Ние не користевме дубак. Така ни каѓа ортопед така направивме. Го ставав често на под, прво легнат на подлога за играње па седнат со играчки околу него. Имавме и оградица за играње па и во неа го оставав да игра. Кога видов дека почнува да сака да се крева се приспособивме на тоа. На оградицата си имаше рачки за да може за нив да се подигне а на под ги извадивме јастуците за седење од троседот за да му биде ниско и да може така да се исправа. Си пролазе на 8 месеци а прооде на 11 месеци. Не го паткавме и водевме за раце по соба туку го оставивме сам да се снаоѓа.
Само се исправа за седење или ти го држиш да седи? Оставај го на подлога под агол од 45 степени, да се исправа само, така ќе јакне мускули и за брзо ќе почне само да седи. Дубак не ти треба, моиве ни двајцата не го сакаа, само така ми дремеше дома, среќа позајмен. Штом почне да се исправа, ставај го на земја малото на соодветна подлога. Гумена најубаво, од коцките како сложувалки. Играчки околу малото, мама и тато за друштво. Ќе станува поактивно, ќе се врти повеќе, ќе посегнува по подалечните играчки и за кратко ќе почне и да лази, што е најдобро за целокупната моторика. И за кратко ќе седи. Најбезбедно и најсигурно ти е на земја, да знаеш.
Па не може одма, треба време за тоа. Ама со исправањето ќе ги јакне мускулите на стомакот. Тоа е потребно за да може да седи. Не потпирај со перници, не форсирај седење по секоја цена.
Мамички да прашам совет. Вчера бевме на ортопед и ни рече да ја ставаме во дубак ама без тркалца статичен. Ное сме 5 + да не е рано за дубак. Исто ни кажа на под со гумени коцки ама пробав претходно со јорганче и излегуваше на паркетот па ми е страв да не ја тресне главата кога ќе излезе надвор и од гумената ппдлога. Колкава површина се тие?
Претежно женскисте покасно ги ставаат во дубак и седнуват ради крлицата ние со синко на 6 месеци ќе одиме на контрола ама и да рече може во дубак некако не ми се става моево е ситничко ќе испадне од него
Сите различно некои викат ставете ги некои не,матичната вика не во дубак и ортопедот сигурно ќе каже не значи се остава на нас
Се мислел на џампер. Јас не би ти препорачала од 5+. Сеуште бебе нема ни цврстина нит стабилност. Нашиот ортопед после 7+ ни препорача. Јас недела дена пред 7+ го ставив во џампер иако беше стабилен и веќе седеше самостојно. Со самото скокање во џампер се зајакнуваат мускулите.Ортопедот објасни дека океј...вика : има и кој ги ставаат пред 7+ мада јас сум против. Зашто? Зашто сеуште не се стабилни и може да се искриви и рбет и проблем со карлица да се има т.е. со чашките кај карлицата. Ем бебе не е стабилно ќе се клати и само проблем во иднина може да се направи. Јас искрено го послушав и прифатив. Ништо не изгубив почекав ете до 7+ и фазите не ги рипав. На 9мес синко сам стоеше ( се држеше за било што ) , лазеше. Ев го на 10+ чекори дур го држам као идеме чаооо Не скокајте фази остави самото да си ги покажува-тера. Јас би ти препорачала да идеш кај Тони Талевски во Ново Лисиче. Прекраснотија од човек и многу стручен. Реално ти и сеа на 5+да го ставиш бебе ќе се клати нема стабилност. Незнам кој ви е ортопед. Пред 7+ не се препорачува, а ти како ќе одлучиш тоа е твое. Инаку, во дубак негде на 8+ го ставив и еве и ден денес е во него ама многууу ретко. Пушти јутуб и најдија емисијата 0+ месеци на Телма. Имаш за дубакот и изгледај ја многу корисни информации зашто да не се користи дубак многу, поубаво е да не се скокаат моторните фази.
Фала ти на одговорот. Весна кај Видоевски ни е ортопед. И не праша што имате џампер или дубак и рековме дубак рече тогаш ќе ја ставате ама да не се движи тјку да е статичен. Ама сепак ќе почекам. А за гумениве коцки да не знаеш како го оставаше на под
Значи она се мислела да....се тргнат тркалцата од дубакот и така да стои внатре. Мој совет немој, сеуште е кревка и нестабилна и немаш потреба. Рано е. Кога ќе почне самостојно да седи, да држи цврсто торзото ( да не се клати ) ставај ја во дубак ама не често и не многу. Најубаво е на овие сунѓерастите ( гумени ) коцки и на земја. Верувај така ем побрзо ќе пролази ( мојот само назад лази ) , ќе развие моторика, па ќе се исправа за да застане итн. Јас коцките ги имам во близина на креветчето стаено ( монтажно креветче. И од Џамбо ги имам оние држачите купено што се за бебе да се фаќа и исправа. Едни од внатре во креветче стојат, а други се нанадвор па да се исправа сам. Секогаш сум до него. Имав 4 паќетчиња купено од коцките ( ги нарачав пакет по 150ден по карго ) и направив како голема коцка. Го легнував на почетокот и јас со него на земја и играчките. Неможе да се чукне не се плаши. И да се чукне т.е. падне сепак си тука ти, и не е страшно и малку да се потчукне. Мојов еве и ден денес некад се потчукнува колку и да го пазам и до него сум ама секунда е. Легни го бебе и со играчките помагај да учи фази на вртење од стомак на грб и обратно. Па после ќе се учи да седи. Немој никогаш перници да редиш околу. Ти ќе си до него и ќе го учиш да си држи сам рамнотежа и да седи. После со самото тоа што ќе го ставаш доле ќе се научи и газе ќе крева за да пробува да лази, па ќе се клати со кренато газе итн. Па кога малку ќе разбира ќе му биде интересно со коцкиве. Мојов си ги вадеше сам фигурите и му беа поинтересни од играчките. Еве ден денес ги вади па као пробува да ги врати. Така си го вежбаат и мозочето. Слободно оставај го на под над коцките и биди до него дур не пркне бебе не го оставај ни 2мин сам. Зашто некогаш и во уста ги ставаат и недај Боже да не им залетне парче со гризење.
А јас да прашам др од каде ги купи коцките се сокапав барање онлине се нешо безвеза димензии , цени ..
https://www.facebook.com/pikistaracarsijastrumica/ Од овде мила. 150ден е едно паковање мислам 10 се внатре димензија беше 30×30 ако не се лажам. Со карго праќаат и разни фигури се баш погледни.
Garniturata vo dnevna mi e spustena i se trkalame veke 3 nedeli. Ama pobezbedno mi e na pod. Najveke mi e strav za glavata koga se vrti od mese na grb.
Никако на гарнитура ни кревет. Верувај секунда е колку се некогаш брзи во вртење и да тресне доле. Ортопедот тоа го напомена, рече најубаво на земја. Еднаш памтам дали 6мес имаше незнам, го оставив само на 5сек до канта да фрлам пелена и кога се вратив ( трчајќи ) беше на ивица на кревет. Среќааа иначе висока ми е спалната имаше да се сокрши. Немај гајле неможе да се повреди кога се врти и да се потчукне на коцките. Сепак не паѓа од повисоко. Ќе се чукне 2-3 пати на вртење и после самото ќе си пази. Не се плаши не е сепак на плочки или бетон. Еве го мојов се научил лази наназад кпга е на спална за да се спушти. И 2 пати го оставив ( нормално го држев стоев позади него па ублажив пад на газе ) и као му праев БАМММ БАМММ. И еве го сеа кога стига до ивицата забавува и као успорена снимка почека почека се спушта дур не застане на нозе.
@karibian на ваков дубак се мисли да ја ставаш, некој со подлога одоздола.. Инаку ние имаме баш ваков дубак, на самата кутија и во упатство мислам стои дека е од 5+. Јас би слушала и ортопед како ми кажал, ама и би се водела по инстинкт, ако сметаш дека е ситно и недоволно цврсто почекај
Нашиот ортопед ни рече вдубак на 10месеци, иначе ќерками си ползи, стига до врата се исправа ама се клати и паѓа на газ, не ми е ич стабилна а веќе 10има, тоа е заради што не ја ставив вдубак порано? А и не сака повеќе од 10мин во него пишти за надвор