Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дубак и џампер

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 19 септември 2011.

  1. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Сега има дубаци на кои се регулира висината.на пр.моето дете беше ситно и го имавме наместено на најниско. :^)
    Ја ставив во дубак на 7 и пол месеци,па еве ништо не и е,фала богу,пред годината си заоде на цело стапало,стабилно. ;)
     
    На jana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам ваше искуство со дубак ! се мислиме да земеме за малата ама не сме сигурни |(
    некои викаат добро е да се има, некои викаат не и незнам искрено
    гледав вчера во една продавница и ја ставив во неа малата и стварно и се допадна
    [​IMG]
    Ваше мислење ?
     
  3. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Јас малиов не го ставав во дубак. Единствена предност ако не го ставаш во дубак е што кога ке паѓа се дочекува на раце а не на глава.Мислам дека нема ништо штетно ако не се стави прерано.Сега да сум со овој памет и искуство би го ставила ем за мајката е полесно, ем детето порано ке прооди.
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Не знам зошто некои членки толку се ограничуваат на дубакот во смисла дека од него се искривувале половини или се појавувале спондилози или сколиози.
    Значи ни една мајка своето дете не го става во дубак на 3 или 4 месеци,а за тоа време јадрата на колкчињата веќе се оформени.
    Значи на 6,7 или 8 месеци може да се става детето во дубак и да нема никакви понатамошни проблеми.
    И да јас ја следам теоријата дека порано немало ништо од овие современи помагала како памперс премиум или не знам какви со гел пелени,со цртеж и со разно разни апликации,транспортери,релаксатори и др.
    Сме имале дубак и тоа од оние комунистичките најобичните па супер сум се развивала и во колкови и во половина и во нозе.Ниту имам рамни табани,ниту пак имам какви било проблеми поврзани со ортопедија.
    Фала богу дека секоја мајка за себе ќе си одлучува,ама немојте па толку да ги галите децата,не знаете во градинка или училиште со какви бактерии,микроби или вируси ќе се сретнат,па нивниот имунитет треба да се зајакнува, мислам дека е и малку во ред да се остават децата слободно да си дишат,нормално да си се развиваат и да го истражуваат секој нов ден и сите предмети,зашто само така се развива и карактер,и одење и рамнотежа на тело.
    Сепак сите сме здрави живи,зашто ако земеме да гледаме дека дубакот е штетен,поштетни се памперсите за една употреба,па зошто нив не ги отстраните тотално од употреба??
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ние имаме дубак го добивме на поклон и планирам да го ставам уште одма...
    мислам дека ако после 6 месеци можи да се остава да седи и можи да се остава на нозе сметам дека и можи и во дубак
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    син ми од 6 месеци а преоди касничко на 1,5година а керками на 4,5 месеци ја ставив во дубан додуша и нозете не и допираа ама бар таму не плачеше а и немаше кој да ми ја подржи за да одам до вц или кога имав работа па преоди на 8 месеци и скроз е ок
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ми нема логика болдираното - поборник си за дубакот, а велиш да се остават сами да истражуваат нов ден и нови предмети? Па зошто тогаш да ги ограничуваме со движење во дубак?
    Јас (како поборник Против) не реков дека ќе ја затворам ќерка ми во ограда, за да не мрдни никаде...јас баш го реков тоа што го велиш и ти, само со таа разлика што јас ќерка ми ја оставив слободно да се ДВИЖИ САМА насекаде - да стои колку сака, да оди колку сака, и да седи колку сака, а не ЈАС да и` одредувам колку и кога ќе седи во дубакот.

    И што врска имаат микробите, вирусите и бактериите во животот со дубакот? Баш напротив, мојата е израсната на земја, со сите микроби и вируси и бактерии на раце и во уста, и си го гради супер својот имунитет. Тие што се растени на дубак ни под не допираат, не па нешто друго. И зошто е уствари добар?

    И како во дубак се развива карактер и одење (??? - освен можеби на прсти) кога бебето никој не го прашува што, кога и колку сака, туку само го ставаме внатре и си бркаме работа?
    Ако бебето е се` уште во фаза кога не може да стои (значи нема доволно развиена мускулатура, а со тоа и недоволно цврсти колкови за самото да си ја издржи тежината) кои сме ние да одредуваме дека ќе стои во дубак, па уште и да велиме дека и на нас ништо не ни било, така сме израснале?

    Едитирам - детето нема побрзо да прооди со дубакот....имам стотици примери кои ќе ви го докажат спротивното. Детето ќе прооди кога ЌЕ МУ ДОЈДЕ ВРЕМЕ за тоа, значи - кога ќе е психички, физички и моторно спремно, и тоа нема никаква врска со дубак и слични помагала.
    Оставете го детето да си го тера природниот тек на развој...
     
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    258.533
    Пол:
    Женски
    Олеснителна околност е дубак не викам не, и јас и брат ми имавме дубак но тоа не значи дека треба сега и ќерка ми да ја ставам. Уште повеќе што и ортопедот а и еден пријател физиотерапевт ми рекоа НИКАКО дубак! Како што напиша и Моира кога ќе е спремно детето тогаш ќе прооди а не кога ние сакаме.
    А за олеснување на мајката (читај идење у wc, и брзински до кујна) јас ја ставам ќерка ми во столчето за хранење или пак на земја со расчистен терен околу неа.
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас имам статичен дубак од син ми и долго време се мислев дали ќе го користам за ќерка ми .Морам да кажам дека почнав да го користам и тоа во периоди кога ништо не ја задоволува и тоа најмногу половина час и тоа се случува еднаш до два пати неделно,за што мислам дека навистина не може да и наштети,а на мене ми врши и тоа како добра работа бидејќи тоа се моменти кога сум или исцрпена или ми е дојдено од се преку глава.Мене ми е многу интересен моментот кога ќе ја ставам и кога ќе свати дека никој не ја држи ,прво прави ваква фацка :o ,а после е среќна,најсреќна во свет.
    Инаку пред воопшто да ја ставам се консултирав со нејзиниот ортопед (Аневска) и со уште еден ортопед од Мајчин дом и додека еден рече дека може да стои цел ден другиот рече по 30-45минути дневно.Јас најдов некоја средина па ја ставам најмногу 30 минути по потреба ,но не повеќе од 2 пати неделно.
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Оградицата е супер опција исто така - ем на рамно, ем само ќе се движи, ем ќе учи да се исправа со рацете на мрежата.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас го ставив син ми во дубак на полни 6 месеци. По пола час седеше во него, во денот можеби му се собираше 2 саати вкупно. Но повеќе сакав да го оставам на земја, опкружен со перници. Не знам дали дубакот помогна или си е до детето, но прв пат сам се пушти да оди на 10 месеци, а веќе после неколку недели од годинката одеше стабилно. Нашиот дубак е од оние по големите, би рекла гломазен, но никогаш не падна од него. За разлика од овој постиран погоре, каде што може полесно да се преврте ако наиде на препрека. Го користевме некаде до кај 11 месеци (ако се сеќавам добро), но последниот месец не седеше во него, туку го буткаше од надворешната страна. А од таа гледна точка дека мајката за тоа време може да заврши повеќе работи-да, голема одмена е, особено за оние мајки што немаат помош околу чувањето.
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми ја ставив во дупак со полни 7 месеци иако и нас ортопетката ни рече- никако дубак. :!:
    Сепак решив да се слушам сама себе си и да си олеснам (бев сама и немав никаква помош, баш буквално ја ставав во дубак за да одам во WC) и најголема иронија е што кога отидовме на контрола ја излажав ортопетката и и` реков дека не користиме дубак, таа ми рече-токму поради тоа на детето правилно му се развиле колкчињата.. :^)
    Е сега видете и проценете сами.
    Не убедувам никого, ама јас и син ми со полни 7-ми месеци ќе го ставам во дубалце. :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Секако дека педијатрите го забрануваат ова чудо но да признаеме без него не се можи,јас двете дечина сум ги седнувала машкото од 6,5 месеци,а девојчето од 8 кога ортопедот ке ми кажеше дека колкчината се доволно развиени и почекував уште месец дена и одна во дубакот.Па фала богу супер,сега не можам да ги застанам трчаат,урлаат- деца.
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    многу велат дубак никако ама јас неможам да најдам некоја причина зошто не!!
    можи да ми кажи некој зошто мислите дека е штетно бебињата да се ставаат во дубак???
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.104
    Пол:
    Женски

    стефи , па не го препорачуваат заради неправилното зајакнување на карлицата . Сега колку е точно незнам. Моите мене и брат ми не ставале во дубак па ете , ништо не ни е сега
    А мене пак педијатарот ми рече никако да не ја ставам ќерка ми во дубак. И малку се помачив она уште од 9-ти месец стоеше и одеше околу мебелот држејки се и јас по цел ден позади неа одев ја придржував и прооде само што наполни 1 година , на 12 месец и 1 недела :) А тебе педијатарот што ти рече?
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    синчето мое е уште мало 6 месеци за седење и за на нозе педијатарот ни дозволи е сега ке одам за колкцињата за 2 дена ќе прашам и таму.имав пишано и порано ако моши да седат и стојат незнам зошто го забрануваат дубакот чудно ми е
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.458
    Пол:
    Женски
    Во дубакот детето стои, а не седи. Инаку, гледам дека не ги читате претходните мислења, во нив е убаво напишано што мислат ортопедите и педијатрите за дубакот, зошто е опасен, а зошто корисен.
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    имам се прочитано ти грешно ме разбра.
    јас велам кога е дозволено бебето да го оставаш да седи (мене ми го дозволија) и кога ти дозволват да го оставаш на нозе (ми рекоја колку што моши и колку што сака да го оставам не е штетно) е заради овие причини не гледам зошто е штетен дубакот ко во него се исправени децата и ако не допира воопшто наземја не е слично како враце???
    јас до сега го немам ставено син ми во дубак ама планирам и покрај се што прочитав и нема да го тупнам во дубак и да го заборам таму како што прочитав сега. демек ќе го остајш и ќе си бркаш цел ден друга работа па нема да му обрниш внимание!!!!!!!!!!
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.458
    Пол:
    Женски
    Од статичен дубак нема штета. Само нозете не треба да висат во воздух, детето треба да ја допира подлогата со цело стапало, што значи дека дубакот ќе го прилагодиш на висината на детето. Сигурно нема цел ден да го оставиш, самото нема да ти дозволи и да сакаш. Опасноста кај дубакот е кога ќе му ставиш тркалца, ако дома имате нерамни површини, прагчиња и слично, на кои што дубакот може да запне и да се преврти.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да се појасниме :D Значи постојат статичен (фиксен) дубак и подвижен (со тркалца).Првиот дубак не пречи во развојот ,додека за вториот се смета дека ги оптеретува колкчињата и во некој процент може да доведе до некоја деформација. Статичниот дубак педијатрите го одобруваат ,но користењето во текот на еден ден да не биде поголемо од 1час.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.