Не било до неа. Мама и тато не знаеле да го наместат дубакот убаво. Вчера научивме како да го местеме и си седеше убаво и нозете си ги потпираше на подот
Мами кога почнавте да ги ставате срценцата во дубак , овде педијатарот не ми препорачува штетно било за колкчињата..Хм..дали може совети и мислења околу ова..
Мојата ќе прави 11 месеци и ниту еднаш не ја ставив вдубак баш поради тоа, повеќе штета отколку корист, барем така велат ортопедите, си полза, неможеш да ја стигнеш колку е брза, душа на мама
Кај мене керка ми почна да ја ставам у дубак кога имаше некаде неполни 5месеци Со нозете сеуште не допираше на земјата и ја ставав по неколку минути да завршам некоја работа бидејки беше многу лошо бебе а помош од никој и никаква па цел ден во раце До некои 8месеци го јуреше дубакот се скршија тркалцата и се преметна еднаш Го фрлив веднаш дубакот а она остана на земја да лежи Во рок од месец време она почна да се изправа да се држи за маса и кревети и да чекори сама Почна да се пушта од маса до кревет по еден чекор и наскоро преоде самата без форирање Имаше неполни 9месеци
Ништо од нашиот дубак, од ваму таму шетање толку му било.. цел е крив и неможе да се закачи на највисоко ниво. Па и купив џампер...
Моево е цел ден во дубаκ...дуρи научи и да стои по малце на нози на 7 месеци. Е сега κаκо малκу да го надρасна дубаκот...сеуште се жутκа во него али свиени му се κолената ...дали е вρеме за неκој поголем?
Нема поголеми дубаци. Бебе не ни треба да биде во дубак, туку на земја. Треба да се научи да се движи самостојно, без помагала, да лази и да се исправа само, и да научи да паѓа. Така и ќе прооди. Дубакот е за помош на родителите, а на бебињата никако не им помага во развојот.
Мајки, искуства со користење на џампер? Бебе е 7+, јадра оформени, ама незнам дали има ограничување колку време во денот да ја ставам, дали треба со нозете долу да допира целосно или само со прстињата да знам како да го подесам.
Мора да допира. Мојава е 68-70цм и мене ставен ми е на најгоре нивото. Успева така убаво да допре и да се одбива. Но да не речам џабе купен... а ја спуштам во него наведнува глава и плаче, едвај 5-10мин скока. Повеќе сака да е на земја со батко и.. цел ден седи доле на земја и си игра со него.. Два, три пати во денот е во џамперот.
Мојава кога е во дубак повеќе ми смета, ми оде во нозете, фаќа секаде и мора се по неа да одам. Вака на земја си играе, а кога е на меше сама научи да си седнува.
Зборот ми беше дека помошта е во смисла, малку да те одмени дубакот, да не ти е дете нонстоп во раце. Ама па кога седи на земја, ем е најбезбедно, ем се заигрува, и кога ќе видиш, од дубакот никакво фајде.
Мајки баш џабе опнав толку на џамперов. Ај ке поседи некогаш и 10-30мин зависи, но не скока Само си стои... На 1ви Јули прави 8м. Кога почнаа вашите да подскокнуваат? Знае ептен малку да замрда со нозете... но обично само стои и се врти во круг (дека таков е џамперот му се врти седиштето).
Ние имаме таков Раинфорест или како и да се вика. Уште нема 6 месеци. Ја ставам во џампер 2-3 пати дневно по 10-20 минути. Паѓа во дилириум, ко на некоја дрога да е. Скока, се врти, се тегне по жабата, по сајлите, ја јаде пеперутката.... Малце на почетокот ги вртеше прстињата на сите страни, страв ми беше да ја гледам... Ах и ова - до детето е. Другарка и, неколку дена се разлика, само дреме кога ќе ја ставиме. Дури мака и е што е во џампер. Ама и вака на под, на кревет е помалку активна.
За некој ден ќе направи 7м. Што препорачувате, дубак или џампер? Секако е на под и во игрална (по малку и во релаксатор), ама ете да има на кратко и друга занимација.