Прв впечаток кога слетуваш во Дубаи - "WOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOW" Јас летав со FlyDubai, бидејќи картата беше најефтина, но да знаете, храната се купува во авион и со оглед на тоа што летот е 5 саати, ќе мора нешто да купите, а цените им се бајаги високи.
Пијачка од дома не е дозволена, има ограничување до 30мл мислам дека.. но може да купите во freeshop на аеродром било што и ќе ве пуштат во авион со тоа.. ма да имам видено како мајки со деца носат цуцли со течности и ги пуштаат без проблем.
дали некој има контакт од флајдубаи / емирати во скопје? ѕвонам на 3211133 ми спуштаат слушалка. никаде не можам да најдам емаил.
Планираме да одиме со агенција и треба се да ни е веќе организирано. Има доста факултативни излети и не знам што навистина вреди, а дали може нешто и да се прескокне (над 300 евра беа мислам факултативите). Miricle garden мене ми е ок, ама не знам дали вреди за парите :/ Сигурна сум дека сакам да го посетам Абу Даби и на пустинско сафари да одам. Dubai Mall и Burj Khalifa е прескапо а претпоставувам дека се работи за огромен трговски ценар, а не е нешто посебно... Исто крстарење ми е онака екскурзија. Сепак кога веќе одам сакам да прошетам и затоа барав искуство. Како е со храната и цените во рестораните? Дали има 'нормална' храна за наш вкус? Исто така малку ме плаши и патувањето. Освен по 2 сати низ Европа не сум патувала со авион па овие 5 сати ми се малце застрашувачки. Секоја информација ми е добредојдена
Храна можеш да најдеш за сечив вкус е цените се посолени малце. Еден оброк во ресторан ти е околу 600 денари, па нагоре. Имаш Subway, McDonald's тие се oколу 300 денари. Во маркетите цените се горе - доле како кај нас. Miricle garden мене ми се допадна многу не знам колку ви го наплатиле вас мислам дека картата беше 600 ден, Madinat Jumeirah е убаво да се посети многу убаво место е, City walk, Safari park, Dubai garden glow. Абу Даби обавезно посети го, џамијата вреди да се види, Ferrari park и најголемиот Aqua Park. Burj Khalifa се уште се немам качено мислам дека картата е 30 евра, а со посета и на аквариумот во Дубаи мол некои 40 евра е. Дубаи мол е можеш да идеш, да го прошеташ убаво е уреден, а надвор се наоѓа најпознатата фонтана. Дубаи марина е исто така убаво да ја прошеташ. Од плажи можеш на La mer, Kite beach, Nikki beach, Jbr плажите. Има многу места да се посети кои е убаво да се видат. Џа патувањето не се плаши, земи лаптоп пушти си филм и ќе поминат веднаш 5 саати. Ако те интересира уште нешто слободно прашај ме.
Доколку леташ со Флај Дубаи и сама си купуваш карта онлајн по купувањето на картата системот автоматски те носи на закажување за вадење на виза. Доколку не леташ преку Флај Дубаи тогаш ќе мораш преку агенција со тоа што бараат доказ за купена карта и резервација во хотел како гаранција. Со уредна пополнета апликација и 2 слики за виза на бела позадина ја даваат визата 5-7 дена пред летот.
Ви го претставувам, ДУБАИ. Воодушевена од убавините на ДУБАИ се потрудив да го направам оваа видео со кое ќе ги запознаеме сите убавини на Дубаи. Се надевам дека ќе ви се допадне, очекувам like и subscribe, a во коментар можете да оставате пофалби, критики или можеби некои предлози за нови видеа. Поздрав и уживајте.
Дали некој знае кои вакцини се прифатени за Дубаи, дали со овие што ги има кај нас синовак/синофарм, фајзер може да одам?
Конечно ,еве ме во темава Резервиравме во агенција , почеток на март, дали може некоја феминка која што била во Дубаи да ми одговори, ако сте ги земале тие екскурзии Ме интересираат неколку работи: 1. Дали е можно тоа сафари да биде без dune bashing, малку се плашам, па дали нудат нормално возење? 2. Како човек што се плаши од инсекти и животни дали има простор за страв од нив за време на сафарито, и дали сте виделе некој поопасен инсект во пустина (прашањево ми е ама пусти страв) 3. Дали се исплати повеќе да се земаат екскурзии преку водичот, или во локална агенција, преку нет и сл.? 4. Која ексурзија ви оставила најмногу впечаток, а за која мислите дека е преценета (ако има воопшто таква) Ако сака некоја членка, може да ми пише и лп.
Се вратив преполна со впечатоци, ми се допадна многу. Не успеав само на сафари да отидам ама наредниот пат тоа прво ќе го направам. Ајде да споделам мое искуство, можеби на некој што ќе оди нешто ќе му користи. Прво, од страна на водич, шетавме скоро се сами освен City tour, каде што се посетуваат повеќе места и потребен е превоз од едно до друго место,мене ова без водич ми изгледаше како подобра опција затоа што сакав да уживам максимално на некое место без да сум ограничена за колку време треба да си одам. Се возевме секаде со такси и не е скапо, 10 евра отприлика ни беше во правец до 15 најмногу плативме, зависи колку е далеку тоа каде што одиш. Хотелот ни беше во близина на молот на Емиратите, чист, среден и персоналот беше многу услужлив. Патувавме Скопје-Истанбул, Истанбул-Дубаи, со Pegasus. Посетивме многу места, само Ain Dubai беше затворен на една недела и немавме среќа. Агенциите нудат некои екскурзии, ама јас однапред имав план кај би сакала да идеме, па сами си купувавме влезници. А да, за влез во џамијата во Абу Даби бараа две дози вакцина и плус ПЦР тест направен таму. Ако нешто плус ве интересира, тука сум