Леле ве читам и ептен се секирам дека мојава еве 7 месеци има и уште не седи. Се преврува на стомак и ротирра 360,ама ни лази ни седи. Или е на под или во хранилка за да пробува да се исправа, ама нема никаква желба само да си лежи и е најубаво. Ортопед не ни препорача дубак а се мислам да ја ставам може ќе се ојача мускулатура.
Не ти треба дубак за 10месечно, на таа возраст некои и проодуваат веќе. Штом се исправа, супер. Е сега, не може одма да биде стабилна, мора да научи правилно да паѓа, на газето, и штом тоа ќе го совлада, ќе се пушти за одење. Џампер или статичен дубак земи ако сакаш, не за шетање низ соба. И упорно ставање на земја, во сосема лежечка положба, ќе почне да се исправа, колку и да е мрзливо.
Од кога почнавте да ги ставате вашите бебуши во дубак?Кога бевме на контрола на 5+ Видоевски рече може во статичен ама мала ми беше уште некако сега сме 6+ па се мислам.
јас ја ставив некаде околу 7м во дубак ја извадив на 9 е сега не би ја ставила пофторно нема кој знае што корисно барем од моја гледна точка на 11м почна да лази се исправи и почна да оди на годинка а ми беше толку страв дека нема брзо да прооди дека на 11м ми лазеше
Препорака од нашиот ортопед е на 7-8м дека можеме да користиме дубак, но статичен и со подлога. Ако бебето ти е цврсто, пробај стави го, ако е ОК одмарај раце дури можеш
Нашиот ортопед ни кажа дека не се препорачува дубак, туку на земја да се става на меше да се учи да лази, а во креветче кога ќе почне да се фаќа за решетки и да се исправа тогаш да се учи да оди, т.е. да ја држеме за раце да оди. Ја ставивме во дубак ама мала е, не ѝ докачуваат нозете на подот
А колку ви е висок дубакот Јас нашиов го извадив да го прегледам, нема нивоа на подесување туку како на шини иде па се штелува. Го наместив и бебо во него, радости, радости ама 5мин па одма плачки да го извадам Ајде доста е и толку засега мал е уште за него, цврст е он ама уште треба да пие млеко за да ојача
Со дозвола од ортопед син ми го ставив во џампер на 5+, во целиот ден му се собираше по еден саат поминат во џампер, на 7+ купивме и дубак, дете не сакаше ни минута да седи од прво, не го форсирав...за кратко откри дека може да се движи па поседува по 10мин пример...во дубак дали пола час е дневно. Повеќе сака да лази...на 8 точно пролазе, од лежечка положба седнува сам, се шета држејќи се по гарнитура или креветче, се крева и застанува сам за да стои ако лазел исто ако стоел сам на газе си седнува ама кога го водиш да оди ги завлекува нозете :/ на ортопед сме кај и да е па ќе прашам... нормално е спооред вас? Не го форсирам ни за тоа, не ни покажува желба да го водиш, кај што сака да стигне си лази ама мисла ми е дека ги влече едно по друго нозете
И мене ме интересира прашај го ортопедот, хехе а мојава кога ке се исправи пак на прсти незнам колку е правилно тоа
Normalno e da gi zavlekuva nozete koga go patkas, ne e spremen uste za odenje, zatoa ne go patkajte. Vaka ko sto kazuvas e super napreden pa kaj i da e skoro i ke proodi.
Делот за седење е малку чуден. Кога ја ставам со горниот дел е на напред, а нозете назад ѝ идат. Ваљда е нормално висок, како и сите други. Можеби ние не сме ја наместиле убаво
Може слика од дубакот Има пониски/повисоки дубалца, не се сите на иста висина, најверојатно висината и е проблем што така ,,клапнала,, во него, не може со ноџињата да се потурне и намести. Но следи, можеби и не е доволно цврста за во него, моево подместува ноџиња ама се ведне на една страна, ќе се ,,закочи,, и нема мрдање, само со раце пафта ама и помал е дечко мој..
Јас ке ја ставам за брзо, денес прави 6м Одеднаш ојача бебево, ништо не правеше и одеднаш се сама, сама се фаќа за количка и си седи, стабилно се одржава сама и си седи, нозе цврсто држи и стои за рачиња фатена, се врти лево десно скроз на стомак. Се чудам.. само лежеше и одеднаш како да порасна Инаку и синко на 6 го ставив и си прооде на 11м. Секако не по цел ден, ама да се порадува, да завршам некоја работа го ставав.. инаку и на земја си беше и сам се креваше по кревети и маси стоеше. Мислам дека малку дубак не е штета Мојов и статичен се прави со подлога доле и се прави да се клацка.
Ние го имаме истиот има 3 нивоа, сега ни е на средното. Одоздола белото ќе го притиснеш и го влечеш за да го наместиш на запците
Го наместивме. Ја ставив малку, им се радува на играчките ептен. Ептен ти фала за објаснувањето како да го наместиме