Др.Хаус (House MD)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од d.Darla, 17 септември 2010.

  1. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Тие што не сте стиганти до последната сезона не го читајте ова.. :D
    Во новата сезона Хаус ке биде в затвор за тоа што го направи во куката на Кади и сите ке бидат конечно разочарани до крај од него дури и Вилсон.И в затвор Хаус ке го малтретираат зело време затвореницити ;( ;( значи топ ке биде сезоната
     
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
  3. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Го гледам Хаус и многу ја сакам серијава :)
    Има многу логика во серијата а и плус на моменти е комична :D
     
  6. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    ХРТ1 на кабловска ќе почне на 19 септември,понеделник со 6 сезона на Др Хаус
     
  7. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Lele koga nova epizoda ke ima na zamunda da ne znaj nekoj ne mozam da docekam :(
     
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    На 2 окт излага новата сезона на Хаус ;)
     
    На mona.s му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Не е јак хаус, НАЈ јак е! ме има изнамеано до коска на некои епизоди и морам да кажам дека е Инзвореден глумец. свака част друже тоа се вика глума!
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Actor Wentworth Miller will guest in an episode House this fall!

    Ако некого не му текнува ова е Мајкл од Призн Брејк

    :inlove: :inlove: :inlove: јес!
     
  11. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Интересно е како повеќето го сакаат Хаус само заради неговиот сарказам, кој што не велам дека не е одличен и само затоа ја сакаат серијата. Мислат дека целата поента е во тоа и во неговото дрско однесување. Подалеку од тоа не гледаат.
    Дури и се обидуваат да бидат како него, верувајќи дека би биле поинтересни.

    До некаде е и нормално бидејќи не е секојдневна работа да видиш нешто такво, меѓутоа морам да кажам дека е многу..
    Многу површно.
    Жал ми е, ама позади Хаус има многу повеќе работи освен тоа. Многу.
    И мислам дека ЕлеМентал ќе сфати за што зборувам.

    Не се обидувам да изгледам паметна ама кој се пронајде.. што да му правам.

    И не само за Хаус.
    За било која серија. Ако ја гледаш, гледај ја како што треба.
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    ^Точно.
    Хаус не е само доктор што спасува животи или сложува сложувалки :D
    Од една сезона не може да знаеш кој е Хаус.Тој е страшно добро осмислен лик, целото негово однесување произлегува од болката и како тој се справува со неа.
    Од една епизода, не можеш да му се восхитуваш.Или можеш, ако сакаш да се правиш важен, а всушност не знаеш кој е.
    Секоја негова грешка и идиотско однесување, односот кон сите-Кади, Вилсон, докторите во тимот, сосема ја разбирам и ниеднаш не сум рекла како може да е ваков.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Јас највеќе се пронајдов во серијата бидејќи јас во многу работи СУМ како Хаус. Уште пред да ја гледам, и не се виткам и адаптирам кон неговиот лик.

    Прво тој ми изгледа навистина кул и мрачно, и на тие години би сакал да имам таков шмек и да зрачам со таа зрелост и шарм. Значи би убил да го имам неговиот глас, а мојот Англиски колку и да е течен, си го чувствувам патетично кога ќе го чујам неговиот тука. Едноставно, Англиски џентлмен.

    http://www.youtube.com/watch?v=OzmbJPMN8yA

    Тој е образуван, интелигентен, реалист, песимист, премногу анализира, тешко си допушта да чувствува, става маска и ѕидови пред себе за да не му пријдат, бидејќи свесен е дека е лесен за повредување.
    Тој е дрзок, арогантен, им ги лепи на луѓето но бидејќи знае што зборува, не можат да му вратат. Тие го мразат, и се изиритирани од него, но кога ножот доаѓа до коска, го сакаш Хаус на твоја страна 8)

    И да те нервира, пак те интересира неговото мислење :lol:

    Успешен и признат во својата бранша, едноставно гениј во својата професија, излегува од стандардните бариери на однесување и професионализам. Тој се однесува како што тој сака, и на крај пак си ја завршува работата подобро од другите.

    ЈАС! ЈАС! ЈАС! ЈАС!!!!

    Хуморот и сарказмот барем за мене се само шлаг на тортата. Важен дел од целото шоу, но само една од причините зошто ликов ми е идол.
    Неверојатно комплексен и тежок за разбирање, но токму поради тоа и те задржува на екранот.

    Ова само краток опис од форумскиот Хаус за вистинскиот Хаус :bow:
     
    На Phyramide, srcka55 и Grunge им се допаѓа ова.
  14. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    го обожаваааааааааааааамммммммммм!!!!!!!!!!!!! :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Го стаив во спојлер бидејќи е долго.
    Иначе.

    ИСТО!ИСТО!ИСТО!ИСТО!
    Не можеше подобро да го претставиш.
    Не сум како Хаус бидејќи го гледам, туку го гледам бидејќи сум како Хаус.
    Бидејќи конечно најдов нешто/некој на што можам да се потпрам.
    Иако се работи за серија и фикционален карактер.

    Сеуште се чудат како можам истите епизоди да ги гледам и да не ми биде досадно, ама тоа е исто како некој да ми даде лента од мојот живот и да речам "Не, фала, досадна е."

    Ама сепак има две работи кои што ги научив од Хаус, за кој што и не бев толку сигурна порано.

    Научив дека секогаш, значи секогаш мораш да веруваш во себе и во тоа што го праиш.
    Ако нешто правиш, напрај го како што треба и како што ти знаеш.
    Не секогаш можеш да знаеш дека си во право, меѓутоа под спротивната претпоставка не можеш да функционираш.

    Научив колку уствари луѓето околу тебе се битни и колку уствари се голем дел од тоа што си.
    Ти треба некој да ти каже нешто грешно, за те поттикне да го најдеш правиот одговор.
    Ти требаат луѓе со различни ставови и мислења.
    Не ти треба некој да ти го каже тоа што ти веќе го мислиш.

    Ама и покрај сите доблести што ги има/ме сфатив дека не сакам да завршам како Хаус. ( ако си ми го прочитал тоа во СДК, знаеш )
    Сфатив дека сум многу себична. Себе највеќе се сакам и почитувам.
    Сфатив дека секогаш морам да бидам во право и да си ја докажам поентата.
    Често губам луѓе заради тоа.
    Сфатив дека не секогаш ми е мило за туѓата среќа. Кога сум јас несреќна, ширам огромна негативност.
    Сфатив дека често реметам и манипулирам со луѓето. Ми се може, па што.
    Сфатив дека не сакам нови работи. Се држам до луѓе и работи што ги знам.
    Сфатив дека најлесен начин да го решам проблемот е уште повеќе да го за*бам.
    Сфатив дека имам преголемо его и кога некој ќе ми пројаде тоаштонетреба, единствено ќе му се изнасмеам во фаца.
    Ама и покрај се.. сфатив дека имам чувства
    И не ми е жал за некои работи, бидејќи секогаш викаат дека треба да верувам во себе. И има луѓе кои што навистина ги сакам и почитувам и сакам тоа да го знаат.
    И затоа сакам на сите што се обидуваат да станат како него мислејќи дека е толку едноставно и интересно, да им кажам една работа.
    Немојте, после нема враќање назад.

    http://www.youtube.com/watch?v=4fRvqR2tPzk
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Јас не сум како Хаус :wasntme: Ниту пак мислам дека некој може да биде како него. Освен ако не живее со болка како неговата и има ајкју како него, ги поминал истите работи што и он.
    Инаку, едвај чекам да почне третата сезона на трети, ако е последна сезонава, мислам дека ќе биде сензационална :)
     
    На srcka55 и femina90 им се допаѓа ова.
  17. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18

    третата сезона?за на некоја програма тоа треба да почне 3та сезона или??
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Упс грешка :) Осмата сезона, на 3 октомври. На тв на телма мислам ја даваат само не знам која сезона, а и ја даваат на фокс лајф, 5тата мислам :)
     
    На srcka55 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    хехе оки зато ме збуни малце :D од 8ма сезона првата епизода е излезена :D :D така ми кажаа еден другар дека ја нашол на нет... :)
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    На ХРТ ја даваат новата сезона ( не знам која е по ред ),
    Хаус е во психијатриска болница :)