Дубаи

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kallias, 14 февруари 2012.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Барав, но не најдов ваква тема, па би сакала да споделите мислења и совети. кој од вас бил во Дубаи, преку која агенција има најповолен аранжман, колку дена, што се е вклучено во понудата итн.
    Јас со мм би сакале да отпатуваме на неколку дена во Дубаи наредниот месец, па ако сакате да споделите искуства доколку ги има.
    Однапред ви Благодарам :)
     
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    Не сум била,но не ни планирам.Можеби понатака..Инаку нема место каде што јас не сакам да одам!! :D
    Имам пријателки кои биле и раскажуваа си поминале незаборавни моменти.
     
  3. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас си имам поминано незаборавни моменти во Дубаи и сакам пак да отидам мош летово ке одам
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    А ќе можеш да ми кажеш преку која агенција беше, колку дена, каква програма нуди таа агенција и колку вкупно те кошташе патувањето за Дубаи?
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.619
    Ако не ти смета да летате од Белград - повели супер понуди :)

    http://www.wayout.rs/#
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  6. leptirce

    leptirce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    55
    Само сакам да ви кажам дека Дубаи е прекрасен град ... со прекрасни места кои можете да ги посетите и да си поминете убаво. Јас одам во Дубаи на секои 2-3 месеца и секогаш си проминувам одлично. Ми се допаѓа што има работи што не си ги видел и што се прекрасни. Пример највисоката зграда на свет , чувстото е прекрасно да се качиш тамо , фонтаната која како да игра на музика, копијата на Венеција, Golden Sulk - продавниците со злато, сафарито е исто така прекрасно искуство .... Една најбитна работа е што можете да си купите само карта и да си резервирате хотели од дома кои не се скапи много значи може да се најде хотел и за 40-50 долари ноќ. Прекрасно е да се иде во Дубаи со некој кој ви значи многу во животот.
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    397
    Знам дека Фибула органзира летување таму, ама цените им се ненормални. Јас лани планирав патување таму во сопствена режија и разликата во цена беше огромна. Како и да е, и така сумата ми изгледаше преголема за тој период (имавме други трошоци), па оставивме за други времиња. Се надевам дека ќе отидам некој ден и дека ќе ја намалат цената на визата
     
  8. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Планираме во октомври да одиме во Дубаи, сега има аранжмани со летови од Скопје, па ве молам да споделите инфо за таму! Не знам дали е попаметно да се оди во хотел на плажа или во хотел во градот, колку дена минимум се потребни за убаво да се прошета градот, дали е премногу скапо и слично. ФАЛА однапред!!!
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150

    Таму и воздухот се плаќа :D се зезам, скапо е. Ако решиш да си во хотел покрај плажа барај хотел што има своја приватна плажа затоа што се плаќа влезница за на плажа. Со себе носете американски долари а таму ќе ги менувате за дурхами. За десетина дена ќе ги видиш најпознатите градби а ќе бидеш воодушевена од нивните молови за шопинг, разновидност на кујни и на крај ќе се чудиш кај списка 1000$ :$. Kako и да е убаво е да се види
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Во каков хотел да одиме-на плажа или во градот? Што е подобро?
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150

    Зависи колкав ти е буџетот. Има голема разлика од хотел до хотел и од место до место. Зависи дали повеќе сакаш да шеташ или да седиш на плажа иако не е паметно цел ден да си на плажа зошто сонцето е многу јако.
     
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Прашање до тие што биле во Дубаи - колку денови се доволни за убаво да се прошета градот?
    Гледам агенцииве нудат 4 ноќи/5 дена; 7 ноќи/8 дена; 10 ноќи/11 дена; 11 ноќи/12 дена, со тоа што првиот и последниот ден не се рачунаат (првиот-касно се стига, последниот-рано е летот).
    Однапред ФАЛА!
    За сите дополнителни информации (места/знаменитости што треба да се посетат; места за вечерни искачања, ресторани, шопинг и сл.) би ви била мноооооогу благодарна! :*
     
  13. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Животна желба.. Баш би сакала да го посетам :)
     
  14. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Да ви се пофалам дека бевме во Дубаи. Градот е лудница!!! :!:
    Толку многу убавина и раскош на едно место...невидено. На сите ви препорачувам барем еднаш во животот да отидете таму.
     
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    пиши подетално!
    Кој временски период бевте?
    Преку која агенција?:
    Колку останавте и колку пари ти требаат онака за таму?
    Знам дека може да се прави шопинг ама изгледа е прескапо.
    Чекаме
     
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Конечно да ти одговорам!
    Бевме крај на Октомври - времето беше супер-околу 30 степени, значи воопшто не беше премногу жешко и не беше пре-влажно како што викаат дека е во јули и август.
    Бевме 8 дена-уствари 6 цели дена, пошто првиот ден стигнавме касно вечерта, а последниот ден авионот беше рано наутро, па тие 2 дена не се рачунаат. Летавме со Fly Dubai кој топло го препорачувам!
    Бевме сместени кај пријатели, значи не плаќавме за хотел. Хотели има неверојатно многу, на секој чекор.
    Околу парите...хммм....зависи што сакаш-имаш и прескапи ресторани, ама имаш и ресторани со нормални цени - на пр. можеш да јадеш пица и кока-кола за 10-15 евра. Кафињата се околу 2-3 евра, во Costa и Starbacks се околу 4-5 евра. Алкохол има скоро во секој расторан и паб. Земи предвид дека сепак е луксузна дестинација и дека за просечен македонец секаде е скапо! Правев споредба со цените во USA и во Скандинавија, мислам дека Скандинавија е поскапа од Дубаи.
    Шопинг има неверојатен - мноооогу трговски центри во кои има и релативно евтина роба (Zara, Bershka и сл.), но и многу луксузни продавници - значи има за сечиј џеб.
    Ние многу шетавме - бевме на неколку организирани екскурзии преку туристичка агенција, но и сами многу шетавме. Метрото и таксито се прилично ефтини. Пријателите многу не шетаа, посебно за викенд. Видовме работи што мислам дека никаде на друго место не можат да се видат и доживеат!
    Пишете ако ви треба друго инфо!
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.400
    Бевте на сафари или како и да се викаше тоа? Со камили да се шетате, тоа мислам. :?:
     
  18. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Да, бевме на сафари (преку агенција) и тоа е нешто што не треба да се пропушти. Многу е поразлично и подобро од сафарито на кое сум била во Египет. Го препорачувам ноќното сафари. Тоа изгледа вака: ве земаат од хотел, ве носат во пустина, таму се префрлате во џипови и ви следува ЛУДО, пребрзо возење низ песокот, по дините-имаш чувство дека секој момент ќе се преврти џипот! :rofl:
    После сите џипови застануваат на едно место, каде можеш на јаваш камила (тоа спаѓа во цената) - тоа кратко трае колку да се сликаш. После следува вечера со претстава - претставата не е ништо посебно.
    Убаво доживување е, нас ептен ни се допадна!
     
    На glosipgirl и Kaylie им се допаѓа ова.
  19. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.400
    Благодарам многу за информациите. Мајка ми и нашата старосватица сакаат кога ќе се вратиме во Скопје, да организираат да одиме во Дубаи, па затоа и мене ме интересира како се движат цените и сличните работи. Поздрав! :)
     
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Нема за што! Ако ти требаат уште информации, слободно пиши ми!
    И ќе си поминете СУПЕР!!!!! Само немој да одите во јули-август, тогаш е пекол!
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.