Фала, значи сепак не е поевтино да организираш сам. Со ВизЕр не можеш да одиш од Скопје, а ова е со Туркиш. Плус за другото сам сѐ треба да се организираш…
Горе доле толку ќе ти дојде, гледам сафарито мислам 60 евра го ставиле, а е 25 евра реално… Се зависи и од човекот дали е за такви групни патувања или сам да шета.
Некој што живее во Абу Даби да си доаѓа во МК за скоро време? Имам неколку работи што ми останаа таму (едно кесе е), некој да ги донесе ќе си покријам трошоци секако
Дали може и на кој начин да се аплицира за виза за Емиратите ако не одиш преку агенција и не леташ со нивни авио-компании?
Perun Tours Праќаш пасош, фотографија на бела позадина со димензии на пасош, повратна карта и реџервиран хотел
Јас извадив минатата година преку Фибула. Платив 120 евра и тие се средија. За 2 недели ја добив. Не ти треба ни резервација од хотел ни авионска карта. Им испратив слика од пасошот и фотографија на бела позадина со димензии на пасош. Јави се кај нив и прашај.
Не знаев за тоа. Инаку пред да прашам во Фибула, прашав во друга агенција и од таму исто ми побараа резервација од хотел. Затоа и ја препорачав на членката, не знаев дека се променил законот во меѓувреме.