Стварно човеков е хаос ,ово е единствена серија што ја гледам што едвај чекам нова сезона. Спојлер баш ме интересира како ќе се врати на работа,а и Тауб што ќе направи и девојка му и бившата жена бремени
Еј а сега на Телма ли гледате, тие нови епизоди ли се.. јас таму го гледам , само во понеделник го даваат така ли??? Ина4е ептен ми е јак филмот...
еј ја изгледа ли некој последната епизода од Хаус за да ми ја објасни, јас ништо не сфатив Спојлер на почетокот даваа со Вилсон и КАди кај болницата, демек Хаус нешо направил и на крајот не објаснија. За тоа со колата што влезе кај неа во куќата ли е, или?
Спојлер поентата беше што тој многу патеше по Кади откако раскинаа. Кога она во последната епизода конечно го натера да призне дека му е тешко и дека е повреден и го боли и му рече дека нема излегувано со никој освен со неа тој свати дека ја сака и дека сака да биде со на. Со вилсон отидоа да ја види Хоус арно ама кога ја виде на ручек со сестра и , зетот и тој што и го местеше сестра и , му се споија жичките и влета во куќата. А на крај отиде во лос ангелес според палмите и плажата за да биде слободен од сите болки. Инаку од наредната сезона нема да ја има Кади веќе на барање на самата глумица
Спојлер мхмхм.. тоа до некаде го сфатив. (причините зашто тој влета во куќата) Ама не ми беше јасно зошто Вилсон беше повреден. Нели раката на почетокот му ја преврзуваа. А што ли ќе прави Хаус без Кади? Лошо, лошо.. којзнае каква ќе биде следнава сезона
Спојлер зашто падна кога овој го турна да не влезе во кола пред да удри во куќата. Тогаш се повреди вилсон.
Спојлер зашто падна кога овој го турна да не влезе во кола пред да удри во куќата. Тогаш се повреди вилсон. [/quote БООООО дали гледавте ко ке се оперира самиот бо колку не арен а мислам дека на вилсон му ка преврзваја раката оти овај ко ке влегваше со колата вилсон скокна ама можи да е инешто друго ке кажат во првата епизода сега во новата сезона јас многу ја сакам 13 многу ми е најпреуба на цел свет и не знам читав во некое списание дека сега е многу популарна и дека била една од најубавите нови глумици заедно со нина добрев од вампирите а дали ви текнува хаус ко се скара со кади ко беше во еден хотел со една проститутка и ко ја тераше да седи со јаболко на главата и тој со стрела ко ја годеше и ко го заебаваше дебелиот како демек ја погоди ха ха ха ха за то се изнасмеав
Ја гледам понекогаш... Интересна е, слушнав дека била според вистински случаи инаку Хаус е закон. Карактерот навистина однесувањето,а и глумецот одлично глуми.
Серијава ми се допаѓа многу едно време редовно ја следев , но одамна не сум ја фатила. Може некој да ми каже кога се емитува сега и на кој канал ?
Ја дават на телма и на фокс лајф само не знам во колку точно сатот,иначе да ја гледаш многу е јак хаус нема појак а посебно последните епизоди од 7та сезона ама мислам на фокс се поназат и на телма позззз
Аааа, најјака е серијава! Нема понеделник а да не ја пропуштам. Многу ми се допаѓа Хаус, неговиот лик и карактер, на моменти знае да ме изнервира со неговата преголема саркастичност и иронија ама мораме да признаеме, најдобар е. Сега, незнам каде беше дали на демотивација ама имав видено негде, демек како се решаваат сите случаеви во серијата. Не ми текнува сега, ама нели Хаус ќе си претпоставува што е, ова она и наеднаш он ќе се задлабочи во нешто, ќе му текне на некој негов спомен и веднаш ќе свати каква болест има пациентот. Или пак, ако ви текнува на онаа епизода, таа малолетничката што постојано му доаѓаше во болница и што му се пушташе, носеше црвени танга гаќи и овој ги погледна и дојде до извонредниот заклучок дека пациентот има црвена бактерија ли, немам поима. И во секоја епизода, се на истите апарати ги прегледуваат. Те, на она ќе ги легнат па ќе им ја снимаат главата или на она лентата за трчање. Ама ако, пак е најбоља серијава!
Ја обожавам неговата иронија која често прераснува во сарказам. Ја обожавам неговата итрина, решителност, реалност, тврдоглавост, ладнокрвност, директност, искреност, дрскост, суровост... Единствен лик! Знам дека едно време го даваа на канал 5 или на канал 5 плус.
Ухх бре, кој ќе чека до септември или кога и да е кога почнува наредна сезона....Хаус ми е како храна, без него неможам И малце офф-топик да бидам, го препознавате ли човекот од клипчево? Баш ми фали и оваа серија... http://www.youtube.com/watch?v=hOSYiT2iG08
Понекогаш ја гледам серијата но не ја пратам редовно.Инаку таа малолетничката што му се пушташе на Хаус е Блер од Госип грл (Лејтон Мистер) и многу сакам да ги гледам тие епизоди со неа но никако да ги начекам.
Жапче ја даваат на Fox. Баш пред некој ден ја начекав. Јас си сакам медицински серии. Мислев Вовед во анатомија ќе е нешто така, надежно, ама каша попара сторија па Хаус ја најдов како замена. Он како лик на моменти ме нервира, на моменти го сакам. Кога-како, ама општо серијалот ми се допаѓа.
Јас почнувам на нет да ја гледам серијава. На фокс ја даваат 4тата сезона, ама ја имаат веќе дадено неколку пати. И почнувам од 5тата сезона. Спојлер Ја изгледав првата епизода и многу ми беше жал што Вилсон си замина, а поготово за зборовите кои му ги кажа на Хаус. Ама беше во право.
Ликов ми е неверојатно добар, со извонредна смисла за хумор. Сакам такви саркастични и цинични ликови да гледам. Само на ТВ, не и околу мене, нормално Инаку, до пред некое време ја гледав редовно, не пропуштав, топ ми бше серијава. Во последно време немам можност да се посветам на редовно следење серија, за жал, па така излегов од шема за оваа серија (и за многу други).
Спојлер Му кажа дека секаде околу него е мизерија, дека е несреќен и не сака другите да бидат среќни и дека всушност не биле пријатели, Хаус само има потреба од него.
Спојлер Kога би било поинаку, Хаус не би бил Хаус Мене многу ми се свиѓа типот на пријтелство помеѓу Вилсон и Хаус, знаат како другиот дише, особено Хаус ми е смешен кога ќе почне да го следи и набљудува Вилсон и поѓаѓа што правел В принцип, мене ми е многу жал за Хаус и многу беше жална епизодата со операцијата на ногата.Таков е зашто секој ден живее во болка.