Спојлер Целосно земено, завршната епизода има многу потресни моменти и ситуации, но она, самиот финиш...ќе ги разнежни девојките .
Еве јас ќе си зеам право да ти одговорам на прашањето место Елементал.. Ниту поинтересна ниту помалце интересна.. Мене последните 2 епизоди ми беа стварно добри, на крај не можев а да не заплачам Има уше некој шо ја има изглеано 7мата сезона?
Јас сега ја почнувам. Ај сега на шала на заебанција ќе кажеш нешто повеќе. Ти си уживала во гледањето, сега остави и ние да уживаме.
Јас ја изгледав Ама не се сложувам дека седма сезона не е нај, мене многу силен впечаток ми остави особено последната епизода Спојлер Епизодата кога сам се оперираше ја гледав здрвена Воедно и многу жал ми беше
Мене најверојатно не ми беше нешто нај нај, освен крајот нели, Спојлер пошо не можев да ја поднесам Мастерс, уф колку ми е антипатична Елементал, ако те интересира нешо прати ми порака, од оние личните
Спојлер Мастерс многу,многу ме разочара, мислев дека е попаметна и дека нема да пропушти доктор како него особено кога виде дека иако е таква ја прифаќа во тимот за постојано.Глупача. А сега се сетив од претходните сезони, не знам која точно, многу се смеев кога Хаус правеше ергенска на Чејз и Вилсон без панталони тргнал дома, од својата куќа
Спојлер Крајните епизоди на петата сезона, и да стварно беше смешно и коа нели прати демек полицајци да го киднапираат овој, и тоа ептен ми беше јако. Ама ипак на крајот на епизодата мноогу ми беше некако тажен.
Мене веќе све ми е испомешано во главата, која е 5та а која е 6та сезона Ги изгледав сите 7 сезони, седмата ја изгледав тековно, како излегуваше нова епизода така ја симнував и гледав, и сеа нестрпливо си чекам октомври месец за да почне 8мата сезона. Значи најавата е дека ќе биде последна сезона, ама никад не се знае. Така беше и со Саут Парк, па продолжија со снимање нови. Ако гледаноста е одлична како што мислам дека е, дај боже да се изнагледаме уште пута осум сезони
Едвај чекам да излезе осма сезона, главно поради тоа што повторно се прави огромна промена со тоа што Кади повеќе нема да учествува во серијата. Хју Лори одамна планира да ја напушти серијата, но мислам дека не ја напушти поради тоа што беше на договор. Самиот има кажано како улогата му има влезено под кожа и едноставно го има променето. Од друга страна, сака да си ја проба среќата во областа на музиката Иако ми е една од најомилените серии, мислам дека е време да заврши. Се што има над 8-9 сезони, веќе станува досадно. Спојлер Продуцентите ништо немаат спомнато во врска со финалето, но очекувам да заврши со смртта на Хаус.
Jа догледав конечно шестата сезона Сепак морам да признаам дека крајот на 5тата беше подраматичен и позаплеткан. Спојлер Мило ми е што ќе почнат врска со Кади, ама очигледно нема да успее бидејќи Кади ќе ја напушти серијава. И почнувам со седмата
Гледав вчера случајно епизода од првата сезона, заборавив колку Кади е убава со долга коса И кој сака промо од првата епизода, осма сезона http://www.youtube.com/watch?v=xPYZcq6OkSE
Aуф Ја гледав сега 15тата еп од 7та сезона. Спојлер Не ми се верува дека така му раскина. Колку се трудеше да се смени, а во глобала е неменлив. Па она демек не знаеше Хаус каков човек е Глупава. Си пуштив некоја солза кога му раскина И уф ама ми е криво што пак се врати на тоа викодинот... Само да не го умрат на крај
Јас ја довршив 7 - ма и сега седам дома со прст во уста, шокиран и во целосна збунетост. Не, не, ќе бидам лошко и нема да напишам спојлерче. Уживајте, гледајте и ќе ја коментираме 8-ма, како што ќе излегува, делче по делче.
Интересна беше седмава сезона во целост. Спојлер Само крајот многу ме разочара, а Хаус ме изнервира ептен. Кога влета во куќата на Кади ќерка и да беше во собата ќе ја убиеше Кој ќе чека цел месец за нова епизода
Не можам еј.. По 28 пат ( броено, сериозно ) ги гледам претпоследната и последната од 4та сезона и секој пат кога ја гледам буквално дел од мене умира.. Се утепувам од плачење. На тие што можат да издржат дур ги гледаат, алал да им е.
Ти си била фрик еј . И таа сезона ме погоди, но дефинитивен крај ми беше финалето на 5-та. Колку само беше емотивна целата ситуација, а музиката ме дотолчи, мојот херој крахира едноставно. Многу тешко еј, а не сум тип што се соживува со филмови, но оваа серија со ваков лик ме ижџвака и плукна.
Доктор Хаус за матичен Закон е човеков посоодветен не можеле да најдат ... Серијата не е дежа ву туку Хаус ја прави Хаос интересна , непредвидлива до последен момент... Искрено ја пратам само поради него
Може сум фрик, али целата серија ми стана битен дел од животов мој, Хаус е дрога. И првата епизода од 6-та сезона, делот Спојлер -House they broke you. -They didn't break me, I am broken. лелее мајко. Таква цела шокирана, како успеаја него вака да му напраат, на него еј, на човекот што буквално му се дивев како светот не може да го скрши и да го вовлече во неговите глупости. Али ете, тоаш се разочарав многу. Ти викам, серијава е дрога, а Хаус го сакам баш заради тоа, пошо првпат сретнав некој што се немаше препуштено на секојдневните глупости и баш веруваше во себе. Секој пат кога ги гледам сезоните, се нешто ново откривам, секогаш е интересно