Нас д-р ни препорача кога веќе бираме да одбереме џампер, земавме го ставив на 6 ипол месеци. До кај 8- 9 месеци го користеше ама го обожаваше скокаше и искрено без него ни до тоалет не ќе можев да отидам. Дубак не ни препорача.
@Minnie-e нас ни рече ако до сега не сте зеле ич не зимајте.. јас уште сум во искушение.. уште тоа дома ни фали
Ако веле зимаш џампер купи ние користевме дубак не сум задоволна бидејки јас ја ставив на 7м ја извадиивме на 9м никаква корист прооде на 12м тој беше лесен и лесно знаеше да пага од него
Ние имаме и дубак/проодувалка и џампер На подарок ги добивме и двете, па жал ми е да не ги искористам, колку толку. Бебе е 6 ипол месеци, не сум пробала досега да ја ставам, ама би почнала со џампер. Мое мислење е дека подобро прво со тоа, ама секако ништо не правам додека не прашам ортопед, па и педијатар. Некако па и сакам да ја ставам, ме интересира дали ќе сака
Не знам дали сум пишала на темава, моето искуство со син ми е без дубак и џампер. Од 4 месеци беше на земја пуштен, слободно, на подлога, и цело време беше така, без никави направи. Почна да ползи на 6 и пол, за да веќе на 10 да пушти по некое чекорче со држење и паѓање Од 11 месеци беше со проодувалка, па веднаш по роденденот прооде стабилно. Не го ограничував во ништо, без препреки цело време по земја и мислам дека е подобро искуство отколку со било која направа. Не велам дека не беше мачно, ама од земја не може да бега никаде ни да падне подоле И за наредно дете здравје Боже ќе одам со ист принцип.
препорака за џампер ?ама не оние за на врата, ке срушам каса од врата толку е саглам. некаде кај што вршат достава? Ортопед ни кажа дубак никако,друго се може.
А зошто не препорачуваат дубак? Јас, брат ми, маж ми, сесра му па и сите што ги знам се израснати во дубак па и порано не ставале оти немаало машини за перење, сушење, садови и морало да работат и перат на рака пелени, немало време да не пазат на душек и да не паткаат и да се со нас 24/7. Па еве здрави живи сме во тој поглед со нозе ништо не ни фали. Ептен ако има некој проблем бебуш да не го ставам, ама ако е се ок а да ми речат никако дубак искрено би зела. Е сега да ми кажете дали има дубак, џампер во 1 ,а и седиштето сакам да се ротира 360степени знам дека постои таков ама не знам каде има.
Па ова е многу дискутабилно. Широка тема. Всушност верувам дека никој од вас нема точна информација дали има некакви последици. Сигурно само си правите муабет дека вака “од око” супер сте и ништо не ви фали Не би да ве навредам дека нешто стварно ви фали. Таман работа. Ама тој целиот процес на развој кој трае со години не може да се раскаже во реченица “еве супер сме ништо не ни фали” Со оглед на тоа дека ниту еден ортопед не препорачува дубак значи има нешто. Не е иста медицината сега и пред 30год. Сигурно имаат еден куп истражувања и докажани факти и ефекти по ова прашање. Ете може од 10 деца на 9 нема да им е ништо, може само едно ќе има некакви последици. Јас не би ризикувала тоа едно да е моето
Во Џамбо ги имав купено и би требало сеуште да ги има. Во паковање се 4 држачи. Не памтам искрено цена, но повеќе од 400ден мислам дека не се. Еве ова паковањето го најдов ( инаку слика од држачите немам на моб ). Побарај во Џамбо на горен спрат по рафтовите кај детскиот дел или прашај на каса.
Имам вакво дубаче со џампер, од колку месеци почнавте да го ставате бебето? Педијатар ми рече од 6 месеци но по малку, прво џампер а покасно дубалце. Убаво било да му се даде можност да лази повеќе.
Откако почна да седи стабилно,после 8 месеци. Имам исст ваков ,џамперот остана неупотребен,а во дубак седеше до 10м. Е од тогаш се исправи на нозе сам на мебел и не сакаше да го ставаме ги креваше нозете. Сега ги извадивме тркалацата за да не му бега и од надворешна страна се исправа на него и си игра со играчките
Мене ортопедот ми рече да не го ставам во дубак ни во џампер...тоа било олеснување на мајката детето ке ми идело на прсти ,а веќе е 6 м и сака да оди го паткам си гази на цела нога. Само што не си ги осекав рацете сега и кичмата... Мислење
Ортопедот нели ти рече да не го паткаш? 6 месеци е премало за тоа, треба да го оставиш на под, па само колку може и да си вежба мускули.
Се што прави бебето само е во ред, нека се исправа ако сака, ама не и ти да го паткаш, нема потреба од тоа. Бебето не знае што е паткање ако ти не му покажеш. Нека си се развива нормално на под, нема подобро од тоа.
Јас ја ставам во џампер и го обожава, кога ќе почне да скока еадости е, па прави пауза и си игра со играчките што се закачени на него. За дубак ортопед ми рече послее 8-9 месец. Секако повеќе од 10 мин не ја ставам ама колку да измијам нешто или подсредам таман ме одменува.