Е што се случи со серијава? Одмана немам гледано нова епизода, а сега со празнициве и секако пауза ќе има...Кога гледавте последно нова епизода? едит: ок, сега видов, на 22. ноември беше последната, а следната е на 17. јануари
Ја гледаше некој новата епизода? Спојлер Инаку новава глумица, не знам како и беше името, нема да биде повеќе дел од тимот. Е сега дали ќе ја гледаме сепак до крајот на сезоната или не , не разбрав Сцената со мајката на Кади (кога ќе се онесвести) е лудило. Хаус-работа
При крај сум со првата сезона, втората спремна ме чека Не верував дека ќе ми се свиѓа серијава, а којзнае што уште се случува во следните сезони
И јас сум навлечена на Хаус Во вторник сабајле отворање очи и директ на компјутер да ја симнам најновата епизода. Инаку, за симнување добри сајтoви се http://www.thepiratebay.org или http://www.torrentz.eu Покрај Хаус ги симнувам и Конан (Conan) и Крег Фергусон (The late late show with Craig Ferguson). Одат секој работен ден со некои паузи повремено и посебно вториов е откачен 200%. Не пратам ниту една серија кај нас па како што нема што да се гледа, овие ми се супер.
Conan i Craig Ferguson се talk shows. Концептот на емисиите е ист, првин излегува водителот со монолог па имаат по 1-2 гости. http://www.youtube.com/watch?v=w1OLDhVZ ... re=related [url=http://www.youtube.com/watch?v=k30_ovcNKGk]http://www.youtube.com/watch?v=k30_ovcNKGk
Стигнав дури до 6та сезона, уште сезона ипол ми остана.Во денот барем една-две епизоди гледам Хаус и Вилсон ми се најинтересни, едвај чекам само да се спојат Кади и Хаус
Спојлер Вчера беше јака новата епизода на Хаус. Што викаш баш ме интересира Мастерс и 13 како че се вклопат. Ама јака ми е 13 искрено ми фалеше. А ми фали и Камерон, штета што мораше да си оди од серијата. Со тој плавиот беа супер пар и како доктори и како маж и жена. А и за глупост се разведоа.