликови, но сега ги обожавам и нив.
House MD да, и мене исто, кога почна новата сезона со нови глумци се разочарав. а всушност многу појако станува понатаму со нив...тоа ми се допаѓа, што епизодите се се подобри
House MD Дали сум само јас, или Хаус во новава сеэона го направиле совршенство ( не дека не беше, да се раэбереме ) Се менува, еволуира, му отворија нови хориэонти, ај да не кажувам эа што эа тие што не гледале, ама хуморот е на највисоко ниво до сега, според мене. Сите 5 епиэоди од 7 сеэона се фантастични, а Хју Лери е неэаменлив!The best
House MD Аууу, едвај чекам да стигнам до 7ма сезона! Штом вакви работи се случуваат, ептен сум нестрплива! Јас стигнав до средина на 5та сезона и тоа реалтивно брзо, гледам актвино 2 месеци, па дури се плашам што ќе правам кога ќе изгледам све и кога ќе неам што да гледам ...ме нервира тој момент, веќе сум и повеќе од зависна А ликот на др.Хаус т.е. во неговиот тежок карактер веќе толку навлегов што почнав да го разбирам човекот Од сите ликови во серијава нејасна ми е само Камерон, љубовта према Хаус, љубовта према Чејс....тотално ми е нејасно!
House MD Да, да речиси совршен просто ќе се заљубам Исто така мислам дека повеќе е ставен акцент на приватниот живот на Хаус, за разлика од другите сезони.
Хаус и неговиот сарказам не може да те остават рамнодушен...дали ке го сакаш или мразиш сеедно, битно нема шанса да не му обрнеш внимание.Серијата е за една голема 10-ка,јас ја обожавам.
Да споделам еден момет...многу се смеев сега пред некој ден кога слушнав дека на Хаус телефонот му ѕвони со рингтон на песната "Mmm bop" од Hanson http://www.youtube.com/watch?v=pj0QA8FF ... re=related
Значи некогаш толку ме вади од такт човеков затоа што стално по свое си тера, ама па убаво рече Георгина - не те остава рамнодушен.
Моментално има пауза од две недели во Америка , сеуште нова епизода нема излезено, дури на 8. ноември
Најјака серија, многу е интересна....па ми се чини дека поинтересна е од Грејс анатоми!...хехе и мене глумецот ми е симпатија !
^^ До која се стигнати со емитување, седма? И јас почнав да ја гледам седмата сезона, па да знам уште која епизода ми фали
Едноставно го обожавам, го гледав на фокс лајф но сега го нема. Дали некој знае на која друга програма се емитува?
И јас исто го следев на Фокс Лајф и одвај чекам да продолжи. (ако воопшто продолжи) Нај нај нај нај нај омилена серија. Хаус е толку добро осмислен лик и глумецот најдобро што може го глуми. Хаууууус!